Македонија-Норвешка 1/8 Финале

ЛаФови сме или Мачиња?


  • Вкупно гласачи
    67
  • Гласањето е завршено на .
Статус
Затворена за нови мислења.
Член од
12 март 2009
Мислења
19.812
Поени од реакции
15.735
Читам смена на генерации да имало. Погледнете ги норвежаните..Потребни ни се комплетно нови играчи.
сеа во школото на Вардар тренират дечиња од 9-10 години, за 9-10 години ќе има нешто...ама ако носат да тренираат деца на тие од Управата пак ништо... треба деца од улица да собереш... на времето во Сараево Осим собра од улица 200 деца да играат фудбал, не како кај нас Вардар само децата на тие од управата, од времето е така, па во фудбалот имаше порано и по 4 браќа да играат фудбал... пак ракометот не е толку привлечен, мал спорт со малку пари, има шанса да влезе во шема и некој без врски , па и поради тоа и имаме какви такви резултати во малите спортови ...
 

Џони Вајсмилер

Don't share my food
Член од
15 февруари 2010
Мислења
15.489
Поени од реакции
15.506
Мислам дека шансите се 50/50 и ако имаме добар почеток ке славиме,треба да стигниме до бројката 28 .Сите скандинавски играчи ако ги промашат првите два шута се ко зајачиња и немаат храброст да продолжат ко Кире ,јас сум оптимист дека одиме понатаму.
Ете го оптимистот..богами како зајачиња се фатија Норвежаните,стварно свеста му ја зедовме и дури храброста на Кире и останатите ја видовме на дело,секоја чест :D..1.40 коефициент дадоа бе неможам да верувам каква глупост од бумејкерите
 
Член од
11 октомври 2014
Мислења
1.912
Поени од реакции
1.764
сеа во школото на Вардар тренират дечиња од 9-10 години, за 9-10 години ќе има нешто...ама ако носат да тренираат деца на тие од Управата пак ништо... треба деца од улица да собереш... на времето во Сараево Осим собра од улица 200 деца да играат фудбал, не како кај нас Вардар само децата на тие од управата, од времето е така, па во фудбалот имаше порано и по 4 браќа да играат фудбал... пак ракометот не е толку привлечен, мал спорт со малку пари, има шанса да влезе во шема и некој без врски , па и поради тоа и имаме какви такви резултати во малите спортови ...
Се сеќаваш Ќиро Блажевиќ ко носеше бел шал и од Динамо Загреб ги избрка талентите Просинечки,Боро Цветковиќ,Брачун...
 
Џ

Џонтра Волта

Гостин
Дрогришки покажал?
Шо толку покажал Дрогришки, жити се?

Гледајте негова генерација се бековите на Норвешка, не искинаа.. какви шутеви вадат.. ние ќе се крстиме на еден неподвижен торко.. абе бегај таму.
Да е жив и здрав Кире, дур е тој тука ќе играме ЕП/СП, потоа .. мало морген. :)
Реално ниеден од младите не покажа ништо особено ама ако мора да се одбере еден тоа е Дрогришки.
За разлика од далеку поисфорсираните Нелоски и пред се Талески овој барем пробуваше нешто и не се плашеше да влезе у дуел.

Иначе колку се талентирани и исфорсирани овие наши млади таленти говори фактот што еден Фичо Лазаров изигра боље првенство од сите нив.

Среќа што Столе се разигра иначе само со Кире немаше ни Тунис да го победиме.
 
Член од
11 октомври 2014
Мислења
1.912
Поени од реакции
1.764
Ете го оптимистот..богами како зајачиња се фатија Норвежаните,стварно свеста му ја зедовме и дури храброста на Кире и останатите ја видовме на дело,секоја чест :D..1.40 коефициент дадоа бе неможам да верувам каква глупост од бумејкерите
Дали си срекен шо изгуби МАКЕДОНИЈА?
 
Член од
2 септември 2010
Мислења
7.148
Поени од реакции
7.515
Како да не го плукаш Талески не знам, па уште и го бранат, абе човекот нема мозок значи овие од Рајн Некар се за лечење, освен ако го земале да пере пешкири и да дополнува шишиња со вода, тогаш да супер е за тоа. Колку е форсиран тоа чудо значи.
Во последните 3 минути никој не сака да шутне, Кире го бараат сите, плашливци. Да не беше Митков царот немаше ни 10 разлика да изгубиме, повеќе ќе беше. Да е жив и здрав Митков, па на следното првенство да распали.
 
Член од
16 јануари 2014
Мислења
2.342
Поени од реакции
1.619
Реално ниеден од младите не покажа ништо особено ама ако мора да се одбере еден тоа е Дрогришки.
За разлика од далеку поисфорсираните Нелоски и пред се Талески овој барем пробуваше нешто и не се плашеше да влезе у дуел.

Иначе колку се талентирани и исфорсирани овие наши млади таленти говори фактот што еден Фичо Лазаров изигра боље првенство од сите нив.

Среќа што Столе се разигра иначе само со Кире немаше ни Тунис да го победиме.
Ја не би издвоил никој, никаков придонес од оваа лева бековска позиција, па уште и "таленти" ги нарекуваме.
Ете ти ја бековската линија на Норвешка, тие се таленти... а не играч кој 1-2 пати отишол на дуел..
 
Член од
8 јули 2008
Мислења
4.425
Поени од реакции
7.789
Абе не се спрема физички за еден мундијал 1-2 месеци пред да почне. Секојдневно тоа треба да се прави, секојдневно треба да се дава максимум на тренинг, за да се успее во тоа што се работи.
Но, она што Лино покажа, е дека не е како претходниве наши тренери. Воспостави систем, воспостави ДИСЦИПЛИНА, и вметна некоја работна етика.
Ја гарантирам дека нашиве да беа со друг тренер ќе изгубеа од Тунис и на другиве натпревари кај што се носеа прилично добро со оглед на ростерот.
Ја мислам дека Норвежаниве уште еден натпревар можат да изиграат после ова, а 10 пати повеќе трчаа од нас (барем за спринт). Нашиве таму кај 40та минути немаа сили.
А и неможеш бе да очекуваш било што повеќе од 1/8 финале со такви голмани, кои играат у Зомимак,Пелистер и Охрид на (претпоставувам) очајни услови и искорнат паркет од теренот. Плус па и 36+ години имаат. Што може да се очекува од тоа. Цело првенство немаат двоцифрен број одбрани, дури некогаш и двајцата заедно едвај имаат двоцифрен број одбрани.
Борко кога бранеше барем 1 утакмица добивавме со неговите одбрани кои стандард си беа двоцифрени. Но ете него го нема повеќе.

Погледнете го кире. Јест да игра само напад чоекот, ама СЕКОЈ НАПАД иде преку него. буквално секој. Константно јаде ќотек, константно, цело време ни е МVP, на него дополнително внимание обрнуваат противниците, 36 години е, и пак има душа чоекот, не се уморува... ама тоа е оној професионализам кој другиве го немаат очигледно (освен Миркуловски можеби).
За да бидеш топ ракометар неможеш само да се задоволиш со тоа што си у добар клуб, да земаш добра плата и да те боли курот буквално за се. Мора да доаѓаш 1 саат пред тренинг бе, да остануваш плус 1 саат повеќе, да се тера здрава исхрана, течности, сон, теретана...
Затоа кире е таму кај што е. А другиве на стара слава направија трансфер на страна и останаа тешки резерви.
 
Член од
23 август 2010
Мислења
38.159
Поени од реакции
107.594
У моментот кога беше егал текмата, им спомнав на Марио и на Пеја на ФБ дека посакувам 200 разлика да изгубат на крај. Не може бе на нерешено тројни цепелини да ми местат, не сме ние Франција па да го имаме тој луксуз да можеме курот да си играме на сред утакмица, онака из чиста мира цепелин да фрламе. Па мамицата курчевита да ви ја ебам ја ваша, да ти ебам тоа синдромот балкански што го имаме, хххккккк пу.
 
Член од
17 август 2014
Мислења
3.578
Поени од реакции
5.480
Член од
16 април 2014
Мислења
7.072
Поени од реакции
11.056
Каков пад во први 5 минути од второ.В раце им ја даваа топката,како друг екип да излезе.
 
Член од
27 јуни 2008
Мислења
9.024
Поени од реакции
5.947
Паднавме целосно на кондиција во второво полувреме, а Норвешка која што има исклучително брзи играчи знаеше како да го искористи тоа. На веќе изгледано второ полувреме мислам дека и со +2 да отидевме на полувреме нешто слично ќе не снајдеше со таа разлика што можеби ќе издржевме преку сила до 45 минута да држиме некоја неизвесност и после тоа не ни бегаше пораз од барем 6-7 разлика. Гледано од таа страна и нема што многу да им се забележи на нашиве затоа што одиграа две пеколно тешки утакмици со Шпанија и Исланд за неполни 24 часа, а потоа за ден ипол патување за денешната утакмица и одигрување на истата. Ако на ова се додаде и повредата на Миркуловски и фактот што цело првенство се шлепаме на грб на Кире потпомогнат од Столе и Н.Марковски тогаш јасно е колкави ни беа шансите за да ја изненадиме Норвешка.

Што се однесува до целокупниот наш настап на ова светско првенство јас сум задоволен од она што го прикажавме. Нормално, тука не спаѓаат Орката, Нелоски и Дрогришки + Ојлески од денес. Пред првенствово искрено јас не се ни надевав дека ќе ја поминеме групата т.е. освен победа над Ангола не очекував ни бод повеќе од оваа група. За среќа уште на првата утакмица што ја одигравме против Тунис покажавме заби и ги земавме двата бода, Ангола очекувано ја победивме, на Исланд за мене неочекувано му земавме бод и нормално против Словенија и Шпанија немаше што да бараме затоа што се светлосни години пред нас. За денешнава утакмица веќе кажав, а реално и ќе беше премногу и денес ако победевме затоа што ќе требаше да не прогласат за феномени кои стигнале до 1/4финале на грбот на тројца или преку сила четворица играчи. :)

Што се однесува до Медолино искрено не ги разбирам критиките упатени на негова адреса. Ни мене не ми е по ќејф заради некои детски работи кои ги правеше контра Вардар кога он имаше многу поголем буџет и поквалитетна екипа, но ако очекувавте да направи магија со играчи како нашиве ‘‘таленти‘‘ кои немаат ни основни познавања и ракометни движења тогаш гадно сте се излажале. Единствено што би му замерил е тоа што не проба барем по 15ина минути на утакмица да ги ротира Митков и Филип Лазаров кои што за толку време имаат солидни квалитети да заменат некои од не баш квалитетните првотимци и можеби тоа што не го зема Прибак на првенствово кој што сигурно ќе дадеше 100 пати поголем придонес од талентираната македонска тројка. Ако ништо повеќе ќе добиевме топ играч за ротоација, но и така не гледам како би извадиле подобар резултат од ова 1/8финале па од таа страна и нема потреба да се бара влакно во јајцето чисто само за да се даде некоја критика. Од мене има јака 9ка Медолино за тоа што го сработе овие десетина дена во Франција. :D
 
P

PewDiePie

Гостин
Гоце Георгиевски за мене е најголемо разочарување првенствово,од Л.Ш./СЕХА секој викенд да отидеш во елитната романска лига,па што правиме муабет повеќе. Паднат,изгубен,дури и недисциплиниран беше денес,место да се враќа назад тој пред нивен гол топки ќе сече.
Нека размисли до кај ќе ја тера вака,и уште повеќе да размисли Лино дали е за викање понатака.

Ојле нејќам да го видам веќе,му ебам тоа носот шпицаст.....бар нека форсираат некое дете кога не може Манасков да игра.

Нелоски/Талески/Дрогришки........во пакетда ги гледаат секој ден утакмиците што ги играа првенствово,се дур не станат играчи,мислам АКО сакаат да станат играчи,зошто непријатни беа за гледање на моменти,стравот преку екран проби.

Голманите,Колев почна последниве утакмици да брани нешто,мислам не можеш да го мрзиш игра со жар,нешто што кај Борко го немаше АМА...............незнам што ќе се прави на оваа позиција,ем немаме некој надежен голман што отскокнува,ем овие што ги имаме се стари,а дебитанти,се виде колку е важно да имап искуство на првенства. Баш не знам што ќе биде со голманската позиција.

Кај Филип Лазаров има 5 до 10 мин, пристоен ракомет,после почнува да се губи,за толку време мислам дека не вреди веќе да се зема,посебно затоа што Жути ќе остане,а Кузманоски ќе се врати од повреда,се покажа пристојно на првенствово,нека се повлече така,не со пцовки ко престапот.

Лино ја погоди тактиката,она што беше неизбежно беше стравот кај левите бекови да ја комплетираат и страшно високиот број на промашени зицери на крилата,ако се поработи повеќе ова за нас може да биде добитен тикет за понатака,нејќам да кажам дека предничиме,ама не сме воопшто лоши во споредба со тоа колку неизнудени грешки и колку голови од контра примавме порано,голови на празен гол ќе има,ама барем повеќе даваме во напад од порано,повеќе шанси има да се изнуди пенал 2 мин исклучување ако имаш човек вишок.

Се на се со оглед на тоа дека имавме повреди,голем број дебитанти,и крила што оддамна немаат играно сериозен ракомет,немавме лошо првенство,верувам во децата и сигурен сум дека нивното време ќе дојде,Господ да го поживее Кире.......а и до негде Жути и Столе кои играа одбрана напад цело време. Сепак за поголем напредок ќе ни требаат нови сали,барем во Битола,Прилеп,во Охрид да речеме е реновирана и добра,ни треба МАКЕДОНСКИ АНТИЧКИ Вардар хехе,и малку попосветени спортисти,дури тогаш ќе може да се надеваме на завршница на некое големо натпреварување,до тогаш ова ќе биде максимумот.
 
Член од
12 јануари 2015
Мислења
2.169
Поени од реакции
3.467
Многу го тупите, толку е максимумот, несериозност и моментот со цепелините беше врв. Лазаров е 6 играчи во тимот, уште да почне да брани.Младите заебаа многу, поготово Нелоски па Талески, не знам што им беше ама беа катастрофа поголемиот дел од првенството. Но кога може Манасков да шутира у голман, не глеам зашо и овие двајцава не би можеле :toe:

А тоа дека се заебале РНЛ што го земале Талески, допрва ќе видиме какви планови имаат со него, не го зимаат туку така, не е ова Тинекс пролет.
Премногу ги плукате младите (да, не знам зошто но на 21 години кај нас се уште деца, додека на запад веќе се скоро развиени добри играчи).
Тактиката 7 на 6, според моите најпримитивни познавања, колку добра толку и пацерска. Правиш акција цела минута за да дадеш гол, и без мака за 5 секунди примаш гол без голман.
Не знам што ќе се прави сега со екипата, ама би требало да имаме горе-доле солиден состав за понатака.(Да е жив и здрав Кире само)

И да се работи на младите голмани кои имаат потенцијал во државава :) Без голман сме мизерни
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

На врв Bottom