Македонска берза

Член од
26 јануари 2008
Мислења
257
Поени од реакции
181
Hari si e top kako sakate pisuvajte samo tia sto se razbiraat ke vidat deka covekot e prav mageonicar vi pravi banka so dolgorocna stabilnost ne banka za edna godina pa dupka narednite se znae i predviduva i toa vi plasira taka da KB za mene e top banka
 
Член од
5 април 2012
Мислења
8.120
Поени од реакции
8.909
И сега која е реална цена на акцијата на КМБ.

Да видиме дали ќе ги однесе во минус и другите акции на МСЕ утре со оглед на тоа дека многу често КМБ има поголем промет од сите други заедно.
 
Член од
26 јануари 2008
Мислења
257
Поени од реакции
181
Realna cena ?????????????????????
Автоматски споено мислење:

Alkaloid dava dividenda 350 den a akcijata e 18000 koja e realna cena za alkaloid ???????
 
Член од
5 април 2012
Мислења
8.120
Поени од реакции
8.909
Realna cena ?????????????????????
Автоматски споено мислење:

Alkaloid dava dividenda 350 den a akcijata e 18000 koja e realna cena za alkaloid ???????
Споредуваш банка со фармацевска компанија.

Пазарот на Алкалоид е целиот свет, значи доколку работат добро тие можат да имаат раст на продажбата секоја година, поседуваат лиценци за производи и патенти кои што вредат десетици милиони евра.

Банките работат само на пазарот во Македонија и тоа е многу лимитиран пазар. Поради таа ограничена можност за раст почнаа да не бричат со провизии последните 2 години.
Автоматски споено мислење:

Има големо невообичаено покачување на приходи од камата но не поради нивна заслуга туку поради покачувањето на каматните стапки.
Ова може да е еднократен настан, вакви енормни промени кај нето приходи од камата приметив само кога сите банки ги продадоа побарувањата од ФЕНИ (Q4 2017) па веројатно книжат некои идни камати одеднаш. 25% поголеми се од нето приходите од камата во однос на Q3.
 
Член од
16 јули 2021
Мислења
1.078
Поени од реакции
1.934

Не верувам брат. Приходите од камата во најголем дел се темелат на рестриктивната монетарната политика на НБРМ шо банките имаат среќа шо затегањево со високи камати и благајнички ќе потрае па може колку толку да го балансираат отсуството на маневрите со исправки. КМБ ќе има солидна година и не се сомневам во било какви детериорации во работење. За 20 дена го брзаат собранието за да се голтне извештајов преку дивиденда со веројатно максимум пеј аут. Мене единсвено ме загрижува работењето од легаситичка гледна точка. Менаџментот се соочува со низа пријави во тој дел, прво од хрватот на Трифун па сеа и ова со Новоматик и Мериот. Некаде прочитав дека ги чешлаат од Управа за финансиско разузнавање веќе неколку месеци, шо очигледно му се врзани рацете на магионичаров.
 
Последно уредено:

Да, секако дека тоа има најголемо влијание. Mислев да не имаат некој еднократен бонус бидејќи изгледа огромен растот. Еве како изгледа она што ти го зборев за нето приходи од камата но при стабилни каматни стапки.

kmb.jpg
 
Член од
20 декември 2021
Мислења
166
Поени од реакции
177
Poveke od odlicni mu se rezultatite za vakvi krizi i ogranicen pazar.Site vo potsvesta ocekuvavme nekoj trik iako znaevme deka nekogas i premnogu nerealno ocekuvavme sepak jas veruvam deka Hari ne e od vcera.I ne e tolku bitno dali zarabotkata po akcija bila < ili > za 68 denari za da odi vo minus barem za tie na podolg period a dividenta ke daj 600 od srce :) Sekako gi cekame rezultative za STB,TNB i UNI mislam tek pocnuvaat iznenaduvanjata za 2023.
 
CecaXYZ

rookie
Член од
26 ноември 2022
Мислења
196
Поени од реакции
87
После вчерашното Отепаја ли се Бато? не издржав а да не напишам нешто.

Мое мислење е дека: Errare Humanum Est.

Дека е криза. Е! Но не би рекол и за банките. Државата ги брани/подржува со сета артилерија, рацете им се одврзани, можат да прават (и прават) што сакаат. Уште млаку па ќе наплаќаат и кога ќе поминеш покрај нив. Камати на депозити версус кредити идат и до 1: 100.

Едно што ме загрижува а и плаши, е што половина, а наскоро и повеќе од половина, од МБИ10 се од банкарски сектор. Што ми личи дека економијата во Мaкедонија воглавно се сведува на "на ти го дај ми го", "5 ти го лепам 6 ти го земам" вредноста е сведена на провизии и камети и сл.

Како и да е животот треба да иде понатаму, можеби не овде...
 
Pa da se iselime site sto vikas
Автоматски споено мислење:

:):)
 
Член од
26 јануари 2008
Мислења
257
Поени од реакции
181
Po planot za 23 na KB planira dobivkata da mu porasne za 50 % spored mene div denda ke dade od 500 do 550 ovaa godina
 
Член од
10 декември 2008
Мислења
1.298
Поени од реакции
2.358
Прегледај го приврзокот 359831
*Релативно вреднување според резултатите од 3 квартал
**Идната книговодствена вредност е проектирана поле исплата на дивиденда

Очекувам дека КБ ќе има нешто подобра добивка во однос на лани, ако нема некое негативно изненадување со проблеми при наплата на некој од дадените големи кредити поради лошата состојба во економијата. Би рекол стандардно добро, ќе поделат стандардна дивиденда што е очекувана од акционерите. И волкот сит, и овците на број. Стои како можност вака скоцкана да ја спакуваат како банка која со евентуално поефикасно работење би имала уште поголем потенцијал и да му ја продадат на некој. Но со оглед на состојбите на банкарскиот сектор во Европа во 2023 година, тоа нема да се случи. Бар според мене има подобри алтернативи.
„Очекувам дека КБ ќе има нешто подобра добивка во однос на лани, ако нема некое негативно изненадување со проблеми при наплата на некој од дадените големи кредити поради лошата состојба во економијата.“

Ова сум го напишам пред повеќе од месец дена.

Според мене извештајот на КБ не е толку лош. Одлични се нето приходите од камати и провизии и во однос на рекордната ланска година.

Повеќе проблемот е во очекувањата на инвеститорите. Искрено не ни ги гледам детално извештаите на КБ, бидејќи не ми е атрактивна поради високата цена, но ако имало толкав вонреден приход од отпис на исправките за Топлификација, не знам зошто се очекувало тој вонреден приход пак да се повтори?

Мене кај КМБ единствено ми смета само преценетоста во однос на книговодствената вредност, како и тоа дека има опуртунитетна подобра можност и за дивиденден принос и за потенцијална капитална добивка.
Не е проблем профитот кај КМБ. Верувам дека и за овој резултат направиле најдобро што можеле. Верувам дека има некој голем кредит што направил многу проблеми, особено тоа е изразено кај резултатите од 4от квартал. Така да и овие резултати се најдоброто што можеле да испеглаат.

Резултатот е полош за 14,2% од моите очекувања (кои се базираа на резултатите до 3от квартал) и некои 25% на консенсузот аналитичари на форумов.

Е сега тие што инвестираа и вчера се тепаа да купат акција од банка со 1.82 од книговодствена вредност си се самите криви. Инвестирањето не треба да се базира врз очекувања на вадење на зајак од шапката од страна на Магионичарот. И врз навивањето од страна на Фактор.

П.С: Маја да оди на спремање кај Милка.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom