- Член од
- 5 јуни 2015
- Мислења
- 696
- Поени од реакции
- 445
Со ставањето на Кочо Анѓушев за министер во владата, го имаме првиот знак дека безрбетништвото во бизнисот ќе продолжи, тоа е одвратно.
Тевдовски доколку ги заузда јавните трошења само на реални и функционални потреби на државата, ќе има доволно пари за се, особено за надополнување на булата во ПИОМ која ја создаде ЖМРО со покачувањето (купувањето) на пензионерите со константното покачување на пензиите како и за постепено намалување на јавниот долг. Мислам дека рецептот за јавниот долг ќе биде да остане на исто ниво во апсолутни бројки со што ќе се намалува како процент од БДП кој секоја година расте
Многу јасно е дека за бизнисот и натаму ќе биде тежок период.
И многумина што ширеа бош муабети дека новата власт ќе ја намали администрацијата и ќе отпуштале вработени од администрација, и од тоа нема да има ништо. Ќе се стават многу јавни организации да работат по 2 смени до 19 или 20 часот, и само ќе се дополнително зголеми бројот на администрација, за да можат и овие новите од власт да вработат свои во администрација.
Овие што се веќе вработени во администрација нема да бидат отпуштени, имаат договори за вработување, и можат да си покренат во суд процеси, и замисли колку процеси би имало во судови, би било натрупано судството со такви процеси.
А големо чудо што пример ќе работи некој до 20 часот.