Министерката за финансии Нина Групер во минатогодишното пријавување на имотна состојба имаше над 250.000 евра депозити во Евростандард. Засекиран да не изгорела пари, сега видов дека у задната состојба таму ѝ останала минимална сума што ќе ѝ ја обештети Фондот за осигурување на депозити. Тоа е уште еден доказ за мојата теорија дека она е бриљантна особа што многукратно ќе ги надмине своите странски ментори на коишто им се улижува додека да дојде на власт, нешто како Груевски или Ѓинѓиќ.
Меѓутоа, по нашите фондови нема такви генијалци како неа, па баш ќе видиме овие денови кој колку исчурел кај газда-Трифун.
Инаку, тој Фонд за осигурување на депозити е уште една „институција“ со прстите у медот. Не ми текнува дали сум проверувал колкави им се платите, ама еве вака на невидено би рекол дека просечната е накај 80 бона.
П.С. Кога би цртал профил на идеален партиски војник, тоа би бил некој гол, бос, гладен и жеден, когошто партијата го црпнала од провинција, го поставила на висока позиција во Скопје и му дала моќ и пари, а тој после ќе копа и со раце и со нозе за да си ја задржи позицијата. Со тоа предвид, еве ја пријавената имотна состојба на директорот на тој Фондот: