- Член од
- 14 март 2010
- Мислења
- 16.941
- Поени од реакции
- 16.257
По успешниот старт на првенството на нашата репрезентација и нерешениот резултат против Шведска од 26-26, ни следува уште едно искушение.
Противник на Македонија во второто коло на Европското првенство кое се одржува во Србија, ќе биди Германија, можеби овој дуел ќе биди полесен од оној против Швеѓаните, барем според играта на овие две репрезентации во последно време, но Германија без разлика со кој состав да допатува на првенствата секогаш претставувала силна репрезентација и играла до последна секунда и ни на една репрезентација не им било така лесно со нив.
Па така, ако сакаат нашите репрезентативци да ги освојат двата бода и со тоа да го обезбедат учеството во наредната ½ финална фаза, ќе мора добро да се испотат и да го дадат максимумот, без многу штедење на силите и со полна сала Чаир, поддршка од трибините како што беше на дуелот против Шведска да дојдат до историски резултат за машкиот ракомет во нашата земја.
Германија како што знаеме го нема на клупата познатиот брклија Хеинер Бранд кој долги години ги водеше до успеси како на Европските така и на Светските првенства, на негово место сега е Мартин Хеубергер. Германците направија и смена на генерацијата, во составот и речиси да немаат некое позвучно име, но сите репрезентативци им играат во домашното првенство, најсилната лига во светот.
На последното ЕП во Австрија во 2010 година доживееа вистинско фијаско, го освоија 10то место, што за нив е најслаб пласман од кога се одржуваат првенствата, а имаат учествувано на сите до сега одржани Европски шампионати. Шампиони се од 2004та година, на првенството кое се одржа во Словенија.
Најзвучно име во редовите на Германската репрезентација е Паскал Хенс, тука се и Оливер Рогиш, Доминик Клајн, Холгер Гландорф, а од младите сили може да се издвои како најдобар Уве Геншеимер, а не е за потценување и Патрик Гроецки кој игра во дресот на Рајн-Некар.
Голманското дуо го сочинуваат Силвио Хеинветер кој настапува во Фуше Берлин и Карстен Лихтлеин кој ги брани боите на Лемго.
Германија на првиот натпревар на ова Европско првенство беше поразена од Република Чешка со три гола разлика, 27-24. Во тимот на Германија се издвои Кауфман со 5 погодоци.

Очекувам нашите ракометари да го вложат максимумот во овој меч, да не ги штедат силите за последниот дуел против Чешка, и зошто да не ги совладаме Германците и да и докажиме на Европа дека сме созреани за нов успех, овој пат на Европско првенство.