Имаше една друга фирма која многу зависеше од придружена компанија и нејзините дивиденди. ЗПКО со СБТ. И еден ден кога СБТ падна во потешкотии ЗПКО отиде јабана.
Баш да видам купец кој ќе плати 1,5 од бук за банка како ТТК. Дај не си играјте бајрам.
ТЕТЕ има за продавање недвижности, ама баш и сите да ги продаде книговодствено, тоа се 3 дивиденди макс. Башка не може да ги продаде сите, пошто добри 150 М или повеќе седат изнајмени, а од нив влагаат 30 М наемнина. Значи неизводливо.
Точно ќе се намалат трошоци од вработени од некои 100 М, но тие генерираа некоја вредност, оперативна продажба им беше 160 М задна година, удри струја вода заштедата тука ќе биде минимална.
Административните трошоци им се огромни, 86М, и не гледам апетит тие да се намалат, мора менаџментот да се награди за “успешното” работење.
Залихите им се огромни, 410 М по обезвреднување, ако тоа вреди бар половина еве тука сум најтенок
Значи да сум тука акционер, прво и основно е со што ќе се занимава фирмата? И како ќе генерира профит независно од придружните друштва?
Голема штета е што наместо делење дивиденди не се инвестира во некои машини технологија што ќе зголемеше продуктивност и ќе намалеше производни трошоци. Ама тоа е СФ за посткомунистички директори.
Ако више валуираме, само книговодствено бук минус гореспоменатите дубиози. Кеш флоу е крајно неизвесен. Собери одземи, ова е тука негде. Холд накај Селл