До Волшебникот: супер фала за оптимизмот, ама има ли нешто поконкретно? И што ќе ја движи капиталната? Освен дивиденда и превземање на трето не ми текнува
Не сум Волшебник
, но да се надоврзам на неговиот муабет..
Пред некој ден наидов на снимени вести од 2007-ма година (сум снимал ТВ емисија, не сум исклучил на време па во снимениот материјал и вести
)
Грујо, 11 години помлад
, изминува 1 година од мандатот, првите 3 вести ЕУ препораки, ау, меЏународна, слично како денес...btw, знаеме што имаше 2007 на МСЕ
2018 год.
Заев му истекува 1 година од владеењето. Посети на "високи меЏународни лица". Миленик на Западот, или омилена будала, небитно..
Типов, по договорот со Бугарија и двојазичноста, по "непресметливоста" со која зрачи цела година од мандатот, мислам дека Името, Презимето, Јазик, Нација, се што треба ќе се смени и дека конечно ќе не убутаат на сила во НАТО (за ЕУ "мање-више" "отом-потом").
На страна што јас мислам за промената на името (и сите други работи што ќе одат со тоа), плус не е ни место за Политика на темава...
(плус се слагам со напишаното на Бошко007 во поглед на долгорочните импликации и искуството со Хрватска и Албанија..)
но краткорочно..
Мислам дека ќе има еуфорија на МСЕ, и дека ова до сега беше ништо...
Фирми како АЛК и слични би иделе и до 2 па и x3 пати од букот а ќори и сакати фирми би ја достигале книговодствената вредност.
Тоа е мое скромно мислење, нека остане запишано..
Едноставно, сите настани, зголемување на парламентарно мнозинство, пасивна опозиција со "реформистите" внатре + ќе тепаат нови 11 години на основ СДС ГО СМЕНИ ИМЕТО, што им одговара, водат кон тоа дека за време на "КАМИКАЗАТА" ќе бидеме убутани во НАТО и
ни претстојат "жешки" месеци на МСЕ.
Памет во глава, да извлечеме поуки од 2007-ма, не е само мајсторство кога да се влезе на МСЕ, туку и кога да се излезе