М
Мартин`
Гостин
Неодамна изградената вештачка карпа за спортско качување, наскоро ќе биде пуштена во употреба.
Дваесет метарската карпа која е највисока на Балканот и втора по висина во Европа е лоцирана на кејот на Вардар во населбата Карпош 3, близу скејт паркот.
Ова е најмодерниот спортски објект во Македонија, истакна директорот на агенцијата за млади и спорт, Диме Спасов.
-Овој проект го започнавме во февруари 2010 година, а сега во јуни 2011 година како што ветивме реализацијата се оствари. Карпата е изградена и набрзо свечено ќе биде пуштена во употреба. Вредноста на овој прроект е 30 милиони денари. Верувам дека ќе биде добро примен од страна на сите граѓани, рече Спасов.
Карпата е изработена според сите меѓународни стандарди и на неа може да се одржуваат натпревари од највисок светски ранг.
-Направена е за сите видови натпреварување во искачување на вештачки карпи, за брзинско, висинско односно тежинско и болдер качување, додаде директорот Спасов.
Цената на целодневниот билет ќе изнесува 200 денари, а за рекреативците кои ќе сакаат да се качат 2 пати ќе чини 100 денари, а ќе има и професионални обуки од страна на инструктори од спортско качувачката федерација.
Спортскиот објект каде што се наоѓа вештачката карпата е надополнет со соблекувални и осветлување за да може да се качуваат спортистите и во вечерните часови.
Овој објект е дел од програмата на Владата на Македонија и Агенцијата за млади и спорт.
Видеото може да го видите тука.