Пад на фјучерсите за утрешното отворање на берзите за цирка 5%. Значи ова ќе потрае, и има уште слободен пад, ќе видиме како од рано утро ќе се одрази на мсе.
Како и што напиша порано , МСЕ малку подоцна реагира на светските трендови , друго пишувавме пред 2 -3 недели во чекори што ќе се случува , сега е чекор т.н. халфовање на се и сешто . Тука да истакнам мои искуства. Прво НАЈЛОШ ЧЕКОР е паника , разочарување , импулсивност и продажба на НИСКИ ЦЕНИ ! Значи СТРПЛИВОСТ , СМИРЕНИЕ , шетање во природа , болење к...ц за све , посветување на хоби и ѕиркање ( да не го заборавиме слово ѕ ) на ИНДЕКСИ барем 2 пати на ден , на отворање и на затворање на берзи. Следен чекор е АНАЛИЗИ , читање на ФИНАНСИСКИ ИЗВЕШТАИ , кој кога дава дивиденди , во светот квартално се дава дивиденди во повеќето . Втор НАЈЛОШ чекор е после некој НЕУСПЕХ да се ОТКАЖЕТЕ од инвестирање. ОТКАЖУВАЊЕ и РАЗОЧАРУВАЊЕ никако. Никој од прва НЕ положил за возило , ретко која жена се погаѓа од прва , така и тука. Увек има СЛЕДЕЌА ( се мисли на акција де ) !

Значи наше занимање е приватен инвеститор , а сите сме си се надевам финансиски независни !
Тема која сакам да ја покренам некое време е
КОЕ Е ДНОТО кое би го достигнале акциите кои котираат на МСЕ ? ако е почната РЕЦЕСИЈА и ако кризата потрае некое време. Оваа КРИЗА според мене НЕ МОЖЕ да се спореди со други КРИЗИ , зошто времето во кое живееме е некој ФАЛШ КАПИТАЛИЗАМ каде успешноста на поединец или фирма зависи од ПОЛИТИЧКИТЕ ВРСКИ КОИ ГИ ПОСЕДУВА. За КОРУПЦИЈА НЕ САКАМ ДА ПИШУВАМ зошто по природа секогаш сум ПОЗИТИВЕН и ОПТИМИСТ , ама разочаран сум од популацијата на нашата планета. Насекаде преваранти , лигуши , измамници , шљам , камењари , копуци , многу неписмени , наивни ,( не се учи ОД КНИГИ туку од јутуб ) , ова све важи и за функционерите кои се многу АЛЧНИ и од кои на прсти на една рака дали има ЧЕСНИ да ги наброиш !
Сакам уште малку значај да дадам на КРИЗАТА. Многу е СЕРИОЗНО и наликува на доцните 30ти и пред почетокот на Втората Светска Војна! Светот стана мултиполарен , а Светските Сили ја преструктуираат ЕКОНОМИЈАТА и се повеќе се насочуваат во развивање на ВОЕНАТА и ТЕШКАТА ИНДУСТРИЈА , секако и ЕНЕРГЕТИКАТА. НИЕ за СРЕЌА не сме и НЕ МОЖЕМЕ да сме засегнати , поминала МАКЕДОНИЈА све и некако наместени се работите КРИЗАТА барем овој пат да не заобиколи или да биде КОНТРОЛИРАНА. Скрај подалеку пу пу пу. Нека му мислат , Канада , Панама , Украина , Појас Газа , Иран , Сирија , Тајван , Јужна Кореа , Гренланд ќе го заборавев и други. Нашите акции НЕ МОЖЕ НИШТО да ги засегне па ни тарифите од Трамп зошто Алкалоид има регистрирано фирми по сите држави , па од каде е најисплатливо од таму ќе праќа чаеви за САД. Значи само опуштено , многу АНАЛИЗИ , споделувајте ИСКУСТВА , а никако ШПЕКУЛАЦИИ, бидете на сигурно и само храбро ич да не ви чуе. Секој НЕМА ПРИВИЛЕГИЈА да ИНВЕСТИРА . Дали можат луѓето од први до први да поминат , затоа НИЕ приватните инвеститори сме ПОСЕБНИ !
p.s. TNB ќе објави материјали за Собрание после 21ви април , KMB ќе дели дивиденда после 7ми мај , ALK по 14ти мај итн , итн. Овој месец треба да сумираат и за прв квартал податоци компаниите ...