Македонија ,,За“ џвакање кока во Боливија ?!

Член од
26 април 2006
Мислења
13.024
Поени од реакции
1.940
Македонија ја подржува Боливија - џвакањето листови од кока да биде легално пред Обединетите нации. Ова го тврди претстедалот на јужноамериканската земја Ево Моралес, но МНР демантира. На прес конференција во Ла Паз, боливискиот претседател дури и се заблагодари на Владата на Македонија, за одлуката да ги повлече забелешките на иницијативата во светската организација. Како што пренесоа дел од светските медуми благодарност има и за Египет и за Колумбија.

- „Во име на народот на Боливија .... би сакал да се заблагодарам на претседателот на Колумбија, Владата на Република Македонија, како и на Египет, за подршката околу џвакањето на лист од кока“– пренесоа медиумите дел од говорот на Моралес

Џвакањето на лист од кока се смета за криминална пракса во ОН уште од 1961-та, но Боливија во последниве години се обидува да издејствува легализација. Објаснувањето е дека праксата со векови ја применува домородното население, а џвакањето листови или мастики од кока имало и позитивни ефекти врз здравјето на луѓето. Од македонското МНР велат дека се запознаени со извештаите на медиумите и конвенцијата, но до министерот Милошоски или било кој дипломатски претставник нема никакво писмо од Моралес.

- „Точно е дека станува збор за некоја конвенција важна за Боливија во ОН и нивната традиција, но Република Македонија врши консултации и анализи пред се со делегацијата на ЕУ во ОН, како да настапи при гласањето на таа конвенција“ – соопштија од МНР.

Боливија е 35-тата земја со која Македонија воспостави дипломатски односи. На 15.јуни 1994 Боливија ја призна Македонија, но под привремената референца.
 

bucio

Урбан индијанец.
Член од
8 јули 2008
Мислења
16.322
Поени од реакции
7.781
Па нормално дека треба да биде легално не само во Колумбија туку и во цел свет, ама со тоа ЦИА ќе го изгуби пазарот и не одговара.
 

Мортидо

занаетчија дете
Член од
15 февруари 2009
Мислења
1.874
Поени од реакции
1.087
Ако сакаат Bоливијците да џвакаат кока нема никој право да им брани, нивна работ е тоа.

Плус и не почнале од вчера да џвакаат, сo векови тоа го правеле, а ете и здраво било.

Ајде ондак и Холандија нека ја забрани травата. А?!

Така да ООН шат д фак ап!
 

MartinFCB

Fcb
Член од
22 октомври 2010
Мислења
317
Поени од реакции
47
Зошто да не е легално, тоа е билка како и "нане". Неможе да е штетно ништо што го дава природата, а ова е природна билка така да убаво што сме признале.:angel1:
 
Член од
14 јуни 2008
Мислења
1.369
Поени од реакции
1.075
Па нормално дека треба да биде легално не само во Колумбија туку и во цел свет, ама со тоа ЦИА ќе го изгуби пазарот и не одговара.
Буквално се е кажано со ова. Можда треба УСА место ЦИА, ама од кај и да се вртиш гзот ти е од позади...
:cuc:
 
Член од
28 мај 2008
Мислења
3.966
Поени од реакции
4.073
Тоа е исто како кај нас американците да ни кажат дека пиење чашка ракија е лошо. Тоа си е традиција во таа земја, и нема тука ништо лошо. Лошото е за тие што тргуваат со неа
ќе изгубат клиентела. Исто е штетно и пушењето цигари, па најголемите производители се од Америка и никој не се осмелил ништо да каже за тоа, да тоа е добро бидејќи е америчко односно е амерички начин на живот
 

Kajgana Shop

На врв Bottom