Македонија во 2015 стана ПРОТЕКТОРАТ

VOLK2234

еврофоб и хомоскептик
Член од
16 септември 2008
Мислења
5.517
Поени од реакции
4.387
Оваа тема не е дневна политика, Македонија не била во ваква опасност од 2001 па навака.

Западни амбасадори и бирократи ни шетаат низ државава ко шерифи, им подметнуваат некакви договори, им покажуваат со прст каде треба да потпишат на нашите мизерни политичари.
Исходот е федерализација на Македонија.

Оние кои се нарекуваат Македонска опозиција, се толку желни за власт, што би прифатиле буквално се, само да дојдат на власт.

Оние кои се нарекуваат Власт, би прифатиле скоро се, само за да останат на власт.

Да, знаеме дека опозицијата е финансирана од Џорџ Сорос, убиецот-милијардер што растура држави.
Да, знаеме дека опозицијата ги обработува агендите на Западот, исто како во 2001.
Да, знаеме дека опозицијата ги обработува агендите на Грција и Косово/Албанија.

Но што ВИЕ направивте за да го спречите тоа, и да ги заштитите Македонските Национални интереси?

Слатка е власта, нели?

Ја упропастивте администрацијата, напикавте паразити, и рамковни, и ваши.
Ја уништивте полицијата, напикавте паразити, ја претворивте во апарат што ги тероризира Македонците, а Косоварите ги гали.
Ја уништивте и Армијата, со вашите идиотски НАТО-реформи, им дозволивте да ја сведат на ниво на агенција за обезбедување. исто и таму напикавте паразити.
Здравство?

Скоро се што е државно е килаво и неспособно, благодарение на вашата алчност.

Но има и еден друг аспект на власта, а тоа е кога ќе треба да ризикуваш да си ликвидиран,
за да ги заштитиш Македонските Национални Интереси.

Бидејќи Груевски е на чело на власта, би им порачал на оние од неговата партија што се свесни кон што води сето ова, да му врзат 2-3 шамара, и да му кажат да си порасне муда.
Или тоа, или нека си даде оставка, а на негово место да дојде некој друг.

Доста го погазувате Македонецот, ги погазувате и тие што гласале за вас, со тоа што дозволувате амбасадори да ми парадираат и глумат власт во МОЈА ДРЖАВА.

Знам за сите притисоци, знам за заканите за ликвидација,
ама доста веќе со оправдувања и компромиси.
Или си способен да ја извршуваш задачата, или не си.

Велат за да го достигнеш врвот, треба прво да го допреш дното за да можеш да отскокнеш.
Ако ова не е дно, не знам што е.

Сакам моите деца да живеат во здрава држава, а не во протекторат каде ќе бидат тероризирани затоа што се Македонци.

Ова гледиште го делат илјадници Македонци, така да не го занемарувајте овој факт.
 
Шкорпион

Corvus oculum corvi non eruit?
Член од
16 октомври 2009
Мислења
7.349
Поени од реакции
7.606
Знам за сите притисоци, знам за заканите за ликвидација,
ама доста веќе со оправдувања и компромиси.
Или си способен да ја извршуваш задачата, или не си..
Ова.

Водење држава не е за кукавици. Со што и да се заканиле, ако си решил да бидеш лидер, и да водиш држава, такви глупости си доаѓаат со територијата. И како што рече, ако он не може да ги издржи притисоците, заканите, или стравот го надвладува, треба да отстапи место на некој со поцврст карактер и помало его. Комбинацијата не е ретка.
 
Z

zlaki

Гостин
волку, а решение?Нема кој да удира шлаканица и на едниот и на другиот,само немо си посматраме што ни се случува со државата.Едино само џукелите и од едната и другата страна лаат за да добијат коска.
Моето решение е....војна управа додека не се исчисти дворот од криминалци.
 
VOLK2234

еврофоб и хомоскептик
Член од
16 септември 2008
Мислења
5.517
Поени од реакции
4.387
волку, а решение?Нема кој да удира шлаканица и на едниот и на другиот,само немо си посматраме што ни се случува со државата.Едино само џукелите и од едната и другата страна лаат за да добијат коска.
Моето решение е....војна управа додека не се исчисти дворот од криминалци.
Не знам колку е тоа изводливо.
Како што реков, АРМ е опасно партизирана.
Партијците ќе ја изберат Партијата пред државата, освен ако не изненади некој.
 
Z

zlaki

Гостин
АРМ и првите во високиот старешински кадар што мислиш зар не чусвтсвуваат предаство на системот односно уставот и законот како и сомнителни воени дејствија со наши жртви како и лично на професионален план немоќност,манипулација,омаловаженост.Мора некој да превземе чекор напред и понесе одговорност за сите нас и државата.Јас друго ќаре не гледам,или да си ќутиме,трпиме и иселуваме од татковината Македонија.Политичарите немаат јајца односно секогаш постои опасност самите меѓу себе да се договорат на наша штета,на народот и Македонија.
 
pumaval

Дрвен Адвокат
Член од
5 септември 2008
Мислења
1.480
Поени од реакции
598
Македонија секогаш страдала од предавници.

И мене ме нервира тоа викање странци се сите глупости и радување кога не чукаат по рамо. На нашите големи сојузници им дадовме да направат огромна амбасада на калето во сред Скопје.
Оние коишто тепаа наши војници што уште не правеа сега земаат пензии и се на важни позиции во општеството.
Така да кој и да е на чело на Македонија треба да игра паменто, да не заборавиме дека го изгубивме знамето, а да не кажам и името.

И низ народов слушам некои со став : што има веза како се викаме, кога види како живееме (Демек ако го смениме името и влеземе во ЕУ ќе не ранат и гостат) ; На гладен стомак патриотизам не бидува.
Поради такви не прајме ништо веќе 24 години.

Потсетување на 2001. и делче од линкот

-Многу опасниот г. Пердју влезе во кабинет и со ногата преку нога како во кафана не погледнувајќи не ,без никаков поичит дека влегол во институција на држава, луто и остро се обрати : Какви Ви се тие волци, тигри, лавови, шкорпиони …. Веднаш да ги повлечете од терен сите тие животински царства“ На нашата бурна реакција тој само се сврте, стана и рече ,,Тука јас кажувам, не дојдов да Ве слушам или повлечете се што е припадници на Вашите животински царства или ќе видете што ќе Ве снајде“
 
VOLK2234

еврофоб и хомоскептик
Член од
16 септември 2008
Мислења
5.517
Поени од реакции
4.387
АРМ и првите во високиот старешински кадар што мислиш зар не чусвтсвуваат предаство на системот односно уставот и законот како и сомнителни воени дејствија со наши жртви како и лично на професионален план немоќност,манипулација,омаловаженост.Мора некој да превземе чекор напред и понесе одговорност за сите нас и државата.Јас друго ќаре не гледам,или да си ќутиме,трпиме и иселуваме од татковината Македонија.Политичарите немаат јајца односно секогаш постои опасност самите меѓу себе да се договорат на наша штета,на народот и Македонија.
Јас сум еден од оние кои се родени тука и ќе умрат тука.
Доста беше бегање, прогонување и ропство.
 
Zoran MKD

Мијак на квадрат.
Член од
11 септември 2010
Мислења
2.021
Поени од реакции
1.019
Ваистина стана протекторат.
Баштован од Беллгија ни средува изборнии правила .
Џеф бејли кажува што е добро а што не , Аиво орав бира персонал кој акаде што во државна администрациј ада ПРОТЕКТОРАТ индид.
 
пунтер

betfair trader
Член од
21 март 2011
Мислења
4.913
Поени од реакции
7.833
Македонија за жал од поодамна е протекторат, само ова сега е апла видливо, а за политичариве што да се каже, ако не можеш бе брат да трпиш притисок, јавно кажи си што е маката и речи јас ова не можам да го направам си поднесувам оставка, па нека се јави јавно следниот кој е спремен да игра по туги нарачки, а не со криење.
 
Fringe

Скитник низ паралелни светови
Член од
24 септември 2011
Мислења
7.898
Поени од реакции
3.004
Изгледа не ја свати темата воопшто , или пак не го прочита текстот.
Одлично прочитав и сватив дека некој става сопки и секаде ја оцрнува Македонија мислејќи дека така ќе дојде на власт

И не може да се нарече протекторат бидејќи помагачитите ги побара опозицијата мислејќи дека така ќе добијат подршка и дојдат на власт како во 2001
 
Член од
13 јули 2006
Мислења
15.165
Поени од реакции
17.962
Секој пат кај нас опозицијата се жалела кај странскиот фактор, затоа што државава и после 25 години независност не изгради салам демократски капацитети.
И Груевски се жалеше кај странците пред 2006.

Јас пак ќе речам многу очекував од Груевски, можеше да ја направи Македонија баш држава, ама тој имал амбиции да биде само "подобар" од Црвенковски.
 
пунтер

betfair trader
Член од
21 март 2011
Мислења
4.913
Поени од реакции
7.833
Одлично прочитав и сватив дека некој става сопки и секаде ја оцрнува Македонија мислејќи дека така ќе дојде на власт

И не може да се нарече протекторат бидејќи помагачитите ги побара опозицијата мислејќи дека така ќе добијат подршка и дојдат на власт како во 2001
баш така и ќе дојдат на власт, и јас не верував ама во моментот кога Грујо прифати комбинирана власт плус сега циркусов што се прави со обвинителствово, почнав да верувам.
 
Член од
4 јануари 2008
Мислења
2.334
Поени од реакции
4.922
Македонија ти е едно кревко демократско општество без јасно изградени постулати на постоење а впрочем што очекувате од држава која од своето зародиш брои едвај 25год.
Не навлегувам во историја само стојам до тврдењето дека Македонија не постоеше пред 91год. односно постоеше али за неа се грижеа други така беше цел 20ти век. така било и во тие фамозни 500год ропство а и пред тоа...
Се поклопија коцките се нареди работата овај народ да има своја сопствена држава во која сакале или нејќеле одредена група на луѓе мора да си играат водачи. Некој помалку некој повеќе успешни.
Бидете сигурни дека постигнавме многу. Како нација оставивме траг и докажавме дека сме способни да се одржиме самостојно. Фактот што единството не знаеме да го цениме не води во овој ќорсокак во кој сме денес. Поткопани од личните интереси и интересите на другите, туѓите, тапкаме во место.

А инаку не знам на што цели оваа тема. Ако е тоа такаречено Национално единство тогаш таквите вредности оваа држава никогаш ги немала ниту пак ќе ги има. Во денешно време тоа се користи за популаризација на одредена идеологија и наместо да се врши обедниување се врши разединување. Сега си или "за" Македонија или си "против" Македонија а тоа е најопасно и таквото убедување не носи кон овај сатадиум што сме денес. Две спротивставени структури кој зад себе имаат своја војска на поджувачи го користат народот - својата нација за одмерување на своите амбиции и ега кој и едните и другите ги гаат. Малопрофитерство врз товарот на една цела нација.

Многу е матна иднината на Македонија. Имате 2-3 трули генерации кој ќе треба да одминат и да се родат некој нови кој ќе бидат растени врз некој подобри утра за Македонија да доживее просперитет од самите себеси. Зашто самите сме кројачи на нашата судбина.
Прашање е само дали тие генерации ќе дочекаат своја држава?!
 
Член од
26 септември 2012
Мислења
8.042
Поени од реакции
6.651

врти сучи - не заслуживме да имаме држава ФАКТ ! пички од народ кој се врти кон моќните политичари,а истите кон странски амбасадори и служби гледајќи го сопствениот интерес пред Националниот за кој се избрани
 
Ѓорче 1932

тој сум...
Член од
17 февруари 2009
Мислења
13.564
Поени од реакции
11.576
2001 година беше битна година за Македонија како држава и за нас како граѓани.Не го положивме тестот тогаш успешно,затоа и вакви срања ни се случуваат денеска.Не покажавме авторитет и решителност како држава кога беше најнајпотребно,не покажавме единство и сложност како МАКЕДОНЦИ,а после тоа и како партиски обоени и обични граѓани.Не покажаа политичарите единство и сложност,не покажаа дека сакаат да се реши проблемот наречен "терористи", па чекаа амин од надвор.
Огромна грешка се направи тогаш.Денеска ја наплатуваме таа грешка,последиците допрва ќе ги гледаме.За жал.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom