Точно за акционерите на краток рок, ако тоа ти е најбитно ( дивиденда), е намалена процентуално, но зошто? Ја повлекува сумата од цирка 2 милјарди нето, не ги распределува краткорочно туку ги задржува за интерна капитализација, со што прави дисперзија со огромниот профит од оваа година да има покритие и јака база за следната во која очекува 5% помал профит. Ова е најдомаќинскиот потег на долг рок, кој во реалниот живот секој од нас совесен го спроведува ( како за пасивен приход дома, нешто ќе се потроши, нешто ќе се остави за идната годината ) А се остава на страна од годината во која си најјак, логично. Е, сега тука калкулацијата за секого е различна, кој игра на кратко или дивидендата му е некаков приход од кој зависи, него банката ќе го изгуби, но оние на подолг рок кои ги разбираат ваквите потези на акумулација на капиталот и нивните предности ќе си тераат задоволно. Инаку ~ 90 милион бруто заработка за една година, е безмалку колку што и прогнозиравме, за следната ќе видиме би требало од 72 до 75 м нето.