Македонска берза

Член од
10 декември 2008
Мислења
1.311
Поени од реакции
2.373
Еве на тацна мега кулоарски инсајдер.

КМБ е у преговори за аквизиција на средна банка во земјава.

Детали ручки, аврио :)
Nije valjda Hari da gi kupi Bugarite namesto Bugarite nego? :busi:
Освен УНИ и Про кредит, не гледам некоја логика КМБ да купува друга банка.

Не дека нема на продажба, туку зошто би и биле? Која е идејата да ја купи на пример SBT или Silk Road Bank?
 
Член од
5 април 2012
Мислења
8.151
Поени од реакции
8.946
Како што прочитав СТБ добивката од претходните две години ја стави во капитал (добивка што нема да се распределува на акционерите) така што нема изгледи дека ќе ја исплатат како што очекуваа дел од членовите тука на форумот. Исто така голем дел од добивката за 2022ра отиде за инвестиции (веројатно за новата зграда).
 
Член од
5 април 2012
Мислења
8.151
Поени од реакции
8.946
Освен УНИ и Про кредит, не гледам некоја логика КМБ да купува друга банка.

Не дека нема на продажба, туку зошто би и биле? Која е идејата да ја купи на пример SBT или Silk Road Bank?
Можеби зошто пазарот е многу лимитиран и не можат да растат како што сакаат без да направат аквизиција.
 
Член од
10 декември 2008
Мислења
1.311
Поени од реакции
2.373
Овие работи ги имам пишувано тука, но текстов е наменет за поширока публика:

1682938605152.png

Komercijalna Banka AD има најголем број на акционери (околу 5.700). Интересот за нејзината акција е неспоредливо највисок па е согласно тоа и најликвидна. Нето добивката на крајот од 2022 беше добра но пониска од очекувањата на инвеститорите. Тоа резултираше со нешто пониска дивиденда од претходната година. Дали фантастичните резултати во првиот квартал од 2023 година ќе бидат доволни цената на акцијата да достигне нов врв и да се искачи над 13.000 денари? Дали ако основната каматна стапка на Народната банка остане висока во текот на годината, може да се очекуваат уште вакви изненадувачки добри кварали? Од друга страна пак, дали акционерите на KMB знаат за релативната преценетост на акцијата во однос на сите други акции од банкарскиот сектор?

Stopanska banka AD - Skopje континуирано успева да оствари одлични нето добивки, но исто така, веќе неколку години не исплаќа дивиденди иако ги наменува добивките да се достапни за нивните 1.400 акционери. Дали вие како акционери на оваа банка имате долгорочен инвестициски хоризонт? Дали знаете за ризикот од сѐ уште непотпишаниот договор за одбегнување на двојно оданочување со Грција? Дали сте информирани за ризикот од потенцијалното разводнување на обичните акции ако на каков било начин се реши проблемот со приоритетните акции од оваа банка?

Акцијата на NLB Banka Skopje изгледа релативно најатрактивна во споредба со акциите на големите банки. По исплатената ниска дивиденда претходната година, раководството на Банката позитивно ги изненади своите над 1.000 акционери и исплати 85% од остварената добивка од 2022 година во форма на дивиденда. Дали оваа одлука ќе биде доволна акцијата да достигне нов врв и да се искачи над 30.000 денари? Дали акционерите на TNB се информирани за преценетоста на акцијата во однос на акцијата на мајката банка NLB d.d. која тргува на Љубљанска и Лондонска берза со p/e од 3.2 и p/b од 0.6?

Нето добивката на УНИБанка АД Скопjе за 2022 година беше повисока за 56% во однос на претходната година, додека пак првиот квартал е скоро за неверојатни 200% подобар во однос на 2022 година. Банката за прв пат лани им подели дивиденда на своите 330 акционери, а предложената дивиденда за оваа година е повисока за скоро 30%. Ако знаеме дека акцијата на UNI имаше фантастично рели (раст од над 100%) во изминатиот период, тогаш зошто нејзината акција е сѐ уште релативно потценета во однос на останатите акциите од банкарски сектор? Дали овие фантастични резултати ќе се доволни цената на акцијата да стигне барем до нејзината книговодствена вредност? Дали како акционери на оваа банка ја земате предвид релативната неликвидност на оваа акција во однос на останатите од секторот?

*Лично сум поседувал акции од сите наведени банки во текстот. Во моментот имам акции само од UNI. Овој текст е само мое мислење и во никој случај не треба да се сфати како инвестициски совет.

Последно уредено:
Член од
20 декември 2021
Мислења
204
Поени од реакции
232
Nisto novo,sekojdnevno gi citame ovie podatoci i niz minatoto so reklamiranje na TAT,Eurostandard i poznatata Makedonska banka cetvrta po golemina so 40 ekspozituri se so cel da se dojde do kapitalot na graganite sega nema nisto od niv.Vasko si imas akcii od UNI vo momentov i normalno ke si pravis reklama za UNI i normalno nekoj te plaka za da reklamiras i normalno toa si e tvoe mislenje po moe mislenje ;)
 
Некоја од овие 4те банки ги споредуваш со Тат, Еуростандард и Македонска банка?

Уште погоре не ми одговори тоа што те прашував, не верувам ни дека за ова ќе ми одговориш.

Никој не ме плаќа, ова сам си го пишам, колку и да ти е тешко тебе тоа да го сфатиш.

П.С. Дали има нешто во ова што го имам напишано да не е точно?
 
Последно уредено:
Член од
20 декември 2021
Мислења
204
Поени од реакции
232
Некоја од овие 4те банки ги споредуваш со Тат, Еуростандард и Македонска банка?

Уште погоре не ми одговори тоа што те прашував, не верувам ни дека за ова ќе ми одговориш.

Никој не ме плаќа, ова сам си го пишам, колку и да ти е тешко тебе тоа да го сфатиш.

П.С. Дали има нешто во ова што го имам напишано да не е точно?
Ne vo smisla deka gi sporeduvam, no odredeni cekori UNI sto gi pravi kako primer megu prvite od malkute ripna so kamatna stapka od 3,5% mi asocirase na gorespomenative propadnati banki a samiov tekst poveke nalikuva na reklama potocno za UNI.Oti ne mozeme da se razberime deka cela smisla na vozdrzanosta na akcionerite kon UNI e poradi rezultati ugore-udolu,minatoto-istorijata na sopstvenicite,nasilen rast so na prsti izbroeni akcii i da ne nabrojuvam ednostavno dzabe reklama koga postoi strav - nesigurnost, pa koj saka brzi pari neka ucestvuva vo trkaloto na srekata, Jas ne fala!
 
Член од
12 јули 2017
Мислења
109
Поени од реакции
100
Ova sto go kazuvas “rezultati ugore-udolu,minatoto-istorijata na sopstvenicite,nasilen rast” go ima/imase i kaj KMB. Ne deka sporeduvam, UNI ne e KMB ama ne e ni SBT(na primer).
 
Член од
10 декември 2008
Мислења
1.311
Поени од реакции
2.373
Ne vo smisla deka gi sporeduvam, no odredeni cekori UNI sto gi pravi kako primer megu prvite od malkute ripna so kamatna stapka od 3,5% mi asocirase na gorespomenative propadnati banki a samiov tekst poveke nalikuva na reklama potocno za UNI.Oti ne mozeme da se razberime deka cela smisla na vozdrzanosta na akcionerite kon UNI e poradi rezultati ugore-udolu,minatoto-istorijata na sopstvenicite,nasilen rast so na prsti izbroeni akcii i da ne nabrojuvam ednostavno dzabe reklama koga postoi strav - nesigurnost, pa koj saka brzi pari neka ucestvuva vo trkaloto na srekata, Jas ne fala!
Текстот воопшто не е реклама за УНИ. Сето таму напишано е точно. И растот е константен 10 години. Од 70-80 денари добивка во 2015 сега добивката е 625 денари, а годинава ќе е и повисока.

Но во текстот беа сублимирани сите позитивни страни на акциите од банките и најзначајните нивни red flags.

Кревањето на каматната стапка од НБРМ и оди во прилог на КМБ. Тоа што е највисоко вреднувана од банкарските акции е факт.

Факт е дека СТБ не исплатила дивиденда повеќе години. Проблемот со двојното оданочување не е од вчера, но ете тука прочитавме дека имало некои комисии па можи и да се реши. Ова со разводнувањето на акцијата ако приоритетните се конвертираат е нов ризик кој скоро никој не беше свесен до вчера.

Кај НЛБ немам забелешки. Таму како акционер си free rider. Ги имаш сите права што ги има и доминантниот сопственик.

Кај UNI има проблем со ликвидноста. Не можеш да дојдеш со 100.000 евра да купиш или да продадеш акции во случај да сакаш.

И овие работи некој ги знае, некој не ги знае. Поголемиот број на луѓе не ги знаат.

Дај ти нешто напиши, срочи нешто, да видиме со што ќе не просветлиш.
 
Nema jas sto da prosvetluvam koga sekoj treba da si razmisluva so svoja glava.Osetiv nametnuvanje-reklamiranje i izreagirav na nacin kako jas gi gledam sostojbite.Forum e i sekoj razlicno razmisluva.Ja opisuvas TNB i gi prasuvas akcionerite dali se informirani za ova i ona za nejzinata majka kako vo Slovenija kako e arna e sega ke mislime uste za Silikonskata dolina.Prasaj gi malku neka razmisluvaat i sopstvenicive na akcii vo UNI dali se zapoznaeni so aktivnostite na sopstvenicive od UNI za 2021,za 2022,predupredi gi nesto,prosvetli gi kako sto velis,neka razmisluvaat,neka se potat malku i tie ne samo na odredeni po tvoj izbor da im postavuvas prasanja.
 
CecaXYZ

rookie
Член од
26 ноември 2022
Мислења
196
Поени од реакции
87
Здраво на сите
Ми се чини дека во некој пост на форумов видов CandleStick chart за КБ. Ако не грешам во насловот na chart-от стоеше Commercial Bank ad Skopje или слично.
Би замолил за помош/консултација/совет како може да се стигне до тие charts? Можеби треба некаде некоја претплата итн...

Благодарам однапред
 
Член од
30 април 2018
Мислења
258
Поени од реакции
510

Verojatno mislis na ovoj post od @Side Hustler
KMB од денес е oversold!

Неколку конфирмации од технички аспект:

-Акцијата воглавно е во нагорен тренд. Цената е над 150 и 200 Simple moving average. 50 SMA не најавува свиок или надолен тренд и покрај падот на акцијата после 12 април.
- Цената после право за дивиденда е во support зона од конвергирани 150 и 200 МА
- Bollinger band сигнализира оверекстензија далеку после 2ра стандардна девијација шо е грин флег.
- RSI е во оверсолд траекторија.

Од ситуација на терен:
- Прв зелен ден
- Наредна недела излага Q1 23' кој би требало да е добар и кој ќе си ја врати акцијата на ниво пред дивиденда.
- После 4 мај би требало да има волјум пошо ќе се докупуваат акции од исплатените дивиденди.

Прегледај го приврзокот 376074
Poveli link
Po default na marketwatch chartot e line, na "display" smeni candlesticks
 
CecaXYZ

rookie
Член од
26 ноември 2022
Мислења
196
Поени од реакции
87
Verojatno mislis na ovoj post od @Side Hustler

Poveli link
Po default na marketwatch chartot e line, na "display" smeni candlesticks
Да, на тој пост мислев. Незнам како ми омакна да не го најдов пак.
Ти благодарам за инфото. Имај убав ден.
Поздрав
 
Kajgana Shop

На врв Bottom