Македонија во 2015 стана ПРОТЕКТОРАТ

W

wicked_1

Гостин
ЗА КРАЉА И ОТАЏБИНУ: Претседателот на СДСМ Логоварди со снајперска пушка, шајкача и српска униформа!
октомври 26, 2015

Претседателот на огранокот на СДСМ во Логоварди, Битола е сликан во српска војничка униформа со снајпер во рацете и шајкача на глава.

До редакцијата на Журнал.нет, пристигна фотографијата и информација дека раководството на СДСМ во алкохолизирана состојба пеело четнички песни за „Краља и отаџбину“ облечени во српска војничка униформа со шајкачи и пушки.
Анти-македонските ставови и однесување на опозицијата се јавно познати, а со војничката униформа, огненото оружје и шајкачата СДСМ се идентификува со четничкото движење во Србија.Претходно и потпретседателот на СДСМ Александар Кирацовски имал средба со членовите на СДСМ од ова битолско село.

http://infomax.mk/wp/?p=40682
 
Последно уредено:
Член од
13 јули 2006
Мислења
15.241
Поени од реакции
18.057

Оти бе нема шајкача?
 
Член од
8 мај 2013
Мислења
11.266
Поени од реакции
36.152
Курир ги куди дека биле албанско - грчка партија. Па сега четничка партија испаднаа :(
 
Член од
12 март 2009
Мислења
19.878
Поени од реакции
15.832
Македонија е протекторат со суспендиран правен систем ...
http://www.dnevnik.mk/default.asp?ItemID=89900949476CE5429F1A25B6478D80B0

а пред тоа бране патентира и друг начин на протест, неговите рекетари возеа во колона по 50-на коли, не важеше ни пешачки ни семафор... било каде во друга држава народот ќе ги каменуваше или ќе им го блокираше патот... кај нас полиција морала да заштити непречен протест ?... Вчера по не знам кој пат, шака луѓе ја блокираа сообраќајницата, се бунеле меѓу останатото зошто брза помош доцнела... па ќе доцни кога блокадите ЦЕЛ сообраќај го успоруваат... Нека си кажат несреќниците што живеат во тој дел на градот па и центарот...
 
Björn

Does Your Mother Know?
Член од
14 август 2006
Мислења
43.510
Поени од реакции
79.665
А, епа тогаш нема гајле.
 
Член од
16 декември 2013
Мислења
1.856
Поени од реакции
1.192
Македонија е комбинација од:

1.Олигархијата како облик на политички режим во антиката означувала неправилен облик на држава, односно власт на малцинството најбогати. Денес, олигархијата се врзува за власт на мала група која владее со државата, партија, синдикат. За разлика од аристократијата, олигархијата е мала група на луѓе која на различни начини доаѓа на власт.

Во меѓународното право 2.протекторат е политички ентитет, кој формално се согласува да влезе во нееднаква положба со друга посилна држава или организација, која се нарекува протектор или заштитник. За замена на зашитата протекторатот прифаќа одредени обврски кои можат да варираат во зависност од врската помеѓу протекторот и протекторатот. Во Европа современи примери за протекторат се Босна и Херцеговина и Косово, кое е под заштита на Обединетите Нации.
Со примеси на 3.вазалство, 4.хунта (дуи).
Изгледа шашаво но, (сеуште)(некако)функционира.
 
Член од
21 март 2012
Мислења
3.277
Поени од реакции
3.055
Кој и да е на власт корумпиран или некорумпиран не може да се спротистави на Америка и нивните планови,посебно во овој дел од Европа ако сакаат да станеме дел од друга држава ќе станеме.Највеќе што можеа нашите политичари да направат е кога веќе немаше избор освен да станеме протекторат барем и некој државни цели да протнеа за време на договарањето,правилно договорена автономија може да биде и благослов.Они избраа само да ја продадат државата за да се збогатат самите.

И мислам дека навистина претерувате со тоа албанско единство.Без Америка да ги држи заедно зошто им се потребни да исполнат некакви цели до сега ќе се распаднеа на милион клана и ќе се бореа меѓу себе .Да не мислите дека Тачи и Ахерти можат да бидат политичари во една иста држава,па Ахмети како што тргна уби повеќе команданти на УЧК одколку Милошевиќ.Исто и како Србија во почетокот на дваесетиот век ,Албанците сега ја имаат среќата да бидат избрани од правилната страна како нивен протекторат.Али целата нивна "империја" ако сакаат преку ноќ ќе ја скршат,тоа е класично Англиско градење на регионални сили кои ако им е потребно можат одма да ги распаднат.
 
Последно уредено:
Член од
3 јуни 2013
Мислења
1.944
Поени од реакции
1.192
Сето ова пазарење на двете македонски партии,и на двете албански партии со посредство на меѓународниот фактор потсетува на 2001 година кога беа присилени на рамковниот договор.Сето ова може да се реши и да се поправи грешката од 2001 година само со создавање на нов политички фактор во Македонија.Нешто од типот на СИРИЗА во Грција,кој преку ноќ би израснал и би ги надминал и двете предавнички големи македонски партии.Има услови за тоа,имало за сите години досега,тоа се гледа по пасивноста на негласачите досега,по нивната незаинтересираност за двата блока.Тогаш ние како држава ќе им поставуваме услови на меѓународниот фактор,без да бидеме потсетувани за нашето минато,а како нова сила не би имале минато.Е тогаш може да се поништат сите решенија донесени и од Киро,и од Бранко,и од Љубчо и од Грујо кои се штетни за Македонија.На Македонија и треба човек,бескрупулозен,кој ќе им ги помеша сметките и на тие надвор,и на тие внатре.
 
Член од
28 мај 2008
Мислења
3.966
Поени од реакции
4.073

Ние имаме толку јака економија или може да имаме таква економија што ќе им ги помешаме сметките на тие од надвор.
Мислам у кој филм/свет живееш, па камионите што го собираат ѓубрето во Скопје се донација од градот Виена, а не за друго да правиме муабет. Странците воопшто не се мешаат освен кога ќе настанат вакви политички трагедии и мислам дека поради нивното немешање дојдовме до ова дереџе. Тие само ни викаат вашата надворешна политика ќе биде во согласност со нашата и ќе имате пристап до голем број на фондови, што кредитни, што нема потреба да ги враќате парите.
Мислиш дека општините во Македонија градат од сопствени пари или тоа се пари од европските фондови ? Се гледа колку ние можеме кога лани училиштата во Струга останаа без греење затоа што парите од министерството биле потрошени на плати и придонеси.
Нема ништо лошо во тоа пари да ни доаѓаат од меѓународниот фактор, се додека ние се придржуваме до нивната надворешна политика. Лошото е што наместо тие пари и парите од буџетот да ги искористат за нешто корисно, тие си го направија животот поубав.
Колку да знаеш, сите интервенции на меѓународниот фактор никогаш не биле иницирани од нивна страна, туку од наша страна, па и таа 2001 година, кога Љупчо го фатија како преслушкува, се случи конфликтот. Денес Љупчо е угледен бугарски бизнисмен, што повремено лае по телевизии за некоја сума на пари.
Нас ни треба бескрупулозен човек, ама не за надвор, туку да ги сотре криминалците во Македонија.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom