Македонија – Германија [17.01.2012, 18:15]

Статус
Затворена за нови мислења.
Член од
14 март 2010
Мислења
17.046
Поени од реакции
16.574
По успешниот старт на првенството на нашата репрезентација и нерешениот резултат против Шведска од 26-26, ни следува уште едно искушение.

Противник на Македонија во второто коло на Европското првенство кое се одржува во Србија, ќе биди Германија, можеби овој дуел ќе биди полесен од оној против Швеѓаните, барем според играта на овие две репрезентации во последно време, но Германија без разлика со кој состав да допатува на првенствата секогаш претставувала силна репрезентација и играла до последна секунда и ни на една репрезентација не им било така лесно со нив.

Па така, ако сакаат нашите репрезентативци да ги освојат двата бода и со тоа да го обезбедат учеството во наредната ½ финална фаза, ќе мора добро да се испотат и да го дадат максимумот, без многу штедење на силите и со полна сала Чаир, поддршка од трибините како што беше на дуелот против Шведска да дојдат до историски резултат за машкиот ракомет во нашата земја.

Германија како што знаеме го нема на клупата познатиот брклија Хеинер Бранд кој долги години ги водеше до успеси како на Европските така и на Светските првенства, на негово место сега е Мартин Хеубергер. Германците направија и смена на генерацијата, во составот и речиси да немаат некое позвучно име, но сите репрезентативци им играат во домашното првенство, најсилната лига во светот.
На последното ЕП во Австрија во 2010 година доживееа вистинско фијаско, го освоија 10то место, што за нив е најслаб пласман од кога се одржуваат првенствата, а имаат учествувано на сите до сега одржани Европски шампионати. Шампиони се од 2004та година, на првенството кое се одржа во Словенија.
Најзвучно име во редовите на Германската репрезентација е Паскал Хенс, тука се и Оливер Рогиш, Доминик Клајн, Холгер Гландорф, а од младите сили може да се издвои како најдобар Уве Геншеимер, а не е за потценување и Патрик Гроецки кој игра во дресот на Рајн-Некар.
Голманското дуо го сочинуваат Силвио Хеинветер кој настапува во Фуше Берлин и Карстен Лихтлеин кој ги брани боите на Лемго.

Германија на првиот натпревар на ова Европско првенство беше поразена од Република Чешка со три гола разлика, 27-24. Во тимот на Германија се издвои Кауфман со 5 погодоци.
Очекувам нашите ракометари да го вложат максимумот во овој меч, да не ги штедат силите за последниот дуел против Чешка, и зошто да не ги совладаме Германците и да и докажиме на Европа дека сме созреани за нов успех, овој пат на Европско првенство.

makedonija-shvedska-niz-fotografii_59338.jpg
 
Така бе ВФ. Сега ќе оргираме за сини картони да ти дат :ROFLMAO:
 
Филип ''Miracle" Миркуловски :vozbud:
 
Епа нека е со лесно. Одиме на победа!
 
За овој натревар очекувам да извадиме подобар резултат,и повеќе среќа ќе имаме,бидејќи Германците нели изгубија од Чесите,па зошто и ние да немаме шанса? :)
 
Е вака се отвора тема, со многу информации и со добар вовед. А за Германците точно дека сите играат у домашно првенство, ама у поскапаните екипи како Берлин, Лемго и Магдебург. Сеа ќе дојде трупер и ќе ми рече дека и тие се јаки екипи.:cautious: Факт е дека се послаби од швеѓаните, немаат брз центар. Голманите им се добри, Генцшајмер и Доминик Клајн. Хенс не го бива.

Единствено нешто што ме плаши е дека германците тука ја имаат единствената шанса да да одат понатаму, со Шведска нема шо да бараат. А не верувам дека ЕХФ ќе дозволи да отпаднат од прва фаза. И да ги изгубат големите средства што ќе произлезат од маркетингот на АРД или РТЛ, незнам која пренесува.
 
зошто ја избришавте мојата тема за македонија-германија?
 
зошто ја избришавте мојата тема за македонија-германија?
Едно од правилата: Види Фотос ги отвора темите за натпреварите на ЕП/СП
 
зошто ја избришавте мојата тема за македонија-германија?

Види фотос го отвора сите теми уште од ЕП кошарка ,се веруе дека носи среќа :P суеверие сваќаш..ништо лично против тебе..
 
Победуваме бе.Јас прееска гледав Гер-Чешка и се шокирав како овие чесите им даваа голови на германците.:cenzura:

зошто ја избришавте мојата тема за македонија-германија?
Така. :D
 
За овој натревар очекувам да извадиме подобар резултат,и повеќе среќа ќе имаме,бидејќи Германците нели изгубија од Чесите,па зошто и ние да немаме шанса? :)

Конечно нешто добро и од тебе :)
 
зошто ја избришавте мојата тема за македонија-германија?
Ај бе па ти не се депримирај да ти еам,ништо лично не е ама шиттерашот (:LOL:) кога отвара теми не губиме. :icon_lol:

Нека не те осакати ова,пишувај си на темава.
 
Ајде со среќа, па идеме на победа.
Иначе, дај бе Шундо ниедна извади го оној голманот, неможам да го гледам, врска нема.
 
Токму така, они со нас ќе ја бараат шансата. И ние во нив ја бараме. Се надевам ќе се најдеме заеднички, они прегорени во желбата да не победат, ние како поквалитетен тим со „ладна“ глава.
Не очекувам срцев удар натпревар, нашите ќе заиграат во право светло. Победа.
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom