- Член од
- 11 јули 2017
- Мислења
- 310
- Поени од реакции
- 490
Берзата не е поврзана директно со перформансите на економијата туку со моменталната ликвидност на пазарот.Иако е малку надвор од темата би сакал да слушнам ваше размислување во врска со растот на цената на акциите.
Иако светот се соочува со економска криза (голем дел од државите се во рецесија), цените на акциите на глобално ниво по првичниот пад, се вратија (некои и надминаа) на вредностите пред Ковид кризата.
Логиката на економските циклуси, укажуваше дека каде и да е ќе се случи рецесија и ќе забави економијата (што и се случи).
Но во секоја економска криза цените на акциите паѓаат, ова беше навистина кратко.
Дали значи дека во наредните години (по претпоставка дека економиите почнуваат да заздравуваат) ќе очекуваме само раст на цените на акциите?
Американците иштампаа над 2 трилиони долари минатата година или над 20% од вкупниот оптек на долари во светот. Додади ги на тоа новите 2 трилиони што ги најавува Бајден, додади на тоа уште минимум 10 трилиони што ги иштампаа ЕУ, Кина, Јапан и остали и ќе дојдеш до фрапантни податоци дека лани се пуштени во оптек нови 10-15 трилиони долари во светот.
Овие пари мора да завршат некаде, а во свет во кој моментално обврзниците, штедните влогови и депозитите носат принос близок до 0% истите е нормално да завршат во ассети кои се не инфлаторски како метали, хартии од вредност, биткоин. Јас овој тренд не очекувам набрзо да се смени поготово ако не се смени светскава политика да ги решаваме проблемите со принтање на огромни количини на нови пари.
п.с. Ова воопшто не е чудно и веќе има примери низ историја каде што се случувале вакви работи.
На пример во Венецуела за време на некотролираното принтање на пари и крах на економијата берзата растела со молскавична брзина.