Македонска берза

Член од
30 март 2018
Мислења
1.454
Поени од реакции
1.883
Каков само мазохизам е да ПЛАТИШ за да бидеш два дена среде тпј змијарник од финансиски криминал и неморал Два дена да слушаш полуписмени излагања и муабети од северџанската "финансиската елита" со купени и наследени позиции
 
Член од
16 јули 2021
Мислења
1.078
Поени од реакции
1.934
Би сакал да сте во право, би ми било и мене супер да сте.
Меѓутоа логиката ми е дека не можат да го изведат ова од практични причини. Опозицијата кочи во собрание секој закон што е добар (еве да сакаат да го пролонгираат). За да се пролонгира треба да се изгласа во Собрание, а не можат да го направат тоа лесно за жал. По мои информации од Мининстерство, не ни се пишува закон за да почне процесот - тоа до сега требало да биди стартувано.

Лани типичен пример е прагот за ДДВ, кој влезе во собрание меѓутоа опизицијата не го ставаше на дневен ред. Го чекав до 31.12, ама не се изгласа законот, иако имаа намера и желба тоа да го направат.

Годинава, имајќи ги предвид какви се работите и буџетот, мислам дека немаат ни намера да го пролонгираат. А и да имаат, нема да можат. Опозицијата критикува ама реално сака да влезе во сила тоа решение со повисок прогресивен, за да има после поени и ветување да даде.

Тоа е мојот осврт зошто не можам да бидам оптимист во однос на ова прашање. Како што кажав погоре, мислам дека еднаш треба да се случи (капитална и прогресивен се во исто во ситуацијава).
Ти текнува, дебата, онгоинг и тн. ;)
 
Член од
5 април 2012
Мислења
8.123
Поени од реакции
8.912
Ти текнува, дебата, онгоинг и тн. ;)
Искрено забелешките му се глупи. Тешко било за администрирање и поради тоа треба да не постои. Постои ли земја во Европа која што има 0 данок на капитална добивка?

Проблемот со неданочењето на капиталните добивки е дека од ова бенефит имаат побогатите. Се согласувам дека треба да имаат олеснувања оние што инвестираат на среден и долг рок, како и малите инвеститори. Ама да зборуваш дека треба да биде 0 данок за некој што од капитална добивка пријавил 1 милион денари годишен приход е сулудо.
 

Dar_Mak

ексцентрик
Член од
22 октомври 2010
Мислења
339
Поени од реакции
326
Како бе нема губитници, моментално сите акции ми се од 0 до 15% во негатива, но не сум продал веќе пола година. Продаваат само луѓе исплашени од апокалипса и тоа најверојатно со загуба.
Не треба толку страв од истргувани некои си мизерни 70.000 денари кои спуштиле вредност на одредена ХВ за цели 4%. Штом лудилото ќе помине истата таа акција ќе оди нагоре многу повеќе и тоа со милионски промет во денари, за разлика од оваа очајна симулација што ја гледаме деновиве.
 
Член од
23 јуни 2017
Мислења
591
Поени од реакции
1.098
Искрено забелешките му се глупи. Тешко било за администрирање и поради тоа треба да не постои. Постои ли земја во Европа која што има 0 данок на капитална добивка?

Проблемот со неданочењето на капиталните добивки е дека од ова бенефит имаат побогатите. Се согласувам дека треба да имаат олеснувања оние што инвестираат на среден и долг рок, како и малите инвеститори. Ама да зборуваш дека треба да биде 0 данок за некој што од капитална добивка пријавил 1 милион денари годишен приход е сулудо.
"Suludo" e da ne sakash/ne mozesh da platish 700 denari mesecno za e-trader, a da si ekspert za javni finansii i danocna politika...

P. S. Ludo e tretina Makedonija da ne plakja nikakov danok, ne e ludo jas da ne platam danok na kapitalna dobivka...
 
Член од
5 април 2012
Мислења
8.123
Поени од реакции
8.912
"Suludo" e da ne sakash/ne mozesh da platish 700 denari mesecno za e-trader, a da si ekspert za javni finansii i danocna politika...

P. S. Ludo e tretina Makedonija da ne plakja nikakov danok, ne e ludo jas da ne platam danok na kapitalna dobivka...
"Аргументите" ти се како на Штеријев. Доколку имаш 200к денари вложени на берза и добиваш 3-4% дивиденда целиот приход ќе го дадеш за претплата на еТрејдер. Ова е многу поголема пречка за малите и нови инвеститори отколку данок на капитална добивка.

Тоа што јас имам капитална добивка нема врска со тоа што сметам дека тој приход треба да се даночи исто како што сметам дека треба да има прогресивен данок на доход од плата.
 
Член од
8 февруари 2020
Мислења
4.889
Поени од реакции
7.268
сметам дека тој приход треба да се даночи исто како што сметам дека треба да има прогресивен данок на доход од плата.
З А Ш Т О ?
Што ќе постигнеш со тоа... Повеќе пари да имаат да крадат политичарите и администрација со тендерите или веруваш во дедо мраз.
 
Член од
5 април 2012
Мислења
8.123
Поени од реакции
8.912
"Елегантно" го решаваат проблемот со Пекабеско
 
Член од
5 април 2012
Мислења
8.123
Поени од реакции
8.912
Нели треба сега да ги објавуваат на СеиНет сите трансакции на Весна како лице кое има над 5% од акциите?
Еве објавија таква информација за Гранит, таму очигледно се случува нешто штом секојдневно има голем промет и цената расте во овие услови.
 
Член од
30 март 2018
Мислења
1.454
Поени од реакции
1.883
Пошо Весна со нејзините поврзани членови поседуваат над 25%, уште во моментот кога ја купила првата акција пред собранието - морале да дадат понуда за преземање. Затоа и претходно ги договориле трансакциите за да ги реализираат истовремено и по 16.500, а во кеш им се доплатени којзнае уште колку. Тие луѓе ги имале акциите по 10-20 години и ниту се интересирале ниту ги продавале, такашто сигурно не им текнало баш на сите во ист момент и по иста цена да ѝ ги продадат.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom