Од тамошното МНР велат дека таа воопшто не се појавува како барател на виза во нивниот компјутерски систем, ниту во амбасадата Скопје, ниту во Битолскиот конзулат.
Николина Динева вели дека два пати се обидела преку агенции да извади и туристичка виза, но не и дале ниту таква.
Две години потоа таму престојувала со бугарска привремена лична карта која се продолжувала на шест месеци, но го пропуштила рокот. ( А ти сметаш дека некој што живее подолго време тамо не знае за што аплицира????? )
Отидов во полицијата, таму ми рекоа - сега ќе си платиш казна 300 евра, ќе одиш пак во Македонија, ќе си бараш виза и за две до три недели ќе бидеш тука и ќе немаш проблеми бидејќи веќе си ја имала таа Д виза“, раскажува Николина.
„Значи јас не можам да го имам тој документ заради тоа што станот во Стара Загора кај што седиме, не е пријавен во полицијата и газдите на станот го немаат тој документ, оти немаме направено договор“, вели Николина.