Македонска берза

Stefus Corp.

Рационална Коза
Член од
22 август 2012
Мислења
2.097
Поени од реакции
1.821
mijak_76, може ли коментар на следново соопштение од Топлификација?

http://www.seinet.com.mk/Default.aspx?lang=MK&docID=31688
Баш и од ова ми беше страв кога една компанија има во основа само еден коминтент ако тој потфли фирмата е во многу лоша состојба...имање само еден муштерија е голем ризик.
Главно потфрлување во
приходите има во очекуваните од ТЕ ТО АД и од новиот носител на лиценците за регулираните дејности.
Од овие две фирми во првите пет месеци практично нема никакви приходи. Тоа предизвикува сериозна
загриженост во Топлификација бидејќи ако новиот носител на лиценца не ги исполнува своите обврски за
плаќање на закупот, неизвесно е дали опремата која новиот носител на лиценца ја има изнајмено ќе биде
одржувана на неопходното ниво што за Топлификација АД е исто толку битно како и приходот од закупот.
 

Stefus Corp.

Рационална Коза
Член од
22 август 2012
Мислења
2.097
Поени од реакции
1.821
Инаку, вчера државата вкупно се задолжи за 61,6 милиони евра. Интересно е дека преку шестмесечни записи, Владата на првата аукција бараше 32,5 милиони евра, со камата од 3,1 отсто, но банките беа подготвени да и' дадат дури 42 милиона евра. Тоа покажува дека дури и по оваа ниска камата за банките се попримамливи државните записи отколку да ги кредитираат компаниите. На втората аукција на шестмесечни записи, пак, со камата од 3,15 отсто, државата бараше 22,7 милиони евра, а банките нудеа 30 милиони. На аукцијата, пак, на 12-месечни записи, државата и банките се најдоа со бараниот и понудениот износ, па се собраа 5,2 милиона евра, со каматна стапка од 3,6 отсто.
http://www.utrinski.com.mk/default.asp?ItemID=915D0539D61B2E498BF4203B0E35A6B2
Папапа...камативе тонат ли тонат. 3.1% 6 месечни записи...:eek:
Иако на вчерашната аукција државата бараше да се задолжи преку шестмесечни записи по досега најниски каматни стапки од 3,1 и 3,15 отсто, домашните банки не само што ги позајмија сите барани пари туку дури нудеа и многу повеќе.
Камативе паѓаат како зелени круши @Dr Zmigo како оди?
 

Xibalba

Corona Australis
Член од
24 јануари 2012
Мислења
6.091
Поени од реакции
11.496
Бизнисите на 35 компании набргу на виделина

Од вкупно 90 барања, досега Одборот на директори на Берзата донел одлуки за котирање на 35 друштва

Друштвото на котирани компании на Македонската берза набргу ќе стане побогато за 35 нови фирми. Тие ќе бидат сместени во посебен потсегмент - задолжителна котација, покрај суперкотацијата и берзанската котација кои сега постојат на официјалниот пазар.

Задолжителната котација се воведува на инсистирање на Владата, која сметаше дека преку неа ќе го заживее пазарот на капитал во земјава, па затоа и предвиде законски новини, со кои компаниите што ги исполнуваат условите се обврзани да котираат на Берзата. Но, брокерите и првите луѓе на инвестициските фондови со кои разговаравме не очекуваат дека таа ќе донесе некое спектакуларно заживување на пазарот на капитал.

Не е проблемот во она што се нуди на Берзата, сметаат тие, туку во фактот што едноставно нема инвеститори кои би купувале од акциите што се нудат.
 
Член од
14 април 2013
Мислења
93
Поени од реакции
62
После кварталните резултати очекувам Телеком да се спушти до јули , август и до 420 денари. Оваа напумпана акција , само извонредната дивиденда ја правеше атрактивна ама резултатите кажуваат поинаку. Реално треба да дојде и до 350 но тоа во некои поцивилизирани држави. Бидете претпазливи со оваа акција во наредниот период. Добивката во првиот квартал е 3 пати помала споредено со 2011 , а дупло помала од лани. Знаеме кој е најзаслужен за дивидендата од 1 евро за 2012 , а и од кои пари се подели. А дали во иднина ќе има средства за толкави дивиденди ?

http://www.telekom.mk/mk/news_record.asp?newsid=1508
 

Stefus Corp.

Рационална Коза
Член од
22 август 2012
Мислења
2.097
Поени од реакции
1.821
После кварталните резултати очекувам Телеком да се спушти до јули , август и до 420 денари. Оваа напумпана акција , само извонредната дивиденда ја правеше атрактивна ама резултатите кажуваат поинаку. Реално треба да дојде и до 350 но тоа во некои поцивилизирани држави. Бидете претпазливи со оваа акција во наредниот период. Добивката во првиот квартал е 3 пати помала споредено со 2011 , а дупло помала од лани. Знаеме кој е најзаслужен за дивидендата од 1 евро за 2012 , а и од кои пари се подели. А дали во иднина ќе има средства за толкави дивиденди ?

http://www.telekom.mk/mk/news_record.asp?newsid=1508
Точно Јас стално трубам за оваа акција дека ја држи само нереалната дивиденда. Додуше си имаат големи резерви ТЕЛ ама ако продолжи овој тренд а доста е долг и упорен нема да може уште многу. Поприлично е веројатно дека ќе биде по 60 за 2013 окулу 40 е моја проценка. А пред неколку години даваа и 100че. Конкуренција ги јаде дивидеда ги јаде пополека ама сигурно одат надоле.
 
Член од
10 април 2013
Мислења
1.118
Поени од реакции
714
Bas sakav deneska da kupam 400 akcii od TEL. ama sega me stavivte na misla. Sto mislite dali da se prenasocam kon ALK. ili KMB ?:unsure:
 
Член од
14 април 2013
Мислења
93
Поени од реакции
62
Bas sakav deneska da kupam 400 akcii od TEL. ama sega me stavivte na misla. Sto mislite dali da se prenasocam kon ALK. ili KMB ?:unsure:
Од тие 2 секако КМБ во моментов. АЛК се скапи спрема другите акции но и најмалку ризични и можеш да си предвидиш дека другата година ќе дадат дивиденда околу 180 денари. Од друга страна КМБ даваше по 250 , 200 а една година ако не се лажам и 500 денари по акција .Значи би имал сличен ефект со двојно и малку поефтина акција. Секако ако вложуваш на краток рок пак КМБ е подобро бидејќи можеш да очекуваш и капитална добивка по акција од околу 400 денари ( тоа негде во јануари,февруари ).
Јас така мислам а ти си знаеш одлуката е твоја.
 

Stefus Corp.

Рационална Коза
Член од
22 август 2012
Мислења
2.097
Поени од реакции
1.821
Од тие 2 секако КМБ во моментов. АЛК се скапи спрема другите акции но и најмалку ризични и можеш да си предвидиш дека другата година ќе дадат дивиденда околу 180 денари. Од друга страна КМБ даваше по 250 , 200 а една година ако не се лажам и 500 денари по акција .Значи би имал сличен ефект со двојно и малку поефтина акција. Секако ако вложуваш на краток рок пак КМБ е подобро бидејќи можеш да очекуваш и капитална добивка по акција од околу 400 денари ( тоа негде во јануари,февруари ).
Јас така мислам а ти си знаеш одлуката е твоја.
Не беше 500 денари ама 200-250 беше диви на КМБ. Инаку зависи што сака КМБ е добра фирма која е во моментална криза но веројатно е да излезе така да ако сака повеќе да се ризикува во ред избор е. Но ако се сака сигурно и мала ризик а долгорочна инвестиција АЛК е можеби и најдобар избор на МСЕ се разбира мал ризик значи и мала добивка. ТЕЛ е малку незгодна мислам дека ќе избаци пак диви за 2013 ама помала и ќе паѓа. Така како долгорочна инвестиција не ја гледам ТЕЛ може само како краткорочен извор на дивиденда. Но нешто што ме загрижува како ќе реагира пазарот на ниската дивиденда очигледно е дека ТЕЛ се корисит како замена на банкарски депозит. Е сега диви за 2013 ќе биде помал да речеме 40 ден тоа на 500 ден е 8% принос во услови на волку ниски каматни стапки не е лошо...но многу зависи и од следните извештаи например ако очекуваната диви падне под 5-6% веќе може инвестирите да испаничат и да ја шутнат. Но се зависи од следните резулати во квт 2 3 итн Е сега една работа не ми јасна ТЕЛ исплаќа диви и од акумулирна добивка кој е огромна нешто како 200-300 милиони евра (не ме фаќај за бројка) дали може ТЕЛ да исплати диви од таа добивка и па да го задржи диви износот? Мислам дека не зошто гледам секогаш таргетираат диви пауоут од окулу 130% што е многу високо и опасно тоа е главна причина покрај лошите профити што не ја сакам ТЕЛ многу и не гледам иднина во таа акција. На пример споредна со АЛК има пауоут од разумни и препорачани 40% и стабилна или растечка добивка. Да АЛК е поскапа од другите акции ама мислам дека е најстабилна и најквалитетна фирма на МСЕ. АЛК ми е една од помилените акции иако е досадна и поскапа(релативно апсолутно е уште ефтина како и целиот пазар) ама за квалитетот вреди.
Лично сум повеќе за АЛК зошто несакам премногу да ризикувам ама ќе си купам и КМБ акции...малку да се стабилириза работата. Имам малку поконзервативен пристап од тебе.
 
Член од
10 април 2013
Мислења
1.118
Поени од реакции
714
Vi blagodaram Stefus i Mijak76 za Vaseto ceneto mislenje i sovet.
 
Член од
11 април 2013
Мислења
65
Поени од реакции
39
Еден од водечките бизниси на свет е и фармацијата АЛК за прв пат ќе продава лекови во Германија и швајцарија, што мислите за Реплек за 2010 доделил дивиденда 8.20% а за 2011 9.41 % а за 2012 доделил 9.52% според вас дали вреди да се вложи во подолг план.
--- надополнето: 5 јуни 2013 во 21:56 ---
Антибиотик на „Алкалоид“ првпат во Германија, Франција и во Австрија

По тригодишна процедура на анализи, процени и проверки од страна на експертски тимови, одобрен е пласманот на антибиотик на „Алкалоид“ на пазарите на водечките европски економии. Станува збор за „цефадроксил“, цефалоспорински антибиотик кој во Република Македонија е познат под името „алицеф“, индициран за третирање респираторни и уринарни инфекции, за инфекции на кожата и на меките ткива.

На крајот од минатиот месец од „Алкалоид АД Скопје“ соопштија дека ја добија првата дозвола за пласман на свој производ во водечките европски економии, пазарите на земјите од стара Европа: Германија, Франција и Австрија, која е прва самостојна регистрација на лек во историјата на компанијата за пазарите на овие земји.

Целиот проект, од развојот на лекот до комплетирање на процедурата за негово авторизирање, како што се наведува, траеше околу пет години, почнувајќи од анализа на пазарите, внимателен мониторинг на националните законодавни специфики на овие земји, усогласување на производот со најновите европски регулативи за фармацевтски производи, како и соодветна анализа при Агенциите за лекови.

Процената на квалитетот, безбедноста и ефикасноста на овој антибиотик беше предмет на анализа на над 40 експерти од сите агенции за лекови на земјите вклучени во процедурата, при што конечната позитивна одлука беше донесена со консензус на сите држави. Овој антибиотик ќе биде достапен на пазарите во Германија, Франција и во Австрија од септември.
 

Stefus Corp.

Рационална Коза
Член од
22 август 2012
Мислења
2.097
Поени од реакции
1.821
Ќе паѓаат каматите на станбените и на потрошувачките кредити, тврдат банкарите кои најавуваат нови продукти и дополнителни поволности за домаќинствата. Лани просечната стапка се спушти на 7.3% што е за 2% помалку од максималната која се нудеше во 2009-тата.
„Цената на станбените кредити е на историски најниско ниво така што тој тренд започна. Цената на благајничките, цената на државните записи паѓа. Тие се на некој начин референтна каматна стапка“ изјави Ѓорѓи Јанчевски, претседател на здружението за банкарство.
Пумпањето пари продолжува? Што ќе летне горе? Акции или Станови? Или сите пак ќе ги чуваат парите во банки за смешни камати. Ваше мислење...
 
Член од
11 април 2013
Мислења
65
Поени од реакции
39
Bi trebalo akcii bidejki popoleka pocnuva pazarot na nedviznina da se zasiti pa ke vidime sto ke bide :)
 

Xibalba

Corona Australis
Член од
24 јануари 2012
Мислења
6.091
Поени од реакции
11.496
Акции или Станови? Или сите пак ќе ги чуваат парите во банки за смешни камати. Ваше мислење...
Ни станови, ни акции, само депозитите ќе идат угоре. Македончето ги заборави лекциите од пропаѓањето на старата Љубљанска Банка, мисли дека ако државата гарантира парите се сигурни. Yeah, right.
 
Член од
14 април 2013
Мислења
93
Поени од реакции
62
Ни станови, ни акции, само депозитите ќе идат угоре. Македончето ги заборави лекциите од пропаѓањето на старата Љубљанска Банка, мисли дека ако државата гарантира парите се сигурни. Yeah, right.

И Српскиот динар падна на најниско ниво спрема еврото. Веќе е ризик да се чува поголема сума во денари. Државата гарантира ама и каматите на депозити веќе не ја покриваат годишната инфлација . Златото ќе паѓа исто така .
Ако веќе се штеди јас сум за девизи и тоа играта долар - евро .
Каматите не се важни
Кај мене прво место секогаш се акции .
Се наоѓа добивка до кај 10 - 15 % годишно.
Кај посигурните има и добра дивиденда.
Кога тогаш акции пак ќе бидат број еден .
Тогаш ќе профитира само оној што има што да продаде .
А дотогаш само фирмите да преживеат оти овој Грујо како тргнал уште банка му фали да отвори . На другите им најде конкуренција .
Пазарот на недвижности според мене се уште не е добро развиен.
Ако некој инвестира нека купува станови во центар и тоа околу 40-50 квадрати.
Најевтино е да ги опремиш , а и полесно се издаваат и продаваат .
За информација пред 3 години кога беше светската криза квадрат во Дубаи чинеше исто колку во Скопје . Секако не во Дубаи Марина каде се најскапи , ама во околина.Таму плус ако го издаваш со платена климатизација , одржување , домар ...
ти останува профит 8 - 9 % од вредноста на станот годишно , така што за 12-13 години ќе ти се врати целата инвестиција . Ама далеку сме од Дубаи .
Ако некој сака недвижности нека почека додека цената паѓа . Кога ќе се одбие и стабилизира тогаш со среќа ;)
 
Член од
10 мај 2009
Мислења
827
Поени од реакции
541
Standard & Poor i go odzema rejtingot na Makedonija deka nemoze da gi vrati svoite pari sto gi pozajmuva, a kamoli parite na stedacite vo nekoja banka. Naucna fantistika ke bide ke ispadne da se vratat pari na stedaci vo vrednost od 20000evra. Samo akcite nemoze da vi gi zemat osven da gi nacionalizraaat pak firmite so zakon.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom