Ако ова :
„Со тоа се цели да се истакне и прикаже суверенитетот и интегритетот на државата... Со донесување на овој грб, Македонија ќе се вброи во семејството на европските земји, како земја со европски стремежи, кои се грижат за своето минато, но и за својата иднина, промовирајќи заедништво и врзувајќи се за симбол кој не носи никаква поделба по ниту еден основ во себе, туку напротив создава единство на сите што живеат на овие простори“
е стварно објаснувањето зошто ќе се менува сегашниот грб :
1. Зошто мотив треба да ни биде тоа да не пофали некој од страна дека сме биле во семсјството на европските земји и имаме некакви си европски стремежи ?
Па нели сме суверена држава бе мајку му стара, нели сувереноста значеше дека самостојно донесуваме одлуки ебате.
Ќе кажете „да, суверени сме зошто сами ја донесуваме одлуката“ ама зошто цело време ние треба некому да се докажуваме дека сме држава, дека имаме историја, корени...
Менуваме Устав заради некое копито од надвор да ни рече браво, менуваме грб пак за истото копито да ни рече браво ?!
2. Грбот ќе бил показател дека државата се грижела за минатото и иднината...
А Југославија шо ни беше нас, или и ние како и германците што се срамат да кажат дека Хитлер бил германец, ние ќе бегаме од Југославија како вампир од лук ?
3. Шо испадна сеа дека лошите меѓуетнички односи се зошто сегашниов грб е симбол на поделби ?!
Од кога Шар Планина, Сонцето, Вардар и афионот станале симбол на поделба ?!
Според мене кога веќе се тргна петокраката нема потреба од други промени. Грбот си е добар ваков каков што ни е.