Македонија со највисока спортска карпа

  • Креатор на темата Креатор на темата Мартин`
  • Време на започнување Време на започнување
М

Мартин`

Гостин
Неодамна изградената вештачка карпа за спортско качување, наскоро ќе биде пуштена во употреба.

Дваесет метарската карпа која е највисока на Балканот и втора по висина во Европа е лоцирана на кејот на Вардар во населбата Карпош 3, близу скејт паркот.
Ова е најмодерниот спортски објект во Македонија, истакна директорот на агенцијата за млади и спорт, Диме Спасов.
-Овој проект го започнавме во февруари 2010 година, а сега во јуни 2011 година како што ветивме реализацијата се оствари. Карпата е изградена и набрзо свечено ќе биде пуштена во употреба. Вредноста на овој прроект е 30 милиони денари. Верувам дека ќе биде добро примен од страна на сите граѓани, рече Спасов.
Карпата е изработена според сите меѓународни стандарди и на неа може да се одржуваат натпревари од највисок светски ранг.
-Направена е за сите видови натпреварување во искачување на вештачки карпи, за брзинско, висинско односно тежинско и болдер качување, додаде директорот Спасов.
Цената на целодневниот билет ќе изнесува 200 денари, а за рекреативците кои ќе сакаат да се качат 2 пати ќе чини 100 денари, а ќе има и професионални обуки од страна на инструктори од спортско качувачката федерација.
Спортскиот објект каде што се наоѓа вештачката карпата е надополнет со соблекувални и осветлување за да може да се качуваат спортистите и во вечерните часови.
Овој објект е дел од програмата на Владата на Македонија и Агенцијата за млади и спорт.

Видеото може да го видите тука.
 
-Овој проект го започнавме во февруари 2010 година, а сега во јуни 2011 година како што ветивме реализацијата се оствари. Карпата е изградена и набрзо свечено ќе биде пуштена во употреба. Вредноста на овој прроект е 30 милиони денари. Верувам дека ќе биде добро примен од страна на сите граѓани, рече Спасов.

Цената на целодневниот билет ќе изнесува 200 денари, а за рекреативците кои ќе сакаат да се качат 2 пати ќе чини 100 денари, а ќе има и професионални обуки од страна на инструктори од спортско качувачката федерација.
Многу голема бројка е таа инвестиција, нешто под 500.000 европски само. Ние да правевме колективно, ќе направевме во секој град да има со овие пари. :)
И цените се високи, треба да паднат на 50 денари.

Не, фала.
 
Мило ми е што гледам дека се инвестира во спортот, од тоа придобиваат сите, а и да се намали цената на картите нема да биде лошо, сепак спортската рекреација треба да е достапна на сите. Но сепак мислам дека треба да се инвестира и во помалите места, ако не рамномерно барем да се прават делумни инвестиции со коишто ќе бидат подеднакво задоволени потребите на граѓаните на ниво на Македонија. Со ваквиот принцип на работа ќе се подобри општата здравствена состојба особено на младите луѓе, а и психолошкото задоволство (главно на љубителите на спортот) ке резултира со поефикасно работење и придонесување за општеството. Нормално ова ќе има и ефект на "заживување" како на поголемите, така и на помалите места.
 
Но сепак мислам дека треба да се инвестира и во помалите места, ако не рамномерно барем да се прават делумни инвестиции со коишто ќе бидат подеднакво задоволени потребите на граѓаните на ниво на Македонија. .

Во последниве години се повеќе и повеќе се инвестира во спортот и тоа се забележува секаде, пример во Велес каде што живеам јас само во последниве години е изграден еден помошен стадион за тренирање - фудбал, добро тениско игралиште исто така и игралиште за одбојка (како што знам прво во градов).. се реновираа и добар дел од салите, се сменија и паркетите во неколку училишта што е добар старт.
 
Супер е нашава карпа, но насловот е многу погрешен.

Нашава карпа не се ни споредува со оваа на пример (се наоѓа во Холандија)-
153263_460s.jpg
 
^ Каде е ова ?

Супер е нашава карпа, но насловот е многу погрешен.
Епа тогаш насловот си е во ред, ако продолжиш да го читаш текстот ќе разбереш во кои рамки е најголема.
 
Супер е нашава карпа, но насловот е многу погрешен.

Нашава карпа не се ни споредува со оваа на пример (се наоѓа во Холандија)-

Зошто забелешка?Ако добро сфатив,супер била нашата,ама не била доволно супер.
Битното е дека е убо шо се изградила и е за нешто за поздрав.Ирелевантна е некоја си друга карпа на 2000 км. оддалеченост.
 
Oдлично!Чим е најголема на Балканот значи треба да очекуваме и туристи од околните земји кои би дошле тука специјално за карпата:)
 
Супер е нашава карпа, но насловот е многу погрешен.
Нашава карпа не се ни споредува со оваа на пример (се наоѓа во Холандија)-

Убаво си пишува најголема во Македонија а воедно и на Балканот, а втора во Европа според големина ..
 
Oдлично!Чим е најголема на Балканот значи треба да очекуваме и туристи од околните земји кои би дошле тука специјално за карпата:)
Мило ми е што има вакви инвестиции, редно беше да почне некој да се грижи за спортот малце. Само ако од тоа очекуваме прилив на туристи, грешка сме.
 
Ќе биде добро да се проба, едвај чекам.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom