Македонија – Германија [17.01.2012, 18:15]

Статус
Затворена за нови мислења.
Член од
27 ноември 2007
Мислења
30.982
Поени од реакции
74.030
Уште подобро тогаш убаво ме потсети, проверете ги статистиките и од тие мечеви со Унгарија, Босна и Естонија. Значи и тогаш во тие квалификација за пласман на ЕП 2009та и сега за 2012та ЕП, стигнуваме со негова заслуга.

И проверете ја официјалната статистика од овие два меча до сега, дека и покрај се Кире Лазаров е повторно на делба на првата позиција.
Не бидете такви неблагодарници да заборавите се за само еден миг.
Вечерва играат Реал-Барса. Роналдо, Меси, или било кој од ѕвездите може да се случи да има слаба партија. Што тогаш, одма ќе станат предавници, виновници, непожелни ? Одма публиката ќе заборави на се друго и треба да го смени мислењето за нив? Не, тоа го има само кај нас, тој е тој МЕНТАЛИТЕТ кој го имаме ние, кога некој е добар преувеличувај го, ако малку згреши плукај го.
Ќе зборам за моите критики...:)
Значи не го критикуваме без причина, ниту пак некој плука по него.
За овие два меча доби оправдани критики за неколку негови постапки, кои едноставно не смеат да му случќат на играч од кој најмногу се очекува.
И не е само на овие два меча, постојано ги прави тие грешки. Значи незнам што има толку мерак да шутира одма во моменти кога имаме играч повеќе. Ако може и од поле ќе шутне...
Време е некој да го опамети малку, пошто неможе цело време да се вади на тоа дека е најдобар а нас баш ради тие шутеви да ни пропадне цело првенство.
Знаеш и сам дека на моменти е доста тврдоглав и дека ако не е по негово претерува (нека ти текне само на изјавите по мечот Вардар-Загреб кога во целата таа лудница каде што и ѕидовите во Кале се топеа :D, не сме ни слушнале кога го најавуваат неговото име па си добил свирежи како и цела останата екипа, па навреден од тоа изјави дека несака да игра веќе за Македонија. Бар ти како Комита, сигурно ја памтиш таа изјава која можеби беше дадена во афект...). Не може бе ако еден ракометар утнува два седмерци, пак да ги изведува он. Једино можам да го сватам тоа ако дсругите стварнио немаат муда да ја земат топката и да шутираат. Ама не ми се верува дека Златко тутку така би се откажал...
Ќе кажам пак, никој не го обвинува Кире што шутира во напади во кои сите како пички се кријат, топката круѓи две минути и мора да има шут пошто се заканува пасивен напад, туку за многу ситуации во кои имаме ситуацијан да го дадемне завршниот удар, а он на сам почеток на акцијата со играч повеќе задава некои нерезонски шутеви, по кои губиме топка и одма ни израмнуваат...
МОРА да добие критика за тоа, па ако сака нека биде и господ...
Дека без него неможеме, и тоа е вистина. Дека он ја креира цела игра и тоа е вистина.
Дека без него нема да дојдеме до овде, и тоа е вистина.
Ама зошто кога се има потенцијал за многу поголеми дострели, мора да ја истакне својата тврдоглавост и да не три критики и место да го одлучи победникот, ни носи инфаркт завршници.
Неговото отсуство најдобро се виде на дуелот во Скопје со Унгарија кога не одигравме АПСОЛУТНО НИШТО.
Значи мора да го скроти неговиот темпреамент за да стане уште поголем играч и најголем спортски херој...
 
Член од
31 мај 2009
Мислења
1.255
Поени од реакции
2.590
^ Види, за тоа кој да изведува седмерци, убаво пиша еден член, да не го барам мислењето сега. Значи неможе Кире самиот да отиде да му каже на некој друг, „ај шутирај ти јас неможам“. Кире е капитен. Он несмее и неможе да бега од одговорност. Нормално дека тој ќе се нафати да шутира во секое време макар и да не му оди. ТРЕНЕРОТ е тој кој треба тоа да го среди. Размислете малку.

Не е виновен Кире што целата стратегија на Шундовски се сведува на самиот Кире, што крилата не добиваат топки од останатите. Не е виновен Кире што одбраната зева кога голманот наш ќе одбрани зицер и топката повторно се враќа кај противниците, кој постигнуваат гол од втора. Не е виновен Кире што Наумче (почнувам од него, заменик капитен е) и останатите се кријат и бегаат од одговорност, не прифаќаат никаков вид ризик. Не е виновен Кире што од судиите имаше блага наклонетост кон противниците.

За дел од критиките во твојот пост, може да се прифатат. Но тоа незначи омаловажување и навредување на Кире Лазаров. Тоа не значи да се заборави се што стори тој.
Затоа што и за тие критики од ова првенство, како што гледаш не е виновен само тој, погоре наведов убаво.
 
Член од
29 август 2008
Мислења
2.646
Поени од реакции
931
Сеа не ми ставај зборови у уста, ја не го критикувам малиот никаде туку само кажувам колку не кошташе тоа промашување, што е факт, поготово ако се земе во предвид што значи таква шанса во ракомет, поголеми се шансите пенал да промашиш во фудбал а да брани некој аматер, отколку ова на Манасков. Ова не е критика, ова е само спомнување на еден ракометен факт.
Ја само потенцирам дека констатацијата '' задари Кире изгубивме '' не е точна и благе везе нема со реалноста, тоа само човек кој денес почнал да гледа ракомет може да го тврди.

Објаснив кои други работи влијаеа на овој пораз, а промашувањето на крај и 5те голови од втора шанса, повторувам, 5те голови од втора шанса, дефакто се каде-каде поголема причина за овој пораз од промашувањата на Лазаров, и покрај сите тие останати негативни карактеристики на тимов од дуелов со Германија, со кој памет се бутка ставот дека поради Лазаров сме изгубиле ?!

Срамтоа е да се фрла 1 тон кал врз капитенов, да му препишеш пораз неосновано такоџе е тешка навреда за него.

За останатото од постов немора да коментирам си имаш свој став и тоа е тоа, конкретно за болдот:
Не е ли срамота од негова страна према останатите играчи за нивниот труд, мака и пот тоа што он како шериф се распалуваше ама ретко погодуваше?

И мене тоа ме интересират . Зошто да сме хендикепирани на левата бековска кога имаме ѕвер на таа позиција. Па некој поупатен нека напише дали е повреден , вонформа или за нешто друго се работит (тоа дека не игра ради брат му на Кире се шпекулаци кои можеби се точни но не сакам да вервам во такви срања).
Почни да веруваш.

Овој народ не го заслужил Кирил Лазаров. Човекот со повреда игра на првенството, не знам како не можете да забележите дека откако ќе шутне цело лице му се грчи, не е човекот 100 посто физички спремен. Ама пак гине, цело време асистира и покрај тоа што постојано му се бесат на грб. Не му е брат близнак на Чак Норис па да буши и покрај 2-3 околу него. Утнал пенал, утнал. И? Големо чудо. Се дешава. Човек е, не е машина. Одбраната е крива во овој случај, што кога Диви бранеше они како посматрачи ја гледаа топката, наместо да ја зачуваат. Не знам зошто нашиве играат. Гинат, со цело срце играат, се носат рамо до рамо со најдобрите репрезентации, за што? За да ги плукаат луѓе кои ни основните правила на ракомет не ги знаат? Јас си признавам, не сум некој голем познавач на ракомет, површно го познавам спортот, ама кога некој игра со срце и душа, не ми треба знаење. Кире земале да го критикуваат. Цццц... А и за Манасков не смеете да зуцнете, даде два многу битни голови, а сега утнал, утнал. Има луѓе и со долгогодишно искуство па им се случува да промашат зицер.Има 19 години, и тие два гола беа прекрасни и одлични. И секоја му чест на малиот. Се бореа до последен здив, со последниот атом енергија, на моменти (во прво полувреме) играа и против судии. За кого? За МАКЕДОНИЈА. Не за себе, не за Трајко или Петко, туку за оваа држава. И треба да ги бодриме, а не да ги удавиме во критики, нив им е најтешко. Денес, притисокот уште не ми се спуштил, глава ме боли ко никад досега, уште ми се тресе снагата, криво ми е премногу, зашто тие момци заслужуваат да одат понатаму. Таа публика заслужува да оди во Белград. Тие се наши златни момци, подобри немаме, а сите експерти нека се пријават во Федерација, може ќе ги земат нив за селектори.

Хахахахахах:pos:

не е некој мајстор за пенали ама нема кој друг да шутира само ме нервира кога ке шутира пенал и ке упати полувисока топка која е најлесна за голманите
Најдобар пеналџија во репрезентација е Златко, сепак има кој друг да шутне.
 

Syn

https://www.youtube.com/watch?v=zBkuNpgACH0
Член од
23 декември 2007
Мислења
30.047
Поени од реакции
45.761
За останатото од постов немора да коментирам си имаш свој став и тоа е тоа, конкретно за болдот:
Не е ли срамота од негова страна према останатите играчи за нивниот труд, мака и пот тоа што он како шериф се распалуваше ама ретко погодуваше?
Не, далеку е тоа од срамота, не е ни прв ни последен ЛИДЕР на екипа кој изиграл на ваков начин, реков, лош ден на лидерот во тимот под дифолт не е основа за да се каже дека поради него загубиле.
Ако ме читаше од старт на оваа тема реков, никој не е имун на негативни критики, без разлика кое име стои на дресот, ја стриктно се осврнувам на оние кои тврдат дека токму он бил причината за поразот од Германија што не е точно.
 
Член од
30 август 2009
Мислења
584
Поени од реакции
212
Го ставија ли вториот дел од утакмицата на јутјуб, да го видам диви како ја јаде топката .. :) ?
 
Член од
29 август 2008
Мислења
2.646
Поени од реакции
931
Не, далеку е тоа од срамота, не е ни прв ни последен ЛИДЕР на екипа кој изиграл на ваков начин, реков, лош ден на лидерот во тимот под дифолт не е основа за да се каже дека поради него загубиле.
Ако ме читаше од старт на оваа тема реков, никој не е имун на негативни критики, без разлика кое име стои на дресот, ја стриктно се осврнувам на оние кои тврдат дека токму он бил причината за поразот од Германија што не е точно.
Баш она што го спомна ЛИДЕР, како таков треба да ја смири играта со играч повеќе и паметно да изигра а како играч од таков калибар сигурен сум дека го може тоа и знае дека и десно крило треба да разигра за да се развлече одбраната а истото не го направи зашто повторно потајно сака да биде стрелец број еден.
Стриктно он не е виновен јасно е тоа, но е прва причина од сите останати.

Што има смешно во тоа што реков дека го познавам површно ракометот?:cautious:
Нема ништо смешно освен постот твој генерално земено па и не си требала да пишеш дека имаш само површно знаење. свиркај си....:D
 

Crazy in Love

Here's looking at you kid.
Член од
25 јануари 2007
Мислења
23.859
Поени од реакции
25.413
Нема ништо смешно освен постот твој генерално земено па и не си требала да пишеш дека имаш само површно знаење. свиркај си....:D
Па подобро да кажам дека површно го знам ракометот, односно само основните правила, отколку да се правам експерт како пола форум, а немаат врска ни кои играчи играат во мак. репрезентација. Јас сум само искрена. Не сум голем обожавател на ракометот и го следам кога играат наши тимови или кога игра репрезентација.
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

На врв Bottom