Македонска берза

T

tino097

Гостин
Па чув дека овој словенечкиот инвестициски фонд се повлекува од Македонија и можно е ради тоа да беше овој пад деновиве
 
Член од
9 мај 2007
Мислења
35
Поени од реакции
1
jas pak si gi cekam makstil na 1500( a si gi kupiv na 535 )

inaku berzata e na 7046 a pred 3 meseci bese 4900 , ako toa e pagjanje so e togas rastenje

predlagam nova anketa da se sprovedi "dali si kjar ili zijan od igranje na berzata"

jas seuste stojam na tvrdenjeto deka na makstil mu e cenata 1500,na SBT 20000,na STB 2000
-prvoto go izvlekuvam od kreditot sto mu e odobren 22mil ,tolkav kredit ne se dava tuku taka,tuka se vrseni skeniranja,procenki i sto uste ne
-SBT znam deka tolku vredi bidejki 3 razlicni revizorski i konsultantski kukji ja skeniraa i site dojdoja do nekoja vrednost od nad 100 milioni evra,podelete go toa so brojot na akcii i videte
-stb e podobra od site ostanati a akciite mu se vo odnos na nominalnata vrednost poslabi toa e mojata logika tamu.

pocekajte uste 2-3 meseci ke vidite
postovite stojat ke vidime koj bese vo pravo

P.S. GUMBA treba da cestish za RZ Uslugi ,kolku napravi 60%???
 
Член од
27 јануари 2007
Мислења
156
Поени од реакции
0
Што ќе кажат тие што купија акции веднаш после емисијата на чуму каде што нашите преценети експерти со многу-дневно искуство ја фалеа берзата . Колку добија тие?

Инаку претходниот раст беше поради тоа што граѓаните ја преплавуваа берзата со своите пари од под перница под влијание на општа еуфорија а не од економска логика.

Колку повеќе купуваа, толку повеќе цената се качуваше, до толку повеќе купуваа и дотолку повеќе цената растеше - геометриска прогресија.
Реален раст на профит, производство и инвестиции немаше. Растот на цената беше психолошки воден многу слично како пирамидална шема.

Јас мислам дека ќе гледаме постепено намалување на индексот и тоа само поради една причина - дека граѓаните ќе бидат невољни да ги продаваат акциите под цената што ја купиле.

Во спротивно индексот вртоглаво би опаѓал.
 
Член од
9 мај 2007
Мислења
35
Поени од реакции
1
Муабетот врска ти нема.



”Колку повеќе купуваа, толку повеќе цената се качуваше, до толку повеќе купуваа и дотолку повеќе цената растеше - геометриска прогресија.
Реален раст на профит, производство и инвестиции немаше. Растот на цената беше психолошки driven многу слично како пирамидална шема.”
ова има некоја смисла ама малце.Чисто тргни одтоа што Макстил беше 230 денари(номинална 300) со профит од 170 милиони денари а банките делат дивиденди ко луди
Второ. Растот не се должи само на народот што ,вистина е,претераа со купување акции.Ги заборави странците кои во ”волумен” се многу поголеми инвеститори од сите мали заедно да се соберат.Вистина некои од нив тоа го прават за профит од капитални добивки, но повеќето не.

термини
”економска логика” ако не го објасниш останува апстрактен и можи се да значи
”градуелно” ”релуктантно” сите знаеме англиски и просто преведување и македонизирање на странски изрази не го повишува нивото на дискусијата

Кога ке падни индексот под 5000 тогаш дури зборуваме за паѓање ,ова сега е нормална работа и јас мислам дека следи повторно качување.

Јас како поткрепа на моите мислења вложив пари во акции
 
Член од
27 јануари 2007
Мислења
156
Поени од реакции
0
HossDelgado напиша:
Второ. Растот не се должи само на народот што ,вистина е,претераа со купување акции.Ги заборави странците кои во ”волумен” се многу поголеми инвеститори од сите мали заедно да се соберат.Вистина некои од нив тоа го прават за профит од капитални добивки, но повеќето не.
Странците знаат што прават. Самото тоа што поголем играч како странски фонд масовно купува акции, самото тоа купување битно влијае на зголемување на побарувачката и на тој начин ја зголемува цената.
HossDelgado напиша:
термини
”економска логика” ако не го објасниш останува апстрактен и можи се да значи
Сите оние фактори коишто придонесуваат или можат да придонесат за реален пораст или пад на вредноста на акциите.
Тоа се факторикако профитот, инвестициите, надворешното окружување итн.
HossDelgado напиша:
”градуелно” ”релуктантно” сите знаеме англиски и просто преведување и македонизирање на странски изрази не го повишува нивото на дискусијата
Прифатено, ги сменив. Треба разговорот да се води на чист литературен (уупс книжевен) македонски јазик.
HossDelgado напиша:
Кога ке падни индексот под 5000 тогаш дури зборуваме за паѓање ,ова сега е нормална работа и јас мислам дека следи повторно качување.
Повторно качување на вредноста на индексот ќе следи во моментот кога целата економија ќе доживее позначаен пораст и тој пораст на економијата ќе биде проближен со порастот на индексот.

Во вакава мала економија како Македонија со нерешен статус на Косово, со тешки внатрешни политчки проблеми и како резултат на тоа скоро без странски директни инвестиции се уште е рано да се зборува за тоа.

Но на крај на краиштата, берзата е прилично непредвидлива. Може да се движи тотално спротивно од било кој што мисли.
Секој со своја среќа, но доколку купиш акции треба да си спремен да прифатиш да ги изгубиш (особено во Македонија каде што нема функционирачки правен систем и има голема традиција на пирамидални шеми)
 
Член од
14 март 2007
Мислења
19
Поени од реакции
0
Гледам многу сте пишеле ове неколку денови.
Прво за Јаков да одговорам нема гатање и баење на берза можиш да анализираш некоја хартија и да донесеш некоја одлука. Форумот е добар да споделиш некоја твоја анализа со другите и посигурно да инвестираш. А на берза се оди со пари, многу храброст и сигурност во себе или да имаш мадиња шо би рекле некој. А за сите останати еве го форумот да критикуваат и коментираат како ние гршиме и тие се паметни.
Ако некој ме послушаше за РЖ Услуги ке имаше дебел профит од 50 до 90 % од инвестираните сретства. А не дека сум гатач али логично беше. Како што е логично дека на берза многу предвидувања не се точни иако имаат добра анализа и логика за тие предвидувања. Точно е дека пага Макстил, Стопаска Скопје, КЈУБИ итн али тоа е игра на големите инвеститори. Нагоре има добра анаслиза за Макстил и Стопанска, а за QBE се очекува продажба имаа акционерско собрание и имам слушнато дека и дивидента по акција ќе се дели по 10 еура.
Нормално е да има периоди на негативен тренд на берзата али ова е шанса да се купи ефтино и да се продај скапо. Проста логика со голема добивка.
 

