Македонија со најниска невработеност во последните окулу 50 години

Член од
20 јули 2016
Мислења
7.663
Поени од реакции
4.974
Моментално невработеноста е 17.5/100. Релативно висока бројка ако се спореди со соседни земји но, историски тоа е проблем многу долго време. Највисока била во 2004 та 38.5/100. Но за време на СРМ била повисока од денес на пример во 1980та била 26/100 најверојатно на ова ниво била во почетокот на 70тите. Што значи дека ова е историски успех. Понатаму бројот на вработени од 2004 е зголемен од 500000 на 800000 или +300000 лица. Додека бројот на невработени од 350000 е намален на 150000 или -200.000 лица. Моментално пазарот е најповолен во најверојатно последните 50 години за вработување.
macedonia-employed-persons@3x.png macedonia-unemployment-rate@3x.png macedonia-unemployed-persons@3x.png
 
Makaron

КЕН ЛИИИИ лиду дибу даут јууууууу !!!!
Член од
16 јули 2014
Мислења
7.612
Поени од реакции
11.739
Уште плата да зголемеа и ќе биде добро, вака само мигрираат веќе вработените од една во друга фирма.

Затоа што фирмите бараат само квалификуван кадар или кадар со искуство.

Младите не се нафаќаат да работат за 15к затоа што од една страна немаат работна навика а од друга тие пари не менуваат ништо во животот.

Ако може да се извади статистика колку е просек на стаж во сите фирми, т.е колки долго се задржуваат пред да менат работа.
 
Член од
20 јануари 2013
Мислења
399
Поени од реакции
472
Ке нема работници за некое време у секој сектор зашо се иселија многу луге...
Старите искусните келнери низ појакте локали почнаа да зиммаат плата и до 40ооо денари па нагоре
 
smihajlo

Superposition, Relentless
Член од
11 август 2010
Мислења
3.668
Поени од реакции
4.397
Малку тешко е во нашава држава да направиш било каква статистика со оглед на тоа дека од 2002 нема попис. Инаку по некоја логика ако се иселат и тие 18% ќе имаме 0% невработеност дали тоа значи голем успех одговорот ќе зависи од тоа кого прашуваш.
 
Член од
14 ноември 2009
Мислења
17.290
Поени од реакции
15.508
Уште плата да зголемеа и ќе биде добро, вака само мигрираат веќе вработените од една во друга фирма.

Затоа што фирмите бараат само квалификуван кадар или кадар со искуство.

Младите не се нафаќаат да работат за 15к затоа што од една страна немаат работна навика а од друга тие пари не менуваат ништо во животот.

Ако може да се извади статистика колку е просек на стаж во сите фирми, т.е колки долго се задржуваат пред да менат работа.
Тие млади што не сакаат да почнат за 15к и што животот им е кладилница и кафиња им прават добро на тие што сакаат да работат.
Секоја земја има доброволна невработеност, а ние мислам дека би биле лидери во оваа категоријата ако некад успее точно да се измери.

Тие што ги знам дека почнаа со 12к пред 6 години, економски факултет, ни еден не е сега испод 40к, а има некој и со 70к.

Нас ни фалат уште 2-3 добри компании за уште малку да се раздвижи конкуренцијата.

А да, фали и мн подобро високо образование.
 
Член од
11 октомври 2010
Мислења
6.546
Поени од реакции
21.524
Младите не се нафаќаат да работат за 15к затоа што од една страна немаат работна навика а од друга тие пари не менуваат ништо во животот.
Топ муабет дека 15к не менувале ништо, особено за они што се заглавени до гуша или па голтарат.
Во Македонија изгледа полесно им е да кажат дека не се исплати да работиш за таа плата отколку да пробаат да почнат да заработуваат.
Младите имаат превисоко мислење за себе и мислат дека ако завршиле од тие безвезните смерови на штипскиот факултет дека се веќе квалифицирани за плата од 35к. Па така обично бива дел да се невработени така до 30 година, па после незнаат што со себе кога ќе треба фамилија да основаат, а други се нафаќаат на криминал/коцка па така заедно добиваш една младина што за кур не ја бива.
 
Член од
6 април 2014
Мислења
4.947
Поени од реакции
6.144
Namalen e procentot na nevrabotenost poradi golemata migracija vo stranstvo da ne pomisli nekoj deka e namalena poradi dobrata ekonomija vo drzavata. I tie 250000 poveke vraboteni se dolzi na toa sto sega imame pola milion administrativci odkolku pred 10 godini koga sme imale 200 000 da ne se zalazuvame ziveme vo mizerna drzava. I mozebi vo skopje ne rabotat za 15K plata ama vo drugite gradovi seuste pocetnata plata e 12K vo konfekcija i 10K
 
M

Macedon1um

Гостин
Постарите генерации одат во пензија, младите во странство, партиските ботови во администрација така да мора да се намалува невработеноста
И секако дел вработени во странските инвестиции што ги донесе предходната влада, го размрдаа малце пазарот на труд..
 
Lester Freamon

A man of focus, commitment, sheer will...
Член од
14 јануари 2015
Мислења
15.656
Поени од реакции
34.947
Тие млади што не сакаат да почнат за 15к и што животот им е кладилница и кафиња им прават добро на тие што сакаат да работат.
Секоја земја има доброволна невработеност, а ние мислам дека би биле лидери во оваа категоријата ако некад успее точно да се измери.

Тие што ги знам дека почнаа со 12к пред 6 години, економски факултет, ни еден не е сега испод 40к, а има некој и со 70к.

Нас ни фалат уште 2-3 добри компании за уште малку да се раздвижи конкуренцијата.

А да, фали и мн подобро високо образование.
Во кои фирми земаат 40к и 70к економисти со 6 години искуство?
Јас во банки што работат по толку време знам дека не се мрднати повеќе од 450 евра, инженери познавам со толку искуство што не се ни блиску до 40к.
 
Член од
14 ноември 2009
Мислења
17.290
Поени од реакции
15.508
Во кои фирми земаат 40к и 70к економисти со 6 години искуство?
Јас во банки што работат по толку време знам дека не се мрднати повеќе од 450 евра, инженери познавам со толку искуство што не се ни блиску до 40к.
Банките изгледаат убаво од надвор, за плати повеќето се околу просекот. Тие што работеа со мене ревизија, сега сите се над 40к, дали во ревизија, во Пивара, телеком, во индустрискиве зони..
Е сега има работа и прекувремени часови на почетокот, ама ако татко ти не е папата, мораш да се испотиш
 
Lester Freamon

A man of focus, commitment, sheer will...
Член од
14 јануари 2015
Мислења
15.656
Поени од реакции
34.947
Банките изгледаат убаво од надвор, за плати повеќето се околу просекот. Тие што работеа со мене ревизија, сега сите се над 40к, дали во ревизија, во Пивара, телеком, во индустрискиве зони..
Е сега има работа и прекувремени часови на почетокот, ама ако татко ти не е папата, мораш да се испотиш
Ама тие фирми што ти ги спомнуваш дали покриваат и 10% од местата во тој сектор и не секој може да стигне да работи таму, т.е во превод ретко кој без врски може да се вработи во некоја од погоре наведените компании.
Во останатиот приватен сектор платите во таа област се најчесто под просек, а апла почетните и под минималните вредности.

Кога правиме муабет за плата не треба да ги калкулираш во тоа бонуси, прекувремени, ноќни, викенди, со сите овие комбинации ти може и да извадиш 40 000 денари, ама не си работел 160 часови во месецот туку 300 часови за тие 40 000 денари, така да излегува дека пак си под просек со плата, само живееш за да работиш и некако гураш до таа сума.
 
Не треба врски за ниедна од тие. Само во ревизија имаш прекувремени доста, во другите малку или ич. Платите се без прекувремени, и сл.

Значи има добри и лоши плати, ама гарантирам дека 90% се правилно распределени според знаењето, заложувањето, и аспирациите.
Не може некој да клати врата и да зима 40к а некој да има работа, одговорности и сл.. и он да зима 40к.
 
Lester Freamon

A man of focus, commitment, sheer will...
Член од
14 јануари 2015
Мислења
15.656
Поени од реакции
34.947
Не треба врски за ниедна од тие. Само во ревизија имаш прекувремени доста, во другите малку или ич. Платите се без прекувремени, и сл.

Значи има добри и лоши плати, ама гарантирам дека 90% се правилно распределени според знаењето, заложувањето, и аспирациите.
Не може некој да клати врата и да зима 40к а некој да има работа, одговорности и сл.. и он да зима 40к.
За во Пивара или во Телеком не треба врски за вработување и тоа за економисти?
Верувам не правиш муабет за аутсорс кој работи за овие компании туку за директно вработување во нив, ако е за аутсорс е друга приказна.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom