Прво сите компании доаѓаат од една индустрија која години наназад бележи одлични резултати, особено што нето кредитната маргина моментално е највисока и резултатите се подобри во банкарскиот сектор споредбено со било кој период од минатото.
Прво ја имаш STB, која 3-4 години носи по 25, па 30 еве сега и 40 милиони евра профит, која има доминатно пазарно учество кај населението, која се знаеше дека ќе се продава, само не се знаеше терминот, па сега после одлевањето на парите од дивидендата, тој настан е со огромна веројатност и ќе се случи во многу блиска иднина. Веќе немам слободни средства во портфолио, но колку и да би имал би инвестирал во STB.
Подоцна ја имаш UNI која како што ги постирав графиците во минатото историски се тргувала со p/e од 6 до 8. Оваа година бележи страшни резултати, па и само да остане на резултатот од 9 месеци, без воопшто да има добивка во последниот квартал, ќе има forward p/e од 4,12 на оваа цена. Во случај да продолжи трендот и во овој квартал да се обезбедат дополнителни 4 милиони денари профит, forward p/e ќе биде 3, што ја прави најатрактивна акција на пазарот. Немаат можност за некој страшен раст и експанзија, но од друга страна, си ги знаат клиентите и соработуваат долги години па нема можност за големи промени кај ставката исправка на вредности и сомнителни побарувања...
Прегледај го приврзокот 162598
И на крај ја имаш OHB, за која имам долгорочна задршка, сепак краткорочно имаше голема кредитна експанзија, од корпоративна се префрлуваат кон население, населението си ги плаќа кредитите (барем во првите години), ја имаш Бранка која ја среди банката во Црна Гора, па со истата цел е донесена тука, па освен раст бар во наредни 6 месеци до година дена, не можам да видам ништо друго.
Не сум толку оптимист кај еден куп други компании од MSE, но трите наведени се дефинитивно зелено.
Скоро точно после 6 години од анализата на банкарскиот сектор еве нешто ново:
*Релативно вреднување според резултатите од 3 квартал
**Идната книговодствена вредност е проектирана поле исплата на дивиденда
Очекувам дека КБ ќе има нешто подобра добивка во однос на лани, ако нема некое негативно изненадување со проблеми при наплата на некој од дадените големи кредити поради лошата состојба во економијата. Би рекол стандардно добро, ќе поделат стандардна дивиденда што е очекувана од акционерите.
И волкот сит, и овците на број. Стои како можност вака скоцкана да ја спакуваат како банка која со евентуално поефикасно работење би имала уште поголем потенцијал и да му ја продадат на некој. Но со оглед на состојбите на банкарскиот сектор во Европа во 2023 година, тоа нема да се случи.
Бар според мене има подобри алтернативи.
СТБ ако продолжи како што работеше до 3 квартал ќе има една од финансиски најдобрите години. Не очекувам исплата на дивиденда поради се уште не потпишаното избегнување на двојно оданочување со Грција. Со внесот на добивката од 2022 година, книговодствената вредност доаѓа на 1.
Во вакви услови како што се, тој што ја поседува акцијата или тој што има намера да ја купи треба да има долгорочен хоризонт за инвестирање, и да се надева на решавање на тоа економско – политичко прашање во делот со даноците. После неколку обиди, сепак нејзина продажба во скоро време нема да е актуелна.
НЛБ вака релативно гледана е најатрактивна од големите банки. Ќе видиме што ќе донесе последниот квартал со оглед на тоа дека имаа дури отпис на исправки со крајот на 3 квартал. Верувам дека ќе се држат на најавената 70% исплата на дивиденда од нето добивката иако во овој дел имаат проблеми со НБРМ.
За обожавателите на НЛБ би им сугерирал да ја погледнат мајката банка НЛБ која котира на Љубљанската и на Лондонската берза која бар според мене е поатрактивна од TNB.
Како што кажав и со претходниот пост, според резултатите од 3 квартал, и според дадените очекувања од Милка, Уни Банка според вреднување е апсолутно најатрактивна во однос на оваа група Банки и во однос на самата себе во споредба со било кое време во минатото. Но не само поради овие релативни показатели. Секако си има ризик со кредити како и секоја банка. Овде 70% се кредити за население, додека 30% се корпоративни кредити. Уни нема кредити во вредност од над 10 милиони евра, но сепак има доволно големи што би предизвикале проблеми во одредена година.
Оние што подлабоко ја анализирале Банката знаат дека лани имаа прилично лоша година, кога решија да направат големи исправки и да го исчистат портфолиото од ризични кредити преку факторинг и слично. Со резултатите од 2022 година, во однос на КБ како репер ќе е двојно поевтина во однос на p/e, тројно во однос p/b, а во исто време ќе исплаќа двојно поголем дивиденден принос.
Иако јас очекував УНИ да влезе во индекс, сепак ова беше позитивно изненадување и за мене, затоа што мислев дека за тоа да се случи е потребна повисока пазарна цена на Банката. Сепак одлуката за неисплаќање на дивиденда на СБТ, ја чинеше излез од индексот. Да споредам кога ТТК влезе во индексот иако по сите фундаментални показатели е убедливо полоша банка за кратко време порасна за 40% од 1.000 до 1.400 денари каде за чудо се оддржува до ден денес.
Влегувањето во индекс ќе ја донесе толку потребната ликвидност која до сега преставуваше проблем за оние со “лесни раце“.
Да знаеш дека можеш да ја продадеш акцијата ако ти треба по цена не драстично помала од пазарната е од големо значење за домашните инвеститори.
Е сега за оние кои што ја знаат акционерската структура во последните 5 години, ќе знаат дека акцијата најчесто ја продавале акционери кои имале најмногу 300 акции. Оние што имале над 300 акции скоро сите се се уште акционери, и секоја година го зголемуваат бројот на акции, се разбира со ретки исклучоци. Е сега оние акционери кои не ги продале акциите кога Коста ги истури своите акции на берза, кои не ги продале сите овие години кога немаше дивиденда, кои не ги продале лани кога беше лоша добивката, зошто би ги продале акциите сега, со исчистено кредитно портфолио, со најавена редовна дивиденда, со зголемена ликвидност, со влез во индекс и со се уште дупло пониско вреднување во однос на банките со кои има сличен поврат на капитал?
Идејата за препознатлив бренд и подобар имиџ на Банката од страна на менаџментот, доаѓа во исто време кога се направија сите потребни активности за пазарен раст на акцијата.
Ова според мене е најважната варијабла која се промени, а многу инвеститори не успееја на време да ја видат. Кај нас успех имаат акциите од компаниите каде менаџментот има желба цената на акцијата да му расте: АЛК, КМБ, НЛБ.
И на крај, според сите карактеристики на Банката, таа според нејзината големина, пазарно учество и поставеност би била прв кандидат за продажба или за припојување. Сите други помали банки се на продажба, но нема математика да се троши толку време, ресурси и енергија за мерџирање на банки со мало пазарно учество.
Уни Банка според вреднување и перспективи е апсолутно најатрактивната акција во банкарскиот сектор. Исто по фундаменти моментално е најатрактивна и во однос на самата себе во споредба со било кое време во минатото. Таа е најголема позиција во моето портфолио и планирам така и да остане.
Прв пат кога пишав за УНИ на форумот, цената беше 680 денари. Така да се приклучувам на @Side Hustler со препораката за купување до цена од 6.800 денари. (10 x за тој што ме читал тогаш, и 2x за тој што ме чита денес).