Македонска Втора Лига

Near

Рандом лик од соседството
Член од
26 март 2009
Мислења
4.300
Поени од реакции
7.026
Тиквеш-Миравци 3-2(1:0)

Да знаев да си а уплатам 1-1 и 3+ :icon_lol:. Шала на страна,добро почнавме...поведовме со 1-0 по прекрасен гол,кратко проигрување на околу 20 метри од нивниот гол и капитен Стојановски распали. При крајот на првото полувреме по изведен корнер одлична шанса,од петерецот со глава директно во голманот кој не очекуваше и буквално стоеше и топката го удри во телото. Второто полувреме-од ѕвездени моменти,до дното...по една контра и неуспешна офсајд стапица на гостите,Тиквеш поведува со 2:0. Стрелец-Дуков. 7-8 минути подоцна,навидум еден безопасен центаршут од левата страна,напаѓачите наши и нивната одбрана ја промашија топката,таа го изненади голманот и се дотркала некако за 3:0.Стрелец-Симо од Возарци :icon_lol: Потоа по грешка на нашата одбрана,излезе сам нивниот играч и намали на 3:1.80-1 минута,одлична контра повторно за нас но Дуков промаши од ситуација слична како претходната каде што успеа да постигне гол. И потоа-најубавиот момент на мечот. Почнаа овие акција и топката стигна до еден нивни играч,кој шо распали со лева од 27-8 метри. Топката одеше по средината,ама фати некое многу чудно ефе и голманов наш не ја виде. Потоа останаа уште 5-6 минути до крајот,нашите почнаа да паѓаат по секој контакт и во последниот напад Миравци имаа шанси од корнер(слична шанса како нас на крај на прво полувреме),шутна тој 9-ката со глава,удри топката во пречката и излезе. Голманот беше совладан.

На стадионот околу 700-800 луѓе,и она што особено ме прави горд и среќен што 130-40 Лозари на силниот дожд(имено,цела ден истура денес во Кавадарци) стоеја на исток и го бодреа Тиквеш. Нова песна против управа,парола против управа,прво полувреме одлични,второ полувреме до кај 65-70 минута се пееше против управа,после се пробуваа и увежбуваа нови песни :)
 

Alen_001

Недозволен тајтл, внимавај.
Член од
25 февруари 2009
Мислења
1.626
Поени од реакции
1.184
1 Победа Ј. 10 7 0 3 7 14 7 21
2 Македонија ЃП 10 6 2 2 8 14 6 20
3 Руфеја 10 6 2 2 8 15 7 20
4 Еуромилк ГЛ 10 6 2 2 5 11 6 20
5 Гостивар 10 5 4 1 9 13 4 19
6 Скопје 10 5 2 3 8 18 10 17
7 Миравци 10 5 2 3 4 14 10 17


Интересно на врвот после една третина од првенството, најпријатно изненадување засега е Победа, убав залет земаат Еуромилк и Гостивар... под очекувањата засега Тиквеш очекував да се вбројат во битката за висок пласман, но со денешнава значајна победа против миравци можат да фатат приклучок.
 
Член од
27 ноември 2007
Мислења
31.068
Поени од реакции
74.740
Хммм големо изненадување во Ѓорче, 11 Октомври го совладал Ѓорче со 0-1 :eek:
Досега знам само три скора, Баби-Гостивар 0-2, Новаци-Тиквеш 4-0 и Ѓорче-11 Октомври 0-1.
Со тоа Гостивар излегува пред Македонија ЃП.
 
Член од
10 октомври 2009
Мислења
2.955
Поени од реакции
1.349
Хммм големо изненадување во Ѓорче, 11 Октомври го совладал Ѓорче со 0-1 :eek:
Досега знам само три скора, Баби-Гостивар 0-2, Новаци-Тиквеш 4-0 и Ѓорче-11 Октомври 0-1.
Со тоа Гостивар излегува пред Македонија ЃП.
Македонија ЃП – 11 Октомври 0:1
Скопје – Охрид 5:0
Корзо – Врапчиште 0:0
Миравци - Руфеја 1:0
Баби - Гостивар 0:2
Новаци 2005 - Тиквеш 09 4:0
Локомтива – Еуромилк ГЛ 1:1
Маџари – Победа ј 1:0

Лудница е табелава, докрај ќе биди интересно.:)
1 Гостивар 11 6 4 1 11 15 4 22
2 Победа Ј. 11 7 0 4 6 14 8 21
3 Еуромилк ГЛ 11 6 3 2 5 12 7 21
4 Скопје 11 6 2 3 13 23 10 20
5 Македонија ЃП 11 6 2 3 7 14 7 20
6 Руфеја 11 6 2 3 7 15 8 20
7 Миравци 11 6 2 3 5 15 10 20
8 11 Октомври 11 5 2 4 1 15 14 17
9 Маџари 10 4 3 3 3 9 6 15
10 Новаци 2005 11 4 2 5 -5 15 20 14
11 Врапчиште 10 4 2 4 -5 6 11 14
12 Тиквеш 09 11 3 3 5 1 17 16 12
13 Охрид 11 3 0 8 -19 11 30 9
14 Баби 11 2 1 8 -7 8 15 7
15 Корзо 11 1 4 6 -9 6 15 7
16 Локомотива 11 1 2 8 -14 8 22 5
 

Рудници и

ООЗТ Рудници и железарница - Скопје
Член од
9 декември 2009
Мислења
12.179
Поени од реакции
18.255
Голедата на “Атина Бојаџи“ ‘‘Билјанини Извори‘‘ за Охриѓани
Охрид 2004 и Баби одиграа натпревар за паметење на стадионот “Атина Бојаџи“ ‘‘Билјанини Извори‘‘ во рамките од 12-то коло во втората македонска фудбалска лига. Во меч со седум голови, три црвени , десет жолти картони и два пресврти “рибарите“ ја забележаа четвртата победа сезонава и тоа сите на домашен терен.



Резултатот први го отворија домашните со голот на Филип Митрески во 19-та минута. Фудбалерот за врска Ф. Митрески со прецизен шут по додавањето на Китрозоски го совлада голманот на Баби, Митев.



Гостите од Штип за пет минути од 29-та до 34-та минута со два погодоци во охридската мрежа комплетно го свртија резултатот во нивна корист. Егал донесе Бобан Мариќ по корнерот на Ташков додека пресвртот го комплетираше Алексов со одмерен удар од далечина.



На “рибарите“ им беа потребни две минути да се соземат од шокот. Бакулески со маестрален погодок од работ на шеснаесетикот повторно ги врати “рибарите“ во игра за трите бода.



На истекот од последната минута од првиот дел Охрид одново го враќа водството. По центаршутот Меди, Китрозоски доволно ја чепна топката за да го збуни стоперот Синев, кој реагираше неспретно и ја затресе сопствената мрежа.

Голедата на “Атина Бојаџи“ продолжи во вториот период. Охриѓани на почетокот од вторите 45 минути со вториот гол на Ф. Митрески ја дуплираа предноста.



Четвртиот погодок во мрежата внесе дополнителна нервоза во гостинскиот состав. Одбранбениот фудбалер на Баби, Јованов без топка со лакто го удри Китрозоски. Главниот судија Блажевски го забележа и оправдано му додели директен црвен картон.

До крајот на натпреварот на теренот постоеше една екипа Охрид 2004. Шансите пред голот на гостите се редеа, но охридските фудбалерите не успеаа да ја погодат целта и да слават поубедлива победа.

Опуштената игра на домаќините, гостите ја казнија во 90-та минута кога Б. Мариќ со вториот гол на мечот ги постави конечните 4-3.



Во последната минута од продолжението битолскиот судија Блажевски покажа уште два црвени картони, по еден за домашни и за гостите. Во охридскиот состав поцрвена капитенот Велески додека во тимот на Баби црвен картон заработи А. Мариќ.

Со победата над штипскиот второлигаш, “рибарите“ стигнаа од четвртата сезонава и прокнижија вредни три бодови во трката за опстанок.
Мх.П.

10.11.2012 13:59

Прочитана е : 409 пати


© 2012 Ohridnews.com. Сите права се задржани.


Moжат негде онаму по Азија да ја уплатат вторава лига???
 

Пратеник

Ала Мадрид
Член од
28 ноември 2011
Мислења
995
Поени од реакции
617
1 Победа Ј. 10 7 0 3 7 14 7 21
2 Македонија ЃП 10 6 2 2 8 14 6 20
3 Руфеја 10 6 2 2 8 15 7 20
4 Еуромилк ГЛ 10 6 2 2 5 11 6 20
5 Гостивар 10 5 4 1 9 13 4 19
6 Скопје 10 5 2 3 8 18 10 17
7 Миравци 10 5 2 3 4 14 10 17

Интересно на врвот после една третина од првенството, најпријатно изненадување засега е Победа, убав залет земаат Еуромилк и Гостивар... под очекувањата засега Тиквеш очекував да се вбројат во битката за висок пласман, но со денешнава значајна победа против миравци можат да фатат приклучок.
Зошто изненадување ? Победа мора да игра прва лига
 

Пратеник

Ала Мадрид
Член од
28 ноември 2011
Мислења
995
Поени од реакции
617
Дека финансиски се многу слаби,ради то Победа е изненадување...
Нема спонзори можда пивара и витаминка даваат по некој денар и Аџи Ристе ,али фудбалерите не земаат никаква плата или ако му дадат по 2-3000 .Фудбалерите се од младинската школа на Победа ,некои заминаа во 11 октомври ,другите си останаа.Догодина Прва Лига обавезно.
 
Z

ziko bt

Гостин
Нема спонзори можда пивара и витаминка даваат по некој денар и Аџи Ристе ,али фудбалерите не земаат никаква плата или ако му дадат по 2-3000 .Фудбалерите се од младинската школа на Победа ,некои заминаа во 11 октомври ,другите си останаа.Догодина Прва Лига обавезно.
Дека знам како е ситуацијата за то велам проблем се парите,ете Ацуле нема скршен денар,ни Витаминка дава пари,ни Пиварата,Победа функционира колку да преживеј со парите шо ги дава Хари(котизација,превоз)...
Фудбалерите не ни земат скршен денар,барем тие младите,а 95% се млади играчи,евентуално ако земат 2-3 постари по сто евра колку ради реда.
Сеа можи од полусезона ке најдите спонзор,па вгодина прва лига ке играте,ама дур го имате чика Аца се сомневам дека некој ке остај тој да изиграва газда со туѓи пари.
 
Член од
27 ноември 2007
Мислења
31.068
Поени од реакции
74.740
Хаос е во вторава лига годинава :icon_mrgr:
Од прво до осмо место разликата е само 6 бода.

1.Македонија ЃП 29
2.Гостивар 27
3.Руфеја 27
4.Скопје 25
5.Еуромилк 25
6.Победа 25
7.Миравци 24
8.11 Октомври 23

Ќе биде доста интересно. Незнам на која екипа да и дадам предност. Гледам Гостивар бајаги вложуваат, а според мене со Еуромилк се можеби играчки најаки во лигава. Еуромилк има 3 бода помалку иначе втори ќе беа со 28.
Ќе видиме кој ќе биде есенски шампион со оглед на тоа што има доста интересни дуели во последното есенско коло.

Македонија ЃП, Гостивар и Руфеја се тимовите кои може да бидат есенски шампиони.
Македонија ЃП има тешко гостување во АВтокоманда кај Скопје, Гостивар истотака има тежок меч кај амбициозната Победа, додека Руфеја има навидум најлесен меч, гостување кај Тиквеш кој многу пати киксираше на домашен сезонава.
Ќе се случи ли Руфеја да биде есенски шампион? :facepalm:
 

Prime

Оптимус
Член од
4 јули 2010
Мислења
6.144
Поени од реакции
8.109
утре Охрид-Новаци можи ќе се мести..ако ја најдите негде пробајте ја за 7+
 

Kajgana Shop

На врв Bottom