Македонска берза

Член од
20 декември 2021
Мислења
204
Поени од реакции
232
Interesna ke bide i Makpetrol ako se resi da isplati 3500 i nesto plus dividenda
 
Член од
20 декември 2021
Мислења
204
Поени од реакции
232
Pekabesko ke zakasnel malku so izvestajot,bese steluvan ama uste vo vakvi matni vreminja imalo prostor da se dostelni:mad:
 
Член од
20 јули 2016
Мислења
7.785
Поени од реакции
5.060
Би требало во 2023та да опаднат профитите и дивидендите кај нас се уште не фатила рецесијата. Очекувам лоша 2023 ако не и 2024та после ОК ќе биде.
 
Член од
5 април 2012
Мислења
8.151
Поени од реакции
8.946
Стабилно и предвидливо работење и дивидендна политика на Алкалоид. Едниствената вистинска "блучип" компанија на МСЕ.
 
CecaXYZ

rookie
Член од
26 ноември 2022
Мислења
196
Поени од реакции
87
396ден + кутивче Caffetin или Diazepam по избор
 
Член од
10 декември 2008
Мислења
1.311
Поени од реакции
2.373
Типувам на помалце од 250-260 бруто, а трендот нема да трае долго. УНИ е гума која се пумпа и штом се надува или ќе држи така all season некое време или ќе ја преебе некоја шајка.
Гума што континуирано се пумпа 10 години?
Наместо гума јас би ја нарекол машина за пари. Во 2012 добивката по акција била 62 денари, сега е 625 денари. Ако тогаш се тргувала по 600 денари сега ќе се тргува на 6.000 денари. Да не се заборави дека во 2012 и 2013 година по најавите за нејзино купување од една турска банка и со такви очајни добивки во тоа време се тргуваше на цена од над 3.000 денари.

УниБанка АД Скопје
2015​
2016​
2017​
2018​
2019​
2020​
2021​
2022​
Добивка по акција
150 ден​
262 ден​
444 ден​
492 ден​
464 ден​
685 ден​
400 ден​
625 ден

Прегледај го приврзокот 369633

Точно сине . Само не слушај туку извади си . јавен податок е у ЦД
Зошто нема премногу акции на пазар?

Овие странски физички и правни лица 18 вкупно на број со 80% сопственост на акциите (Двајцата газди, еден поранешен член на УО сега член на НО, неколку словененци и хрвати во последниве 7-8 години, ниту купиле, ниту продале акции, така да очекувам со нив така и да остане.

Овие 38 домашни правни лица се компании како Сава Пензиско со 5%, Раде Кончар, Телеком, Водостопанство и некои помали. Чеза Комерц и Беласица (некоја струмичка компанија) ги продадоа сите акции во рангот од 2.000 - 2.400 денари. Така да и овде не очекувам никаков продажен притисок, со повремени зголемувања на некои помали компании и КБ Публикум МБИ10.

Останатите 274 акционери домашни физички лица се со 8,34%. Генерално со најголемите акционери физички лица се гледавме на Собранија, и на секое собрание секој од нив имаше зголемено по некои 100 - 200 нови акции. Исто така не знам некој што купил UNI онака или дека брокерот му рекол. Генерално за да купиш UNI ептен треба да си запознаен со фундаментите и перспективите на компанијата. Така да сите акционери генерално знаат што значат показателите + сега добија и појачување со првата дивиденда, еве во најава и втора, па ако направат компарација со која и да било друга акција на пазарот бар во МК нема причина за промена.

Така да ако некој сака да купи 200 - 300 акции ќе треба да ја однесе до 5.500, а не знам како ќе изгледа кога некој ќе треба да купи дополнително над 4.000 акции и по која цена би ги зеле тие на отворен пазар.
 
Член од
26 август 2013
Мислења
172
Поени од реакции
178

Некој - као правно лице што мора да следи насоки/правила ? :D:D:D
 
Член од
10 декември 2008
Мислења
1.311
Поени од реакции
2.373
Некој - као правно лице што мора да следи насоки/правила ? :D:D:D
Пишувавме тука за тоа. Со влезот во индекс КБ Публикум МБИ10 фондот треба да купи уште над 4.000 - 5.000 акции дополнително.
 
Член од
16 јули 2021
Мислења
1.079
Поени од реакции
1.936
Овие странски физички и правни лица 18 вкупно на број со 80% сопственост на акциите (Двајцата газди, еден поранешен член на УО сега член на НО, неколку словененци и хрвати во последниве 7-8 години, ниту купиле, ниту продале акции, така да очекувам со нив така и да остане.

Овие 38 домашни правни лица се компании како Сава Пензиско со 5%, Раде Кончар, Телеком, Водостопанство и некои помали. Чеза Комерц и Беласица (некоја струмичка компанија) ги продадоа сите акции во рангот од 2.000 - 2.400 денари. Така да и овде не очекувам никаков продажен притисок, со повремени зголемувања на некои помали компании и КБ Публикум МБИ10.

Останатите 274 акционери домашни физички лица се со 8,34%. Генерално со најголемите акционери физички лица се гледавме на Собранија, и на секое собрание секој од нив имаше зголемено по некои 100 - 200 нови акции. Исто така не знам некој што купил UNI онака или дека брокерот му рекол. Генерално за да купиш UNI ептен треба да си запознаен со фундаментите и перспективите на компанијата. Така да сите акционери генерално знаат што значат показателите + сега добија и појачување со првата дивиденда, еве во најава и втора, па ако направат компарација со која и да било друга акција на пазарот бар во МК нема причина за промена.

Така да ако некој сака да купи 200 - 300 акции ќе треба да ја однесе до 5.500, а не знам како ќе изгледа кога некој ќе треба да купи дополнително над 4.000 акции и по која цена би ги зеле тие на отворен пазар.
Браос друже. Вака отприлика изглеа скоцкана домашна задача по валуација на компанија пред да се оди long term. За поздрав досегашен upper-level системски appraisal и due diligence:aplauz:

#the Aswath TENDO Damodaran :)
 
Последно уредено:
Член од
10 декември 2008
Мислења
1.311
Поени од реакции
2.373
Кога сме веќе кај Aswath Damodaran од време на време правам и DCF вреднување на компаниите.

Врз база на резултите од претходните 5-6 години имам направено DCF анализа и за UNI, иако за банки е потешко да се наптави овој модел.

Од она што биле мои очекувања сепак за малку не се достигнати приходите од камата. Претпоставувам тоа е поради посилниот процентуален раст од претходните години, па и очекувањата биле повисоки. Исто скоро за повеќе од 3 пати се зголемени Исправките на вредноста. Тоа е лошо генерално за оваа година, но остава простор со вакви високи отписи за подобри нето добивки во наредните години. Трошоците за вработени и за амортизација се во рамките на очекувањата. Ептен силно позитивно изненадување се приходите т.е. нето приходите од провизии и надоместоци кои се повторливи и во оваа година се 54% од приходите од камати, што се на значајно повисок процент во однос на претходните години.

1677868137151.png
 
Прегледај го приврзокот 369977
Тука е и опасноста, бидејќи има лимит до кога можеш значително да ги зголемуваш приходите од провизии без да ги загубиш клиентите. Веројатно има податок за број на клиенти во годишните извештаи. Особено ако не си една од трите најголеми банки.

Разликата за три години 2019 - 2022 во добивката е околу 100м, додека растот на нето приходите од камата се 150м.

Вака упростено може да се заклучи дека всушност растот на добивката најмногу се должи на поскапувањето на услугите.
 
Dar_Mak

ексцентрик
Член од
22 октомври 2010
Мислења
342
Поени од реакции
333
Може ли некој да ја објасни поедноставно првава точка, текстов со распределба на дивиденда во акции преку зголемување на основната главнина по пат на издавање нова емисија акции никако не можам да го измозгам.
Инаку, изненадувачки е што ТТК успева да понуди поголема дивиденда од КБ, очигледно целата добивка ја делат на акционерите, додека КБ задржале 16 мил. евра во резерви и за адекватност на капитал. Screenshot (47).png
 
Kajgana Shop

На врв Bottom