Мистичен
Човек
- Член од
- 23 јануари 2005
- Мислења
- 13.578
- Поени од реакции
- 1.097
Како земја кандидат за ЕУ, Македонија воведува визи за државјани на над 140 земји. Македонската виза ќе се става на странските пасоши од февруари. Странците кои ќе сакаат да влезат во Македонија ќе треба да ги исполнуваат сите услови за издавање на шенген виза за Европската Унија.
Од 1 февруари Македонија нема повеќе да издава визи на граница за албанските државјани, туку во амбасадата во Тирана. На Албанија Македонија и нуди визно олеснување слично на она што ЕУ го даде за одредена категорија македонски државјани. За жителите на Косово, се додека имаат пасоши издадени од УНМИК, нема да има визи, но ако Косово стане независно и само издава пасоши, ќе бидат воведени визи.
Визи се потребни за државјани од држави од ризични подрачја, како на пример арапските држави, Авганистан, Ирак и повеќе од државите во Африка и Азија.
Само 50-ина држави се ослободени од визен режим со Македонија: САД, Канада, сите 27 членки на ЕУ, Норвешка, Исланд, Швајцарија, Турција, Израел, Нов Зеланд, Јапонија и други.