S
Shellshock nam67
Гостин
Ексклузивно видео: Ноќна снимка од местото на петкратното убиство кај Смилковско Езеро
Доцна синоќа се пронајдени пет мртви лица покрај Железарското езеро во близина на Скопско Радишани. Според шпекулациите низ населбата Радишани, која се наоѓа на само неколку километри од местото на настанот, се работи за млади момчиња, меѓу кои и еден матурант.
Сепак ова се непотврдени сознанија, бидејќи првичните официјални информации ќе бидат соопштени утре. Според информациите момчињата со два автомобили биле заминати на езерото по риба.
Таму заминале околу 18 часот. Што се случилово меѓувреме, кој стрелал во нив и зошто, сеуште нема информации.
Жртвите се млади момчиња од македонска националност на возраст од 18 до 20 години сите од скопската наслеба Радишани.
Како што јавуваат од МВР, петте лица била најдени кај Железарското езеро во атарот на селото Смиљковци, Скопско. Телата биле пронајдени крај два автомобила. Неофицијално крај телата се пронајдени и чаури, но нема информација сеуште од кое огнено оружје е пукано. Спорединформациите телата имале по неколку прострелни рани. Местото било како од хорор филм отворени вратите од двата автомобила а телата паднати крај нив облиени во крв.
Телата ги пронашле рибари околу 22:30.
Повеќе информации и детали за ова убиство МВР најави за денес. Ќе се идентификуваат телата и ќе се врши анализа на собраниот доказен материјал од местото. Според сведоштвата на жителите на Црешево, кои вчера беа на местото каде што се случи петкратното убиство, жртвите се лица на возраст од околу 20 години. Сите биле рибари кои често доаѓале да рибарат на езерото. Еден од нив, живел во Црешево, а останатите во Бутел и Радишани. На интернет форумите се шпекулира дека меѓу нив имало и момчиња кои годинава требало да матурираат. Според првичните, неофицијални и непотрвдени информации, тие вчера околу 18:30 тргнале да ловат риба на Смилковското Езеро.
Жителите на Црешево велат дека меѓу убиените е и извесен Борче Ќато, кој редовно рибарел на езерото. Велат станува збор за мирен семеен човек. Тие го препознале неговото возило, кое беше паркирано веднаш до неговото тело. Вратите и гепекот сеуште му беа отворени.
Погледнете ја ноќната снимка од местото на настанот
www.press24.mk/video/makedonija/krimi/ekskluzivno-video-nokjna-snimka-od-mestoto-na-petkratnoto-ubistvo-kraj-smilko