Jakov

Тато
Член од
24 јули 2005
Мислења
2.360
Поени од реакции
58
Gumba напиша:
Гледам многу сте пишеле ове неколку денови.
Прво за Јаков да одговорам нема гатање и баење на берза можиш да анализираш некоја хартија и да донесеш некоја одлука. Форумот е добар да споделиш некоја твоја анализа со другите и посигурно да инвестираш. А на берза се оди со пари, многу храброст и сигурност во себе или да имаш мадиња шо би рекле некој. А за сите останати еве го форумот да критикуваат и коментираат како ние гршиме и тие се паметни.
Ако некој ме послушаше за РЖ Услуги ке имаше дебел профит од 50 до 90 % од инвестираните сретства. А не дека сум гатач али логично беше. Како што е логично дека на берза многу предвидувања не се точни иако имаат добра анализа и логика за тие предвидувања. Точно е дека пага Макстил, Стопаска Скопје, КЈУБИ итн али тоа е игра на големите инвеститори. Нагоре има добра анаслиза за Макстил и Стопанска, а за QBE се очекува продажба имаа акционерско собрание и имам слушнато дека и дивидента по акција ќе се дели по 10 еура.
Нормално е да има периоди на негативен тренд на берзата али ова е шанса да се купи ефтино и да се продај скапо. Проста логика со голема добивка.
Gumba, не е прашањето дали некој има или не храброст и дали спие мирно или не. Ја викам гатачи зошто анализите??? што се дадени (не сите) се онака паушални. Муабети од типот “купете од овие ќе идат нагоре така ми рекоа“. Извини ама тоа не е анализа.
Ја не сум видел некој да анализирал некоја компанија и да објасни како тоа расте цената на акцијата на компании кај кои финансиските извештаи пример викаат дека имаат загуби во работењето.
Или некој да направи анализа како тоа најјаката мак банка Стопанска губи на вредноста на акцијата и зошто соодносот на номиналната и моменталната вредност кај неа е помал од банки кои немаат врска а имаат поинакви соодноси.
Анализа е кога ќе се даде некое толкување ама со факти, а не муабето од типот
“стави 20к на ПТРС, ќе иде до 3000+ на другарми мајка му работи таму“. Мислам карикирам ама иди наназад ќе видиш. Секој може на тој начин да погоди дека нешто иде горе нешто паѓа ама тоа не е аналитичар нели.
Или она муабетот за Попова кула, Фронтиер вика зимајте акции не прашувајте (аргумент нови се на берза) Мистичен му вика не верувам дека се ОК шишињата им фаќаат прашина у продавница? Е ај сеа?
Или некој да седне па да анализира што значи тоа што не знам од Макстил се свртеле толку и толку иљади акции денес, а не знам друг ден не се продала ни една итн итн.
Или за Метропол Охрид, вика зимајте они се добри иде лето. А тоа што се у була, тоа што пукнаа милиони на реновирање па сеа не знаат кај им е гзот кај им е главата?
Сваќаш што сакам да кажам, нели.?
 
Член од
12 февруари 2007
Мислења
892
Поени од реакции
4
Sekoja akcija si ima sto i kako,a to sto forumov e za zabava pa se e l vlezi-d izlezi,to e drugo.

Pravite lugje ne tolku da ne sakaat,tuku nemaat ni vreme ni motiv da crtaat.

A Jakov kako nasa net legenda,siguren sum deka nema strucnjak koj bi go odbil.Ednostavno tie ziveat od net...
 

Jakov

Тато
Член од
24 јули 2005
Мислења
2.360
Поени од реакции
58
itar pero напиша:
Sekoja akcija si ima sto i kako,a to sto forumov e za zabava pa se e l vlezi-d izlezi,to e drugo.

Pravite lugje ne tolku da ne sakaat,tuku nemaat ni vreme ni motiv da crtaat.

A Jakov kako nasa net legenda,siguren sum deka nema strucnjak koj bi go odbil.Ednostavno tie ziveat od net...
Bolje toa nego pacient, neli? :pusk:
 

burn84

Говорете Македонски
Член од
4 февруари 2006
Мислења
6.579
Поени од реакции
1.500
Многу луѓе се заинтересирани за можноста да заработат пари по пат на инвестирање. Но, не знаат како и каде да инвестираат.
Некои луѓе заштедените пари ги ставаат во банка и очекуваат со каматата да го зголемат почетно вложениот износ на парите. Други, пак, ги чуваат дома. Но, ниту еден од овие начини на штедење не може да ги обезбеди целосно Вашите очекувања за голема заработка. Првиот начин значи чување на парите на сигурно место, со релативно ниска каматна стапка и расположивост за користење зависно од рокот на депонирање, а вториот начин овозможува лесно и брзо располагање, но чувањето не е сигурно и не носи никаков приход.
Преку берзата се јавува нова можност за инвестирање и штедење: инвестирање и штедење во хартии од вредност (акции и обврзници). Споредено со штедењето во банка или штедилница, инвестирањето носи ризик заради можноста цените да растат или опаѓаат. Меѓутоа, од овој начин на инвестирање и штедење произлегува и можноста за поголема заработувачка.:vozbud:


Како да купите акции?
Постојат два начини на кои можете да станете акционер на некое акционерско друштво, односно да се стекнето со дел од тоа друштво:
1. Купување на акции од новата емисија: До потребниот капитал друштвото може да дојде по пат на нова емисија на акции кои ќе бидат наменети за јавноста, односно друштвото ќе изврши "јавна понуда на акциите". Друштвото емитент мора да ги презентира основните податоци за продажбата на акциите во т.н. Проспект и мора да ја огласи емисијата барем во еден дневен весник.

2. Купување на постоечки акции: Главната функција на Берзата е во секое време да овозможи купување и продавање на постоечките акции (трговија со акциите, т.н. секундарно тргување). Инвеститорите, било големи институции, било физички лица, не можат да делуваат за своја сметка на пазарот. Тие мораат да се обратат до брокерската куќа, која е овластен учесник за тргување за да купи или продаде акции или обврзници во име и сметка на клиентот, бидејќи тргувањето со хартии од вредност се врши единствено преку овластени учесници - лица кои положиле посебен стручен испит за вршење на работи со хартии од вредност и се стекнале со звање овластен брокер.

Како да најдете брокер?

Пред да започнете, најдобро е да се консултирате со повеќе брокери за да ги споредите нивните услуги и провизиите што ги наплаќаат. Брокерството спаѓа во рамките на т.н. персонални услуги и може да се приспособи на Вашите специфични потреби. Вашиот избор на брокер ќе зависи од тоа што барате брокерското друштво да направи за вас. Некои брокери се специјализирани само за тргување, други за нудење инвестициони совети или посебни услуги.
Тргување: ова е најефтина услуга, при што Вие едноставно го повикувате Вашиот брокер и му давате налог да купи или продаде некои акции по Ваш избор. Тој нема да Ви даде никаков совет, туку едноставно ќе ги спроведе Вашите инструкции и ќе се обиде налогот да се реализира.
Советници: брокерите што делуваат како советници ќе дискутираат со Вас за различните карактеристики на друштвата, односно хартиите од вредност што котираат на Берзата. Тие, исто така, ќе Ве советуваат дали треба да ги купите, да ги продадете или да ги задржите акциите во одредена друштво или како и кога да го зголемувате или намалувате Вашето портфолио.
Посебни услуги: клиентите кои сакаат некој друг да управува со нивното портфолио (листа) на акции би требало да користат услуги на некој брокер кој нуди т.н. посебни услуги. Вашиот брокер редовно ќе контактира со Вас и ќе Ве информира за акциите што ги купил или продал, за тоа колкава е вредноста на Вашето портфолио и за износите на дивидендите што се прокнижени на Вашата сметка во изминатиот период.
Доколку е направен избор на брокер кој ќе Ве застапува, следен чекор е потпишување на т.н. општ договор со клиентот. Овој договор е задолжителен и со него точно се одредуваат услугите што брокерското друштво ги нуди и условите според кои брокерот делува во Ваше име.

Како да почнете?

Мора да одлучите дали сакате да инвестирате заради добивање на редовен приход или имате за цел Вашите средства да се зголемат со тек на време како резултат на пораст на цената на акциите, или заради комбинација на двете цели на инвестирање. Можеби, прво ќе сакате да купите мал број на акции во едно или две друштва.
Со време, може да одлучите да ги проширите Вашите инвестиции, со инвестирање во друштва од различни стопански сектори. Изборот може да го направите помеѓу релативно сигурните државни обврзници, преку акциите во големи, профитабилни друштва, до акции во нови и помали друштва кои се потенцијално поризични, но носат обично повисока добивка. Имајќи го ова предвид, советот на Вашиот брокер ќе биде особено значаен.
Вашиот брокер е стручен да Ве посоветува како да направите избор од повеќето можности за инвестиции што Ви стојат на располагање. Откако ќе одлучите како да инвестирате, можете да почнете со правење на листа од акции и обврзници што во најголема мерка соодветствуваат на Вашите потреби.

Што се случува кога купувате акции?

Кога ќе му дадете инструкции на Вашиот брокер да купи акции, тој го извршува Вашиот налог на Берзата и ги купува истите по најдобра цена што може да се обезбеди на пазарот во времето на зделката. Со тоа Вие станувате сопственик на акциите. И покрај тоа што основните податоци за склучените трансакции ќе ги добиете непосредно по нивното извршување, брокерот ќе Ви достави писмена потврда која се нарекува извештај за клиент. Во него се содржани деталите за трансакциите што се извршени во Ваше име и сметка.
На Македонската Берза АД Скопје се применува системот на одложено порамнување, односно процесот на извршување на плаќањето од страна на купувачот и доставувањето на хартиите од вредност од страна на продавачот се врши на Т+3, односно три работни дена од денот на тргување. Тоа подразбира дека Вие морате да го извршите плаќањето на купените акции на денот на порамнувањето.
Преносот што сте го направиле преку Берзата го врши посебно овластена институција Централен Депозитар за хартии од вредност.

Што се случува кога продавате акции?

Кога ќе му дадете налог за продавање, Вашиот брокер ќе се обиде да ги продаде Вашите акции по најдобрата можна цена на пазарот и доколку успее во тоа ќе Ви испрати ”извештај за клиент”. Вие треба да го потпишете формуларот за продажба и веднаш да го вратите истиот на Вашиот брокер, заедно со потврдата за акции (која ја сте ја добиле од Централниот депозитар за хартии од вредност), за да ги добиете парите за продадените акции на денот на порамнувањето.

Колку ќе ве чини тоа?

Купувањето акции од нова емисија на акции не може да чини повеќе од цената на акциите по која тие се продаваат. За овие услуги не се плаќа провизија.
За купувањата и продавањата на постоечките акции, кое се врши преку Берзата, се плаќа провизија на брокерот и на Берзата. Бидејќи купувањата и продавањата се одвиваат преку брокерите, цената ќе зависи од видот на услугата што ја барате и вредноста на трансакцијата на која се пресметува брокерската провизија. Висината на провизијата може да се определи како % од обемот на трансакцијата или во апсолутен износ.

Кога плаќате?

Плаќањето за купените хартии од вредност, односно доставувањето на хартиите од вредност, мора да го извршите најдоцна до денот на порамнувањето, односно, според Правилата на Македонската Берза АД Скопје, најдоцна три работни дена по склучувањето на трансакцијата (Т+3), со цел Вашиот брокер навремено да може да го спроведе порамнувањето на договорот.

Мерење на пазарот

Движењето на цените на акциите на друштвата ја изразува промената на мислењето на инвеститорите во врска со перформансите и перспективите на друштвата. Со следењето на вкупното движење на цените на еден одреден број акции, можно е да се добие начелна претстава за моменталната состојба во стопанството. Ова движење се мери со берзански индекси. Нивната функција е квантитативно да ги искажат дневните промени на пазарните цени во однос на базниот период (исто така и во однос на претходниот ден, месец, година и др.)
На утврдување на индексите работат многу организации во светот, а најпознати берзански индекси се оние на Dow Jones, Standard and Poor’s, Financial Times. Многу берзи објавуваат и сопствени индекси.
Македонската Берза АД Скопје од 01.11.2001 година започна да пресметува и објавува берзански индекс.Полниот назив на индексот е Македонски Берзански Индекс, додека скратениот назив и ознаката е МБИ (линк).
Оданочување на дивидендите?

Персонален данок на доход: кога ќе ја добиете дивидендата, персоналниот данок на доход би требало да е платен од страна на друштвото, согласно важечката законска даночна стапка .

Данок на капитална добивка на трансакциите со хартии од вредност во наредните пет години не постои. Исто така, не постои оданочување на прометот со хартии од вредност.
Мецедониан ова гарант ти било испитно прашање пошо ја вака отприлика мене првото ми беше и баш вака го формулирав одговорот. хехе:helou:
 
A

anaveno

Гостин
МК БЕРЗА?...
па уште акции да купиш-продадеш?...
мене целата работа ми личи на..

п.с.
овие се по 34 зелени по комад...
каков ФЕР(?)ШПЕД..
 

up

Член од
12 август 2007
Мислења
55
Поени од реакции
5
singo kolku si sigurn deka ke bidi 250 000 do mart 2008
i kazi za drugi akcii kolku ke odat cenite up...
pozdrav
 

Fantom

Chikara
Член од
4 јуни 2006
Мислења
11.453
Поени од реакции
812
Купете долари сеа, и како што гледате Америка и Кина се караат за вредноста на јуанот, Америка бара да се покачи, па ќе скокне и доларот...
 

Kajgana Shop

На врв Bottom