Македонска берза

Член од
28 март 2007
Мислења
207
Поени од реакции
100
[DOUBLEPOST=1481817438][/DOUBLEPOST]
36 милиони промет кај Стопанска, интересно.
40000 акции на STB во еден трансфер.. баш би сакал да знам кој продаде а кој купи..

денес беше собранието на акционери.. не бев, ама официјално е изгласана одлуката за 159ден бруто дивиденда за 2014 и 2015 год.. а неофицијална информација е дека и цела добивка од 2016 ке оди во дивиденда..

http://www.seinet.com.mk/Default.aspx?lang=MK&docID=40189

беше некој на собрание да каже нешто повеке?
 
Последно уредено:
Член од
5 април 2012
Мислења
8.151
Поени од реакции
8.946
Ништо од промената на статусот на приоритетите во обични акции.
 
Член од
4 септември 2013
Мислења
79
Поени од реакции
27
Ништо од промената на статусот на приоритетите во обични акции.
Ќе дадат ли барем дивиденда од 12 денара по акција како лани? - Не најдов никаква информација за тоа од собранието.
 
Член од
5 април 2012
Мислења
8.151
Поени од реакции
8.946
Ќе дадат ли барем дивиденда од 12 денара по акција како лани? - Не најдов никаква информација за тоа од собранието.
Па веројатно ќе си земат одредена сума која што ќе се распредели од добивката за 2016та година, бидејќи тие веќе имаат земено дивиденда за претходните две години.
 
Член од
4 септември 2013
Мислења
79
Поени од реакции
27
ako misliš na prioritetni, prvo na niv sleduva po zakon dividenda
На нив мислев, да. ОК тоа дека следува, ама колку? - Ако пресметуваат како досега би требало да биде околу 11 денара бруто по акција, ама не можев да најдам одлука.
 
Член од
16 мај 2014
Мислења
462
Поени од реакции
370
Mislam deka nema nisto sega da isplatat za prioritetnite bidejki tie veke imaat zemeno prethodno, a i ako se pogledne vkupnata suma za dividenda predvidena nema nikade lufta za niv tocno e masata pari ko ke se podeli so broj na obicni e 159 den. Znaci nemaat predvideno dopolnitelni sredstva za prioritetnite, ako nekoj ima poinakva informacija neka napise.
 
Член од
12 март 2009
Мислења
20.289
Поени од реакции
16.443
На нив мислев, да. ОК тоа дека следува, ама колку? - Ако пресметуваат како досега би требало да биде околу 11 денара бруто по акција, ама не можев да најдам одлука.
мислам дека беше по закон минимум 2% од вредноста... па на времето ПИОМ купуваше приоритетни акции...Но обврската беше сврзана со добивка... а имав и јас и СТБП ама ,до 2010 мислам, тогаш не даваше СТБ никаква денда...
 
Член од
4 септември 2013
Мислења
79
Поени од реакции
27
мислам дека беше по закон минимум 2% од вредноста... па на времето ПИОМ купуваше приоритетни акции...Но обврската беше сврзана со добивка... а имав и јас и СТБП ама ,до 2010 мислам, тогаш не даваше СТБ никаква денда...
Да бидеме прецизни, еве извадок од ланската одлука:
„Согласно понапред цитираните Одлуки за издавање на акции,
дивидендата по приоритетни акции се утврдува во висина на каматата на
средствата (штедните влогови) на население орочени на 1 (една) година,
зголемена за соодветниот процентен поен кој се утврдува со Одлуката за
каматни стапки на СБ донесена од Комисијата за управување со активата и
пасивата на СБ. Од март 2006 година, наведенета каматна стапка се утврдува на
1 процентен поен. Истиот начин на пресметка на дивиденда беше применет и
во текот на 2015 година.“
 
Член од
10 април 2013
Мислења
1.118
Поени од реакции
714
Некој денес истури околу 2400 акции на ОХБ, кој ли беше не знам ама знам дека јас денес докупив на 3500ден.и оваа ми се чини прилично ефтино за докупување.(y)
 
Член од
5 април 2012
Мислења
8.151
Поени од реакции
8.946
Ноќта на ножеви се префрли на берзата
 
Член од
28 март 2007
Мислења
207
Поени од реакции
100
Стопанска Банка Скопје веќе има секоја година исплаќано дивиденда за приоритетните.. Ова се бруто износи:
- за 2013год - 20ден
- за 2014год - 16ден
- за 2015год - 12ден

Секако дека ќе следува исплата и за 2016 год, ама мислам дека поголемиот колач ќе го лапнат повторно обичните. Мое лично мислење е дека ќе одат со исплаќање дивиденда в година со скоро цел износ од добивката, што би било мислам нешто околу 140ден бруто за обичните.
 
Член од
5 април 2012
Мислења
8.151
Поени од реакции
8.946
Нема крај за растот на Бетон Штип, за 6м евра се стекнаа со 49 проценти од Здравје Радово.
 
Член од
10 декември 2008
Мислења
1.311
Поени од реакции
2.373
Дечки што мислите како ќе реагираат акциите на Гранит и на Бетон (Скопје) при евентуална промена на власта?

До сега супер им одеше бизнисот, имаат фатено големи тендери, и сигурна работа во наредни 2 години.

Се размислувам дека и при промена на власта за каков и да е позначителен капитален објект бар една од двеве компании ќе мора да е вклучена? Или можеби не?

Или сметате дека новата влада не би имала во фокус нови градежни активности??
 
Y

yob

Гостин
Мене ми е интересно вреднувањето на Здравје Радово од оваа информација.
земи во предвид дека ноефицијално Самсоненко го "продаде "својот удел на Бетон Штип.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom