Македонска берза

Член од
2 април 2006
Мислења
2.842
Поени од реакции
31
Еве ќе ја отворам темава, бидејќи мене многу ме интересира, и сакам да го прочитам вашето мислење, и колку сте запознаени.
За почеток ставив и анкета. :)
 
Член од
2 април 2006
Мислења
2.842
Поени од реакции
31
Многу луѓе се заинтересирани за можноста да заработат пари по пат на инвестирање. Но, не знаат како и каде да инвестираат.
Некои луѓе заштедените пари ги ставаат во банка и очекуваат со каматата да го зголемат почетно вложениот износ на парите. Други, пак, ги чуваат дома. Но, ниту еден од овие начини на штедење не може да ги обезбеди целосно Вашите очекувања за голема заработка. Првиот начин значи чување на парите на сигурно место, со релативно ниска каматна стапка и расположивост за користење зависно од рокот на депонирање, а вториот начин овозможува лесно и брзо располагање, но чувањето не е сигурно и не носи никаков приход.
Преку берзата се јавува нова можност за инвестирање и штедење: инвестирање и штедење во хартии од вредност (акции и обврзници). Споредено со штедењето во банка или штедилница, инвестирањето носи ризик заради можноста цените да растат или опаѓаат. Меѓутоа, од овој начин на инвестирање и штедење произлегува и можноста за поголема заработувачка.:vozbud:


Како да купите акции?
Постојат два начини на кои можете да станете акционер на некое акционерско друштво, односно да се стекнето со дел од тоа друштво:
1. Купување на акции од новата емисија: До потребниот капитал друштвото може да дојде по пат на нова емисија на акции кои ќе бидат наменети за јавноста, односно друштвото ќе изврши "јавна понуда на акциите". Друштвото емитент мора да ги презентира основните податоци за продажбата на акциите во т.н. Проспект и мора да ја огласи емисијата барем во еден дневен весник.

2. Купување на постоечки акции: Главната функција на Берзата е во секое време да овозможи купување и продавање на постоечките акции (трговија со акциите, т.н. секундарно тргување). Инвеститорите, било големи институции, било физички лица, не можат да делуваат за своја сметка на пазарот. Тие мораат да се обратат до брокерската куќа, која е овластен учесник за тргување за да купи или продаде акции или обврзници во име и сметка на клиентот, бидејќи тргувањето со хартии од вредност се врши единствено преку овластени учесници - лица кои положиле посебен стручен испит за вршење на работи со хартии од вредност и се стекнале со звање овластен брокер.

Како да најдете брокер?

Пред да започнете, најдобро е да се консултирате со повеќе брокери за да ги споредите нивните услуги и провизиите што ги наплаќаат. Брокерството спаѓа во рамките на т.н. персонални услуги и може да се приспособи на Вашите специфични потреби. Вашиот избор на брокер ќе зависи од тоа што барате брокерското друштво да направи за вас. Некои брокери се специјализирани само за тргување, други за нудење инвестициони совети или посебни услуги.
Тргување: ова е најефтина услуга, при што Вие едноставно го повикувате Вашиот брокер и му давате налог да купи или продаде некои акции по Ваш избор. Тој нема да Ви даде никаков совет, туку едноставно ќе ги спроведе Вашите инструкции и ќе се обиде налогот да се реализира.
Советници: брокерите што делуваат како советници ќе дискутираат со Вас за различните карактеристики на друштвата, односно хартиите од вредност што котираат на Берзата. Тие, исто така, ќе Ве советуваат дали треба да ги купите, да ги продадете или да ги задржите акциите во одредена друштво или како и кога да го зголемувате или намалувате Вашето портфолио.
Посебни услуги: клиентите кои сакаат некој друг да управува со нивното портфолио (листа) на акции би требало да користат услуги на некој брокер кој нуди т.н. посебни услуги. Вашиот брокер редовно ќе контактира со Вас и ќе Ве информира за акциите што ги купил или продал, за тоа колкава е вредноста на Вашето портфолио и за износите на дивидендите што се прокнижени на Вашата сметка во изминатиот период.
Доколку е направен избор на брокер кој ќе Ве застапува, следен чекор е потпишување на т.н. општ договор со клиентот. Овој договор е задолжителен и со него точно се одредуваат услугите што брокерското друштво ги нуди и условите според кои брокерот делува во Ваше име.

Како да почнете?

Мора да одлучите дали сакате да инвестирате заради добивање на редовен приход или имате за цел Вашите средства да се зголемат со тек на време како резултат на пораст на цената на акциите, или заради комбинација на двете цели на инвестирање. Можеби, прво ќе сакате да купите мал број на акции во едно или две друштва.
Со време, може да одлучите да ги проширите Вашите инвестиции, со инвестирање во друштва од различни стопански сектори. Изборот може да го направите помеѓу релативно сигурните државни обврзници, преку акциите во големи, профитабилни друштва, до акции во нови и помали друштва кои се потенцијално поризични, но носат обично повисока добивка. Имајќи го ова предвид, советот на Вашиот брокер ќе биде особено значаен.
Вашиот брокер е стручен да Ве посоветува како да направите избор од повеќето можности за инвестиции што Ви стојат на располагање. Откако ќе одлучите како да инвестирате, можете да почнете со правење на листа од акции и обврзници што во најголема мерка соодветствуваат на Вашите потреби.

Што се случува кога купувате акции?

Кога ќе му дадете инструкции на Вашиот брокер да купи акции, тој го извршува Вашиот налог на Берзата и ги купува истите по најдобра цена што може да се обезбеди на пазарот во времето на зделката. Со тоа Вие станувате сопственик на акциите. И покрај тоа што основните податоци за склучените трансакции ќе ги добиете непосредно по нивното извршување, брокерот ќе Ви достави писмена потврда која се нарекува извештај за клиент. Во него се содржани деталите за трансакциите што се извршени во Ваше име и сметка.
На Македонската Берза АД Скопје се применува системот на одложено порамнување, односно процесот на извршување на плаќањето од страна на купувачот и доставувањето на хартиите од вредност од страна на продавачот се врши на Т+3, односно три работни дена од денот на тргување. Тоа подразбира дека Вие морате да го извршите плаќањето на купените акции на денот на порамнувањето.
Преносот што сте го направиле преку Берзата го врши посебно овластена институција Централен Депозитар за хартии од вредност.

Што се случува кога продавате акции?

Кога ќе му дадете налог за продавање, Вашиот брокер ќе се обиде да ги продаде Вашите акции по најдобрата можна цена на пазарот и доколку успее во тоа ќе Ви испрати ”извештај за клиент”. Вие треба да го потпишете формуларот за продажба и веднаш да го вратите истиот на Вашиот брокер, заедно со потврдата за акции (која ја сте ја добиле од Централниот депозитар за хартии од вредност), за да ги добиете парите за продадените акции на денот на порамнувањето.

Колку ќе ве чини тоа?

Купувањето акции од нова емисија на акции не може да чини повеќе од цената на акциите по која тие се продаваат. За овие услуги не се плаќа провизија.
За купувањата и продавањата на постоечките акции, кое се врши преку Берзата, се плаќа провизија на брокерот и на Берзата. Бидејќи купувањата и продавањата се одвиваат преку брокерите, цената ќе зависи од видот на услугата што ја барате и вредноста на трансакцијата на која се пресметува брокерската провизија. Висината на провизијата може да се определи како % од обемот на трансакцијата или во апсолутен износ.

Кога плаќате?

Плаќањето за купените хартии од вредност, односно доставувањето на хартиите од вредност, мора да го извршите најдоцна до денот на порамнувањето, односно, според Правилата на Македонската Берза АД Скопје, најдоцна три работни дена по склучувањето на трансакцијата (Т+3), со цел Вашиот брокер навремено да може да го спроведе порамнувањето на договорот.

Мерење на пазарот

Движењето на цените на акциите на друштвата ја изразува промената на мислењето на инвеститорите во врска со перформансите и перспективите на друштвата. Со следењето на вкупното движење на цените на еден одреден број акции, можно е да се добие начелна претстава за моменталната состојба во стопанството. Ова движење се мери со берзански индекси. Нивната функција е квантитативно да ги искажат дневните промени на пазарните цени во однос на базниот период (исто така и во однос на претходниот ден, месец, година и др.)
На утврдување на индексите работат многу организации во светот, а најпознати берзански индекси се оние на Dow Jones, Standard and Poor’s, Financial Times. Многу берзи објавуваат и сопствени индекси.
Македонската Берза АД Скопје од 01.11.2001 година започна да пресметува и објавува берзански индекс.Полниот назив на индексот е Македонски Берзански Индекс, додека скратениот назив и ознаката е МБИ (линк).
Оданочување на дивидендите?

Персонален данок на доход: кога ќе ја добиете дивидендата, персоналниот данок на доход би требало да е платен од страна на друштвото, согласно важечката законска даночна стапка .

Данок на капитална добивка на трансакциите со хартии од вредност во наредните пет години не постои. Исто така, не постои оданочување на прометот со хартии од вредност.
 

pearl

..~..~..~..~..~..~..
Член од
20 август 2005
Мислења
2.651
Поени од реакции
1.962
Член од
2 април 2006
Мислења
2.842
Поени од реакции
31
Za provizijata imam zbirna formula. Vkupno 1.75 % ili pomnozi go iznosot na transakcijata so 1.0175.
Ovde vleguva ne samo brokerskata provizija, tuku i nadomest za berza i centralen depozitar na hartii od vrednost. Otprilika 1.75 %, moze da otstapuva nekolku denari sto se vika, no toa e zanemarlivo.

A za vtoroto prasanje mislam deka odgovorot e ne. Brokerite vo Makedonija se striktno nasoceni na trguvanje i izvrsuvanje na transakciite. Nudat i uslugi od tipot na soveti za investiranje, megutoa ne bi go preporacal toa. Zasto? - Bidejki moze da se sluci brokerot da si ima kupeno akcii od nekoja firma i na 20 klienti im rece deka taa akcija e dobra, so cel da ja krene cenata i da si stavi pari vo dzep za sebe.

Za dopolnitelni prasanja tuka sum. :)
 

pearl

..~..~..~..~..~..~..
Член од
20 август 2005
Мислења
2.651
Поени од реакции
1.962
Член од
2 април 2006
Мислења
2.842
Поени од реакции
31
За второто прашање збркав нешто со опции, на тоа мислев ме прашуваш.

Сега разбрав на што мислиш. Ама пак ќе кажам одговорот е не.
Ти можеш да отвориш брокерска куќа ако сакаш, меѓутоа има многу трошоци од типот на еднократен надомест и месечен надомест за користење на БЕСТ системот за тргување. Освен ако не се тргува со милионски суми во денари не се исплати отварање на брокерски куќа за свои потреби. Пример-тоа го направија словенечките инвестициони фондови кои отворија брокерска куќа Илирика.
 
Член од
2 април 2006
Мислења
2.842
Поени од реакции
31
pearl напиша:
Тенкс за одговорот на првото прашање.

За второто изгледа не се разбравме.
Discount brokers се обично фирми кои ти нудат да тргуваш сам на берза, без брокер. Самата фирма е брокер, има лиценца да тргува на берза, но, не вработува брокери. Клиентот си има своја сметка и тргува сам за себе, најчесто он-лајн. Бенефицијата е таа што провизиите се барем за 70% поефтини отколку да одиш преку брокер. Најчесто банките си имаат вакви свои посебни дивизии, мада може да биде и фирма формирана да нуди само такви услуги.

Идејата е дека овие фирми би ги корителе луѓе кои сакаат да тргуваат сами, без никаков совет од брокер и кои го познаваат пазарот, или пак сакаат да заштедат на брокерски провизии, па го земаат ризикот да инвестираат на слепо.
Не е ни тоа слепо инвестирање. Не мора брокерот да ти каже што да купиш, туку секој сам донесува одлука, врз база на информации и анализи. Јас на брокерот само му кажувам по телефон купи ми тоа, и тој ќе ја изврши трансакцијата. Единствено што треба е потпис на налогот за купување.
 

JeCILaDy

Move Away
Член од
18 април 2006
Мислења
2.350
Поени од реакции
22
Би сакала да се занимавам...
 

pearl

..~..~..~..~..~..~..
Член од
20 август 2005
Мислења
2.651
Поени од реакции
1.962
Член од
2 април 2006
Мислења
2.842
Поени од реакции
31
pearl напиша:
ОК Мацедониан, од ова што го кажуваш, значи кај нас се работи на принципот на discount brokers, а се наплаќаат стандардни брокерски провизии, како во случај да брокерот ја направил целата анализа и дава совет.
Значи нема класични discount brokers, тоа ми беше прашањето.

Тенкс :)
Нема на што. :icon_bigg
 
Член од
8 мај 2006
Мислења
358
Поени од реакции
11
A iame li nie firma od koi vrede da se kupat akcii. Taa berzata sluze samo za kupuvanje akcii pri prevzemanje na nekoja firma. Ianku ne veruvam deka moze da se zarabote trguvajki na berzata oti nema dvizenje na indexite.
Nisto ne se slucava na nea.
 
Член од
2 април 2006
Мислења
2.842
Поени од реакции
31
memberix напиша:
A iame li nie firma od koi vrede da se kupat akcii. Taa berzata sluze samo za kupuvanje akcii pri prevzemanje na nekoja firma. Ianku ne veruvam deka moze da se zarabote trguvajki na berzata oti nema dvizenje na indexite.
Nisto ne se slucava na nea.
Кој вика дека не може?

Затоа сум јас тука. Да ме прашате. :icon_cool

Не се запнувај многу по индексот. Мене лично не ми е многу битен.
А за фирми кои вредат има. Треба само да видиш колку дивиденда исплаќаат, дали има можност да бидат преземени, итн.

Само да споменам дека пред нешто повеќе од две години цената на акциите на Комерцијална Банка беше отприлика 1800 денари. Денес вреди скоро 5000. Меѓутоа за права споредба морам да кажам дека се раситнија акциите со одлука на банката пред една година, така што односот беше 1 према 5. Значи за споредба денешната цена би била скоро 25 000, споредено со 1800, што значи зголемување повеќе од 10 пати, или поточно 13.
И со пример да илустрирам, ако си вложел 100 евра пред две години, денес ќе имаше 1300 евра. Ова не беше осамен случај. Сите акции пораснаа многу, меѓутоа овој пример го дадов бидејќи тука имаше најголем раст. :je:
 
Член од
8 мај 2006
Мислења
358
Поени од реакции
11
e pa ako e taka aj pozajmi mi 100e ke ti gi vratam za dve godini. so kamata :poss::poss:
 

Kajgana Shop

На врв Bottom