Македонија се вклучува во гасоводот „Јужен поток“

Член од
24 јануари 2008
Мислења
1.135
Поени од реакции
140
Руската енергетска компанија „Газпром“ се согласи да ја вклучи Македонија во проектот за гасоводот „Јужен поток“, изјави денеска македонскиот претседател Ѓорге Иванов по средбата со неговиот рсуки колега Дмитриј Медвеведе во Санкт Петербург.

- Наши експери имаа анализи дека Македонија останува изолирана од гасоводите „Набуко“ и „Јужен Поток“, но оваа најава отвора можност за добивање евтини енергенси, а ќе значи енергетска стабилност на земјата, изјави Иванов.
Македонскиот заменик-премиер и министер за финансии Зоран Ставрески, кој го придружува претседателот Иванова за време на тридневната посета на Русија, нагласи дека со изградбата на коридор од „Јужен Поток“ кон Македонија, земјата влегува на меѓународната мапа на енергетски транспортни коридори, а дополнително со утрешното потпишување на договорот за подмирување на клириншкиот долг на Русија кон Македонија се отвора вратата за дополнително унапредување на соработката меѓу двете земји.
Тој нагалси дека соработката со „Газпром“ покрај изградбата на кракот од „Јужен поток“, предвидено е да опфати и развој на гасна мрежа низ Македонија и учество на рускиот енергетски гигант во изградна на гасни електроцентрали и евентуална трансформација на ТЕЦ „Неготино“ во гасна електрана.
- Со потпишувањето на договорот за клиришнкиот долг Македонија ќе ја унапреди соработката со еден енергетски гигант како што е „Газпром“ и со Руската Фдерација во целина, нагласи Сатврески.
Тој потенцира дека реализацијата на проекторт за гасификација чини околу 300 милиони евра, од кои еден дел ќе се покрие со клириншкиот долг од 60 милиони долари и со 15 милиони долари што ќе ги вложи Владата на Република Македонија. Од руска страна е изразена подготвеност за финансирање и на останатиот дел од средствавта, но засега се разгледуваат и други можности за реализација на вкупниот проект.
Ставрески нагласи дека соработката со „Газпром“, не значи дека Македонија влегува „под друго влијание“, бидејќи во економската сфера и во меѓународната политика главен пристап е прагматизмот, а за македонските граѓани е најдобро да постојат алтернативи за обезбедување на енергенси.
Според него, Македонија ќе направи се за вклулување на „Јужен поток“, но и во гасоводот „Набуко“ и во останатите енергетски траси кои ги преферира ЕУ.
„Газпром“ наскоро ќе испрати експертски тим кој ќе ги определи перформансите на гасификацијата, со што ќе се овозможи македонското стопанство да добива евтин гас.
Експертскиот тим ќе го утврди и правецот на кракот од „Јужен Поток“ низ Македонија,
по што би следело потпишување на меѓувладин договор за реализација на тој проект.
Покрај за енергетската соработка, на денешната средба меѓу Иванов и Медведев стана збор и за можностите за подобрување на севкупните економски односи меѓу Македонија и Русија и за потенцијалите за отворање на рускиот пазар за македонските произвди.
Идната соработка меѓу двете земји ќе се регулира и со Договорот за пријателство и соработка, чиј предлог-текст Македонија веќе го достави до Москва. Овој договор ќе создаде нова рамка за пријателски односи меѓу двете земји. По усогласување на текстот би следело и потпишување на договорот, за кој чин Медведев најавил подготвеност да ја посети Македонија.
Покрај средбата со Медведев, претсадателот Иванов денеска учествуваше и на Петербуршкиот меѓународен економски форум, на кој, како што нагласи, се креираат глобалните трендови.
- Македонија како мала земја мора да ги следи глобалните трендови и креаторите на светската економија, нагласи Иванов.


Превземено од:
http://sitel.com.mk/dnevnik/makedonija/makedonija-se-vkluchuva-vo-gasovodot-„juzen-potok“
 
Член од
26 април 2010
Мислења
501
Поени од реакции
21
Ова ми личи нероден Петко капа му кројат, најавено е разгледување а не потпишување за ИЗВЕДБА.Инаку оваа работа се протега неколку години не ми е јасно како ниту на новинарите ниту на народот, не му текнува дека се повторуваат едни исти пораки од власта - веќе неколку пати, а ништо сеуште нема.:tv:
 
Член од
27 март 2009
Мислења
76
Поени од реакции
1
Газова воjна е сега! Русиjа бара соjузници.
 

concrete

alte Esel
Член од
22 март 2005
Мислења
12.248
Поени од реакции
1.703
хмммм..уште ли ве лажат екс-комунистиве?????? домашни и руски..:)
 
Член од
7 мај 2005
Мислења
1.231
Поени од реакции
307
Море јак потег направи Ѓоле, респект. Не ми се верува Набуко да пркне, а нас ни треба енергетска стабилност. Плус доаѓа во време на зголемен притисок за името. Одма имаше реакции од Америка што било и како било и т.н. Штом паднал нов договор за проширување на соработката, одлично!
 

THE_CHOSEN_ONE

1903-2012
Член од
13 август 2007
Мислења
3.724
Поени од реакции
1.333
Во септември параф за „Јужен тек“ низ Македонија

Првиот човек на „Газпром“, Алексеј Милер, доаѓа да го потпише договорот. Вкупниот проект за гасификација на Македонија се проценува на 300 милиони евра. Само во делот што ќе се затвора со парите од клириншкиот долг, предвидено е учество на руски и на македонски фирми



Меѓудржавниот договор за изградба на крак од гасоводот „Јужен тек“ низ Македонија ќе биде потпишан во септември кога во нашата земја ќе допатува првиот човек на „Газпром“, Алексеј Милер, дознаваме од дипломатски извори од Руската Федерација. Македонија со тоа во последен час успева да фати приклучок кон еден исклучително важен енергетски проект, за кој сé повеќе лобира и Романија. Покрај влегувањето во мапата на европските енергетски коридори, вклучувањето во „Јужен тек“ за Македонија ќе значи енергетска преродба, поконкуретно производство и пониски трошоци за сите.

- Првиот човек на „Газпром“ беше особено заинтересиран за овој проект и во септември се планира негова посета на Македонија, кога ќе биде потпишан и договорот.

Во меѓувреме, оперативни групи составени од неколку експерти ќе ја посетат Македонија, за да направат анализи каде ќе биде приклучокот, за кој временски рок ќе се изгради кракот, вредноста на инвестицијата, економската оправданост и слично. До крајот на август треба сé да биде готово - ни изјави Илија Исајловски, македонски амбасадор во Москва.

Од владини извори дознаваме дека во тек се преговорите со „Газпром“ и договорот што ќе се постигне мора да се ратификува во парламентот, бидејќи се работи за меѓудржавен договор. Она на што посочуваат од амбасадата во Москва е да не се меша затворањето на клириншкиот долг од 60 милиони долари и изградбата на „Јужен тек“ низ Македонија, иако „Газпром“ учествува и во двете работи.

- Сега партнер на македонската влада е Владата на Русија. Во втората фаза македонската влада треба да потпише посебен договор или инструмент со „Газпром“ за целиот проект - објаснува амбасадорот Исајловски.

Во однос на дилемата дали руска компанија може да гради во Македонија, тој тврди дека тоа е надминато преку договорот за враќање на клириншкиот долг. Станува збор за поранешен долг што се третира како стоки и услуги и тука е најдена правната можност „Газпром“ да го гради кракот кај нас, што исто така се третира како стоки и услуги. Во втората фаза, токму преку тој инструмент што треба да го потпишат македонската влада и „Газпром“, ќе се знаат и деталите за тоа кој ќе биде партнерот од македонска страна и како ќе се затвори финансиската конструкција - нагласува Исајловски.

За експертите, прашањето за сопственоста на земјиштето каде што ќе поминува гасоводот не може да биде предмет на договарање со „Газпром“. Сопственик на земјиштето е македонската влада или некое домашно јавно претпријатие, задолжено да стопанисува со трасата и со гасоводот. И од Министерството за финансии нагласуваат дека нема барање од Русија за сопственост врз земјиштето каде што би поминувал гасоводот.

- Тоа не е ниту правно можно. Во однос на изградбата, само во делот кој ќе се затвора со парите од клириншкиот долг, предвидено е учество на руски и на македонски фирми - ни изјави Ивана Билбиловска, портпаролка во Министерството за финансии.

Реализацијата на вкупниот проект за гасификација на Македонија се проценува на 300 милиони евра. Со „Газпром“ се преговара и за учество во изградба на гасни електроцентрали и евентуална трансформација на ТЕЦ „Неготино“ во гасна електрана. Димитар Хаџимишев, претседател на Македонската енергетска асоцијација, смета дека за Македонија е најдобро приклучокот да биде близу Гевгелија.

- Доколку еден крак од „Јужен тек“ оди низ Македонија, се отвора можноста и за поврзување на Албанија и на Косово кон овој гасоводен систем. Во ваков случај, Македонија би имала пристап до два гасовода, постојниот од Бугарија и новиот преку „Јужен тек“ - нагласува тој. Сегашниот гасоводен систем во Македонија е со капацитет од 800 милиони кубни метри годишно. Според анализите, на Македонија и требаат 2 милијарди кубни метри гас годишно и токму кракот на „Јужен тек“ може да го обезбеди тоа количество гас што недостига.
 

Psyside

Nocturnal
Член од
30 јануари 2009
Мислења
18.720
Поени од реакции
18.457
Има има..не греши душа..:) има и те како
Има,можеби..али не се од опозицијата. Сакаат луѓето да мислат за нив дека се ама уствари не се но, и никогаш не биле, чест на ретките исклучоци.
 

fmi

Член од
1 февруари 2007
Мислења
13.039
Поени од реакции
2.270
Има голема можност до РМ да иде гас за/от Jжен поток,но гасовода да не преминува преку вас.
 
Член од
25 декември 2008
Мислења
1.877
Поени од реакции
1.089
Газпром: Приклучувањето на Македонија кон „Јужен поток“ во завршна фаза

среда, 26 септември 2012, 14:40

Во финална фаза се подготовките за приклучување на Македонија кон гасоводот „Јужен поток“ чија изградба треба да почне на крајот на годинава, а да заврши до крајот на 2015. По потпишувањето на договорот меѓу македонската и руската страна ќе се знае од каде ќе биде одвоен крак кон Македонија.

Раководителот на претставништвото на Газпром во Македонија, Сергеј Икоников на денешната средба со новинарите во Скопје информираше дека сите технички прашања веќе се разработени и оти има неколку можности за да се пушти крак кон Македонија.

Според него, најдобро би било да има влез од две или три точки, односно од постоечката точка преку Бугарија и дополнително од север или југ. - Се планира мрежа на гасификација низ цела Македонија и сигурно тоа ќе биде точка што ќе биде одобрена по барање и од македонската страна, рече Икоников.

Од компанијата се надеваат дека до 2030 година потрошувачката на гас во Македонија ќе изнесува 2,5 милјарди кубни метри годишно, но тоа ќе зависи од имплементацијата на македонската национална програма за гасификација и од изградбата на гасни електроцентрали.

Со приклучувањето на Македонија кон „Јужен поток“ очекуваат дека ќе се зголеми потрошувачката на гас и и оти ќе се појават и други оператори освен Макпетрол со кого, како што напомена Икоников, имаат добра соработка.

- Постои спогодба меѓу Макпетрол и Газпром и досега немаше негативна пракса која би ја искомплицирала нашата соработка. Макпетрол досега ги извршува сите свои обврски и немаме причина да бараме нов партнер, меѓутоа ако биде изградена нова мрежа ќе има нови потрошувачи на гас и тогаш сигурно ќе се појави некој оператор кој ќе се занимава со слична функција како Макпетрол. Отворени сме за соработка и се надевам дека ќе се јавуваат такви партнери, а прашањата за нови партнерства ќе се разгледуваат, нагласи Икоников.

Во однос на цената на гасот истакна дека таа е избалансирана, но оти во принцип е можна нејзина промена.

- Бидејќи се планира зголемување на обемот на испорака на гас во Македонија, можно е да има договори за намалување на цената на гасот. Цената е избалансирана и во принцип е можна нејзина промена, но тоа зависи од взаменоста на договорот меѓу двете страни, рече Икоников.

До 1 јануари 2011 година вкупно 1,05 милијарди кубни метри гас се извезени за Македонија. Во 1992 година беше потпишан првиот договор за испорака на гас од Газпром за Македонија, а пред 15 години почна испораката на гас.

http://www.vesti.alfa.mk/default.aspx?mId=37&eventId=55583
 

Kajgana Shop

На врв Bottom