Еднаш погоре кажав, суд не дели дивиденда туку собрание. Џабе е се
Па и ти бе
@DumDumDum како поголем акционер требало да се пријавиш како замешувач во спорот, ама на страната на Пекабеско.
Ако воопшто од овој смандрљан пасус може да се протолкува што поетесата сакала да каже, тоа е дека судската пресуда за поништување би прејудицирала дека тужителот ќе остварел право на дивиденда коешто не може да му го даде судот туку акционерското собрание. Тоа е таква ноторна глупост затоа што по поништувањето воопшто не мора да се донесе одлука за дивиденда.
Исто така, утврдила дека на Слободан несомнено му се дава корист на сметка на друштвото за којашто тој во согласност со член 399 поради судир на интереси воопшто и не смеел да гласа, ама сепак не ја поништува одлуката!
Поради тоа, ете гледајте што ве очекува догодина кога ќе тужите за поништување на истоветните одлуки во фирмите кадешто и вие сте акционери. Судот ќе ви одговори со ваква перфидна небулоза покривајќи ги милионските бонуси што ќе си ги исплаќаат директорите и нивната екипа. Без јавно повикување на клучните институции што ги наведов во претходните постови да реагираат, ова за две недели може Апелација да го потврди и акциите ќе ви вредат колку тоалетна хартија!