Македонска берза

Член од
19 октомври 2012
Мислења
317
Поени од реакции
277
Следната година ке има тројна девиденда без гајле
Не мора да значи дека ќе се чека до следната година. Инаку определениот износ за акумулирана добивка 1.022.311.017,00 МКД точно излегува 1197 ден по акција, и истите не се ограничени за распределба на акционерите. Убава денда ќе има кога ќе помине привремената одлука на НБРМ
 
Член од
10 април 2013
Мислења
1.118
Поени од реакции
714

Taa suma od 1197den. e za 2020, plus okolu 1800den.za 2019.
 
Член од
2 мај 2020
Мислења
106
Поени од реакции
164
По ПКБ кој минатата година, во време на корона криза, покажа општествено одговорно однесување одржувајќи го Годишното собрание на отврорено, денес прочитавме за уште еден позитивен пример: АДИН собранието закажано за 28.04.2021 година ќе го одржи на отворено! Браво! Да се надеваме дека што повеќе акционерски друштва ќе го следат нивниот пример.
 
Член од
17 октомври 2017
Мислења
855
Поени од реакции
1.471
За ТНБ, да не ве цитирам тројцата оптимисти/долгорочни инвеститори:

Не знам како да ви кажам, ама банката на сите добивки има пад на адекватноста на капиталот. Од 16.4 на 15.7%. Што значи само едно: дека е зголемен ризикот на кредитното портфолио.

Сакам да кажам, можно е, дури многу веројатно, дека ќе има големи резервации, па и отписи, што ќе ја намали профитабилноста во тековната и следната година. Со други зборови, тие добивки што ги планирате е можно да не бидат расположиви за исплата.

И кога збориме за валуации, ако банката исплати дивиденда еднаш во три години, јас тоа би го поделил со три за да добијам годишен приход. Логично така?

Моја препорака: Селл
 
Буби, знаеш дека адекватноста на капиталот паѓа при зголемување на кредитното портфолио. Значи банката при секое давање на нов кредит, ја зголемува ризичноста, а со тоа и адекватноста паѓа. Затоа не целата добивка се наменува за дивиденди. Затоа има дел што се распределува како ограничен за акционерите.

Профитабилноста е падната не толку поради отписи, колку поради намалените каматни стапки.

За третото си 100% во право, една дивиденда на три години треба да се подели на три, за да добиеш годишен приход.

Моја препорака не е селл, јас би се држел до холд, барем до крај на годинава да се види како ќе се одвиваат работите. Очигледна е намерата на Словенците да повлечат пари, само е прашање на време кога ќе има дивиденда.
 
Член од
12 март 2009
Мислења
20.302
Поени од реакции
16.454
што мислите, ќе има ли некој посериозни таласања на берза на светско ниво ??

SUESKI KANAL JE BLOKIRAN I TKO ZNA KOLIKO DUGO ĆE JOŠ BITI - je li vrijeme za alternativu? Sjevernomorski put kroz ruski Arktik se nudi
...цената на нафтата ??

Тajvansko ministarstvo obrane objavilo je kako je Kina izvela masivni upad zrakoplovima u njihov zračni prostor. Navode kako je u upadu, najvećem do sad, sudjelovalo 20 zrakoplova, a prisutni su bili i bombarderi s nuklearnim kapacitetima.

ова веќе не е санкции и бркање амбасадори, на Тајван се носат ракети со голем дострел, нешто како кризата околу Куба и блокадата, а која ја разрешија Кенеди и Хрушчов...
очигледно е дека Бајденправи глупости, но која ќе бида границата ??

Тука е и притисокот за стопирање на Северен ток кој е 90% завршен, а и национализанија на кинески капитал, а која ја изведе Украина, на потег е Кина... Кина нема можност да и направи реципроцитет на мочана Украина, ама може на цела ЕУ ( која ја подржува Украина) да и удри блокада на испорака на чипови за автоиндустрија
 
Член од
30 март 2018
Мислења
1.459
Поени од реакции
1.886
Јас повеќепати го напишав своето мислење дека за 25 години берзата во државичево направила поголема општествена штета отколку корист, ама директорот што секој месец лапа 4.000 евра плата од неа, нормално дека има различно мислење:

Интересно како на 29.3.2021, самата берза сѐ уште нема издадено ревидиран финансиски извештај за 2020. година! :shok2: Да имаше некаков способен директор, ревидиран ќе имаше излезено уште на 15. јануари, па така ќе даваше пример за сите други котирани компании и ќе имаше кредибилитет да им јаде го.на кога нема навремено да доставуваат податоци. Вака веројатно сами себе треба да си изрекнат казна поради нетранспарентност.

Мене навистина не ми е јасно што работи човеков за да заслужи плата од 4.000 евра. Веќе пишував дека нема скоро никакви елементарни статистички информации за тргувањето коишто за еден ден може да се воспостават да се пресметуваат и да се направат достапни за јавноста. Во време на бесплатно глобално тргување со илјадници инструменти преку Робинхуд, овдека нема елементарно поврзување на берза, депозитар, брокери и банка, па да може самостојно да се остават налози без потврда од брокер!

Не знам за ниедна нова компанија што котирала на берзата без сила на законот, ниту пак прибирање нов капитал заради развој. Па сиво магаре да беше директор, за 25 години ќе прелажеше барем еден газда да ја котира компанијата на берза! Вака само со бескорисни конференции и регионални вмрежувања го тресат автобусот да изгледа како да се движи, а нема никакви вкрстени регионални инвестиции туку се само залудно потрошени парите. Како побогу му поминува осумчасовното работно време 25 години??

Нормално, за сѐ ова е одговорна рајата што ова го толерира мислејќи дека вака е предодредено и засекогаш мора исто да остане, наместо многу лесно да го смени системот и луѓето што ја довеле да стане трета најсиромашна и прва најкорумпирана држава во Европа!
 
Член од
10 декември 2008
Мислења
1.311
Поени од реакции
2.373
Не знам зошто патиш толку колку плата некој земал, ко синкир ти го плаќаш. Колку што знам Македонска Берза е АД, и ако акционерите решиле токлу да го плаќаат, тоа е нивни проблем. Инаку и мене Штериев не ми е некоја омилена фаца.

Но да се фокусираме на важните поенти:

Задоцни ли берзата кај нас?

Во тие пет-шест години, од создавањето на првите акционерски друштва во тогашна сеуште Социјалистичка Република Македонија до формирањето на Македонската берза во 1996 година, преносот на сопственоста на акциите или не е дозволен (во првата фаза на постоење на т.н. интерни акции) или се одвива нетранспарентно и децентрализирано, преку билатерални договори и индосамент. Тоа е период кога фокусот е примарно на спроведување на приватизацијата и менување на економскиот поредок. Акциите се нус производи од тој процес. Практичниот фокус не е толку во преносот на сопственоста на акциите, односно организација на тргувањето (иако секако има интерес и за тоа во функција на стекнување на поголема сопственост во претпријатијата), туку во контрола на водењето на акционерските книги што се најголема деловна тајна. Посериозни иницијативи за формирање на организирана берза во Македонија нема, ниту кога непосредно пред распадот на Југославија, како што е погоре нотирано, се формираат берзите во другите републики, ниту во првите неколку години од независноста. Искуствата на другите држави во тој период се дека како основачи на берзите на хартии од вредност на почетокот на транзицијата најчесто се јавувале или државата (во некаква форма) или финансиските институции (спонтано или повторно поттикнати од државата). Во некои транзициски држави, во иницијалното нерегулирано окружување никнувале и повеќе од една берза, при што како основачи се јавувале различни субјекти, вклучително и физички лица (таков, е на пример, случајот со соседна Бугарија каде сето тоа на почетокот на деведесеттите одело многу стихијно). Во Македонија, според наши сознанија, во првите неколку години од деведесеттите приватна иницијатива за формирање берза не постои, а државните институции се преокупирани со други политички и економски приоритети и формирање на берза не е на нивната агенда. Гласност за потребата од формирање на берза како нужна институција во една пазарната економија и како место за организирано тргување со акциите што се креираат преку приватизацијата, најмногу доаѓа од Агенцијата за приватизација, односно нејзиниот претходник Фондот за развој.

Ова е најважиот пасос. Се правеше приватизација на компаниите од 1990, а првото почетно ѕвоно на берзата беше 13 септември 1995 година. Значи едно 5-6 години вработените, ако сакаа да ги продадат акциите, мораа да ги продадат на директорите. Поради оваа причина се појави таа Олигархија и поради оваа причина се уште имаме корпоративно управување и корпоративна култура од пред минати векови.

Сигурно Слободан мисли дека со вакви незаконски одлуки ќе не натера да му ги продадеме акциите, слично како што со вршење на притисок кон вработените стигнал од 2,9% до денешните над 80%. Ама очигледно се заебал. Нити може некој позначаен притисок да прави кон нас, а за разлика од вработените во време на транзицијата ние многу добро ги знаеме правата што ги носат акциите. Сепак да повторам, тоа каснење со креирањето на Берзата како институција, бар според мене е клучната точка на дозволувањето на општествениот грабеж, појавата на Олигарсите, како и нивото на корпоративната култура се до денес.
 
Член од
30 март 2018
Мислења
1.459
Поени од реакции
1.886
За мене е сосема нормално да се интересирам за сѐ околу себе, па така и за Берзата. Само со добро познавање на мааните на системот може да се осмислат начини тој да се подобри. Навистина им се чудам на најголемите банки како држат директор со толкава, за македонски услови огромна плата, а од него да немаат буквално никаква корист и активност. Човекот годишно зема годишно плата колку што е половина од профитот на фирмата, исто како да е негова сопствена :popce:

Јас да сум на нивно место би го сменил веднаш и би си поставил бескорисна марионета за петпати пониска плата. Стварно не ми е јасно како му поминува работното време без апсолутно со ништо да придонесе за компанијата...
 
|Volkswagen|

Тастатурата е посилна од мечот!
Член од
21 јули 2009
Мислења
2.734
Поени од реакции
904
Отидов на S&P 500 денес официјално преку Комерцијална.

Процедурата е едноставна. Ќе ставам тука некој ако сака да инвестира таму.

1) За да инвестирате на S&P500 мора да одите преку соодветни брокерски куќи. Не можете директно да инвестирате на S&P500.
Јас лично избрав Vanguard, од се она што прочитав. Имате и други кои исто се добри.
2) Стапувате во контакт со брокер од Комерцијална и ви спремаат листа на документи што треба да ги пратите. Скен лична карта, документи потпишување и сл. Сето ова можете да го направите од дома.
3) Парите се префрлуваат на одредена сметка која си ја има банката за инвестирање во странство. Се плаќа скапичка провизија од отприлика 100 долари по трансакција (ова важи значи за сите акции). Значи ставате 100 долари плус од тоа што си пресметувате. Да знам, е скапо ама другите алтернативи како IBKR не ми се проверени.
4) Има една табела ја пополнувате го пишувате ISIN и ticker симболот, количина и максимална цена во долари.
5) Ви потврдуваат и ви враќаат уште еден документ да потпишете и завршивте работа.
6) Ви испраќаат email со цената со која се купени. Честито :)

Е сега да се вратам на првата точка за Vanguard.

Како што реков имате повеќе како на пример Fidelity, Schwab, SPDR итн.

Vanguard имаат некој манипулативен трошок од 0,03% годишно (3 долари на секои 10000 долари).
Fidelity немаат да речеме. FIdelity се трудат да ги намалат сите трошоци и да станат популарни со помладите генерации. Официлано не се S&P500 колку што знам (т.е не смеат да си пишуваат S&P500 во името оти за тоа се плаќа) ама малтене само името е такво.

Сепак, некако сите го препорачуваат Vanguard. Пак ќе кажам направете си research и одберете си.

Е сега кога сме кај акциите имате во основа да бирате ETF и Index.

Кај Vanguard имате VOO и VTI (или VTIAX).

*VOO така е името на акцијата како кај нас да речеме KMB, ALK - т.е ticker symbol. Повеќето го знаете ова ама има некои што нема да знаат. Со тикерот си ги гледате акциите на Google пример "VOO stock price".

Едноставно објаснување без многу разглобување:
Разликата кај Vanguard е што VOO инвестира во топ 500 (509) компании во Америка, VTI e 3669 (509 се вклучени во овие) т.е ви дава поголема дизерфикација.

Другата разлика е што VOO е класична акција (можете да купите/продадете во секој момент), VTI се чека крај на ден.

Разликата во приносите одат во дел од процентот подобро кај VOO, ама мал дел.

Ако веќе одите на VTI повеќе се исплаќа VTIAX, ама таму има минимална инвестиција од 3000 долари (некои мали бенеифиции плус - како автоматизирано инвестирање и сл.) првиот пат. После можете колку сакате на секоја трансакција.

Дивидендите (dividend yield) се движат околу 1.5% на годишно ниво.

Ако ви треба друга информација, пишете.
 
Последно уредено:

Па тебе треба да те вработат во тоа Комерцијална брокер колку ги испрезентира :pos: Какви им се провизиите во споредба со другите брокерски куќи, а особено со бесплатните брокераи како Интерактив?
 
|Volkswagen|

Тастатурата е посилна од мечот!
Член од
21 јули 2009
Мислења
2.734
Поени од реакции
904
Па не знам искрено за другите банки, ама не ми се верува да е нешто поефтино.

Interactive Brokers не би требало да има некаква провизија од тоа што ми кажуваат. Отворив сметка таму само немам префрлено пари.

Неколку луѓе пробаа, па нашиве банки не им прифаќале нешто. Некои успеале преку НЛБ да префрлат и некако искрено не ми се замара да одам по шалтери. Не сум daily trader.
 
Член од
22 февруари 2019
Мислења
318
Поени од реакции
309
Директорот на МСЕ е предолго на функцијата за да може да очекуваме да воведува новини. Ако бил таков тип кој сака да иновира, да се залага за транспарентност и заштита на мали акционери, итн. можел тоа да го направи и досега. Очекувања би имал само од друг на неговото место или евентуално ако Загребска Берза реши дополнително да го зголеми уделот на МСЕ.
 
Toma

Корона стронг
Член од
22 април 2014
Мислења
4.175
Поени од реакции
3.422
Директорот на МСЕ е предолго на функцијата за да може да очекуваме да воведува новини. Ако бил таков тип кој сака да иновира, да се залага за транспарентност и заштита на мали акционери, итн. можел тоа да го направи и досега. Очекувања би имал само од друг на неговото место или евентуално ако Загребска Берза реши дополнително да го зголеми уделот на МСЕ.
Не може никој да има повеќе од 10% (или 15% беше), а ако некој купи повеќе има рок да го продаде делот над тоа, одамна читав за тоа ама отприлика така беше, тоа е направено со цел да нема преголема моќ во еден акционер.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom