Македонска археологија

Член од
20 мај 2011
Мислења
12
Поени од реакции
4
Билазора. Можеби се наоѓа на Кнежевски рид, но градот, односно скалите под ридот, се многу постари. Затоа што самиот рид, е составен од речен чакал(нанос) и неговото потекло е уште од библискиот потоп, кој датира околу 12 000год. п.н.е. И самите скали биле поплавени од тој нанос. Која била таа вода(река), што го донела тој чакал, кој се простира од Ѓуриште, до Думуз Бунар? А за тоа никој ништо не коментира, зошто припаѓа во забранетата археологија.
ЕПОХАЛНО ОТКРИТИЕ ВО СВЕТИНИКОЛСКО
Откриена Билазора - најзначајниот пајонски град
Во 217 година пр.н.е. македонскиот крал Филип Петти ја обновил фортификациската мрежа на Билазора,а во168 година пр.н.е. македонскиот крал Персеј, во фаза на подготовки за последната борба со Рим, успеал да договори воена помош од страна на Галите кои биле стационирани во нејзина близина

На локалитетот Градиште кај селото Кнежје во близина на
Свети Николе стручњаци откриле капитален објект - влезната
порта и дел од бедемот на акрополата на античка Билазора
Група музејски и научни работници од земјава и од странство деновиве на локалитетот Градиште кај селото Кнежје во близина на Свети Николе откриле капитален археолошки објект - влезната порта и дел од бедемот на акрополата на античка Билазора. Стручниот тим, Бобан Хусеновски - раководител на археолошките истражувања, Вилијам Хајдингер и Јула Метју од Фондацијата за археолошки и историски истражувања од Хјустон (Тексас, САД), консултантите д-р Ѕвонимир Николовски и археологот Стефан Данев, во организација на Народниот музеј од Свети Николе и директорот Александар Данев, на почетокот на јуни годинава почнаа со систематски истражувања на античка Билазора.
Античка Билазора најголемиот и најзначаен град на Пајонија првпат ја споменуваат Полибиј и Тит Ливиј. Тие укажуваат на нејзината стратешка географска позиција и улога на чувар на северната граница на античка Македонија во одбраната од Дарданците. Според стручњаците, два значајни датума во историјата на античка Македонија се поврзуваат со градот Билазора, 217 година п.н.е. кога македонскиот крај Филип Петти ја обновил нејзината фортификациска мрежа и 168 година п.н.е. кога македонскиот крал Персеј во фаза на подготовки за последната борба со Рим успеал да договори воена помош од страна на Галите кои биле стационирани во близина на Билазора. Пред 32 години професор д-р Иван Микулчиќ има објавено предлог-теза за местоположбата на античка Билазора на локалитетот Градиште во околината на Свети Николе. Дотогаш според некои истражувачи Кацаров и Папазогулу таа требало да се идентификува со локалитетот на Велешкото кале. Со оглед на значењето на овој капителен објект археолозите апелираат за поголемо внимание и конкретен ангажман на Министерството за култура и на општината Свети Николе заради квалитетно зголемување на ресурсите на културниот туризам во земјава. Од археолошкиот тим тврдат дека најпознатиот пајонски град е целосно зачуван под дебелиот слој земја и нуди ретка можност за запознавање и проучување на неговите вредности, како дел од недоволно истражената култура и историја на Пајонија, која на моменти претставувала дел од историската реалност на античка Македонија.
 
Член од
25 декември 2008
Мислења
1.882
Поени од реакции
1.094
Туристички мапи за локалитетот Вардарски рид

Со проектот „Мапирање на турисичкиот локалитет Вардарски рид“ на овој значаен археолошки локалитет кај Гевгелија поставени се пет паноа со цел запознавање на посетителите со богатото културно наследство што го кријат во себе старите ѕидини и предмети најдени после низа векови наталожен замјен слој на терените од локалитетот.
http://www.sitel.com.mk/dnevnik/makedonija/turistichki-mapi-za-lokalitetot-vardarski-rid
 
Член од
8 ноември 2008
Мислења
2.172
Поени од реакции
1.267

Дури пет паноа?! Е браво бе! Факт е дека Македонија археолошки (и историски) е непозната земја за вонземјаните (странците) :) и на тој план е потребно мнооооогу да се работи. Во ниеден град нема музеј кој би го посетиле туристи или барем ученички екскурзии (сегашниве “музеи“ не се музеи туку депоа), нема ни повеќејазични табли со појаснување на било која постара градба низ градовите од кога потекнува и што била таа, нема турситички бироа каде што било кој турист (не мора група) ќе изнајми водич за одредена сума и време кој ќе им ги покаже нашите знаменитости на нивниот јазик (па малку ли млади завршија факултети за разните јазици и бараат работа, а археолошката и историската приказна ќе ја научат лесно), нема сувенири (многу малку, а дури и на сувенирот-скулптурата на Карпош во Скопје, пишува Христијан Тодоровски Карпош :facepalm:), нема брошури, разгледници и армоника-разгледници (не можам да се сетам, во моментов како се викаа) и т.н. и т.н.
 
Па не би се сложил целосно со твојов пост.Незнам колку си упатен но во Македонија последниве 4-5години се организират археолошки школи во кој баш само странци се посетители.Исто така добар дел од музеите по градовите во Македонија се целосно реновирани,плус со нови поставки,каталози, и се што е потребно за еден музеј.Еве сеа гледаме и дека во Скопје се отвараат сувенирници,така да мислам дека е работава далеку од целосно сивило.Признавам дека треба уште многу да се направи,инвестира,но за почеток е одлично.
 
И колку посетители има во музеите? Колку влезници се продадени? Македонците не одат во нашиве музеи, а не пак странци. Повторно тврдам дека освен во Скопје во останатите градови музеите се депоа во кои се чуваат артефактите, а вистински изложбени музеи всушност и немаме.
 
Тоа што народот не оди во музеи е до самиот менталитет. За влезници си во право,кај нас не се плаќа во музеите(зборам за домашни посетители,за странци незнам),и пак е заинтересираноста 0. И дека вистински изложбен музеј немаме и тоа е точно засега.Од јуни ќе биде друга приказна,ќе имаме дури 1.
 
Тоа и сакав да го кажам. Доколку на пример ми дојде некој гостин “вонземјанин“ на гости, што ќе му покажам на пример во Прилеп? Ќе го прошетам низ центарот, за нешто што знам ќе му кажам (сатот, Куршумли ан, црквата Св. Благовештение, Манстирот Св Архангел во Варош (всушност Црквата), ќе го прошетам (доколку може да се јази по карпите) по Маркови Кули, до манастирите Трескавец и Зрзе нема ни салам пат, и што ќе види? Купишта камења, ѕидови од цигла и камен, урнатини и по некоја фреска и икона. Настрана тоа што јас не сум компетентен да раскажувам за нивното минато и значење (а некој ќе им даде и друго значење ;)) туку и нема ништо привлечно за гледање. Друго би било кога би имало водич кој би им раскажал “приказна“ за сето тоа, а уште и музеј во кој во стаклени витрини и обезбедени услови би се чувале реставрирани вредните експонати (по периоди) објаснети со натпис и од водич. Така изложените експонати се многу поинтересни за гледање и уште добиваат на вредност во очите на посетителите (и една девојка колку и да е убава и вредна, ако е облечена неугледно или во партали, пикната во некое ќоше без право да се појави пред посетителите, нема да дојде до израз и никој нема да знае колку е таа убава и вредна - тоа го знаела многу добро и маќеата од Пепелашка :) ).
 
V

Vollstandig

Гостин

Некој има поим ова што значи?:)

Феникијско,античко македонско,било какво?
 
Ч Е Н Т О

Методија Андонов
Член од
3 јули 2008
Мислења
1.698
Поени од реакции
1.615
Има ли некој поим ова што значи?
Пријателче, сугерираш дека на предметот има некакво писмо ли?
Прашуваш што воопшто претставува предметот ли?

Што точно?

Фотката е твоја или си ја нашол на нет?
Кои се димензиите на предметот?
 
6 x 1,5 x 1 cm
Фотката е моја. Предметот е мој.
Значење незнам:)
 
Ч Е Н Т О

Методија Андонов
Член од
3 јули 2008
Мислења
1.698
Поени од реакции
1.615
6 x 1,5 x 1 cm
Фотката е моја. Предметот е мој.
Значење незнам:)
И зошто наместо да го однесеш во најблиската институција (музеј, завод за заштита на споменици, или сл.) каде што е најден--ако воопшто самиот си го нашол--ти се реши тука да се распрашуваш за истиот..?

Имаш ниет да му одредиш цена ли..?
 
Ако некој постави слика од пирамида и праша, што значење имало, дали истото ќе му го одговориш?
Јас прашав дали некој знае што значи а не да ми кажи што треба да направам или било што.
Еве пак уште еден податок, го однесов во 2 музеи и врска немаа што е.Доттогаш ако некој има појма , можи ќе кажи:)
 
Ч Е Н Т О

Методија Андонов
Член од
3 јули 2008
Мислења
1.698
Поени од реакции
1.615
Ако некој постави слика од пирамида и праша, што значење имало, дали истото ќе му го одговориш?
Јас прашав дали некој знае што значи а не да ми кажи што треба да направам или било што.
Еве пак уште еден податок, го однесов во 2 музеи и врска немаа што е.Доттогаш ако некој има појма , можи ќе кажи:)
Види вака, убаво е да се праша кога не се знае, не викам не.
Ама ме чуди од каде на тебе ти дојде во умот дека предметот има врска со античка Македонија или Феникија..?!?

Затоа и те прашав каде си го нашол, или каде е најдено, ако ти не си го нашол..?

Имаш ли претстава од што материјал е направено..?

Тоа прстенчето горе сигурно служело за да се поврзе или да виси на нешто. Како што гледам има мал жлеб од двете страни на прстенот, значи имало тука друг дел на кој што стоело ова.
Можеби е некоја врста на печат... не знам.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom