Мене всушност ми пречи недостатокот на деловна емоционална интелигенција и потценување на другата страна во зделките. Зошто НБГ би ги конвертирала приоритетните и би подарила десетина милиони евра на нивните сопственици ако законски нема за тоа никаква обврска?? Зошто НБГ би се откажала од еден таков инструмент којшто асиметрично е толку во нејзина полза: практично функционираат како субординиран долг и гарантен капитал, а го плаќаат за едногодишна каматна стапка + 1%?? Потценувачки е да се размислува дека некој е толку глупав да прифати конверзија нанесувајќи си себеси толкава штета.
Што збориш? Деловна емоционална интелигенција сум немал! Бре сите станале аматери психоаналитичари. Обожаватели на Фрч и Ордан брбљало
Ајед бе кажи ондак, деловно емоционално интелигентен еден на мајка:
Зошто банките делат дивиденда кога законски немаат таква обврска?
Зошто плаќаат ануитети на обврзниците кога законски немаат таква обврска?
Зошто комуницираат со инвеститорите кога законски немаат таква обврска?
Зошто плаќаат камати на депозитите кога законски немаат таква обврска (да да)?
Понатаму
Како банката ќе се докапитализира преку издавање нови акции (ОХБ) или обврзници (УНИ) без согласност на сите родови акции?
Зошто сите банки, освен една, извршија конверзија или откуп на приоритетните акции?
Многу си ми Грими со главата во облаци. Де спушти се малку, изгледа ти снемува кислород
Јас до сега ЕДНА акција не сум промашил, ЕДНА. Ко за деловно емоционално неинтелигентен не ми оди така лошо. И све си мислам, ни СТБП нема да биде промашај.