Пред многу години кога започнував со инвестирање на берза, направив анализа на најдобрите компании на МСЕ. ПКБ ми привлече внимание зашто имаше 2.7 П/Е и 40% заработка по акција. Но, кога го видов менаџментот, сопственичката структура и политиката на компанијата заклучив дека нема шанси како мал акционер да видам ништо од таа добивка, па затоа се одлучив за полесно дофатливи добивки.