Македонија - Доминиканска Република | Квалификации за ОИ, Лондон - 1/4 финале [петок 23:30 ч.]

Статус
Затворена за нови мислења.

DarkLord

Невиден малер
Член од
27 јануари 2007
Мислења
941
Поени од реакции
247
Не си играјте барјам, Бо каде и да иде секако ќе игра за нас.
 
Член од
16 август 2009
Мислења
2.213
Поени од реакции
1.713
У 3 лепе нека иде се. Дајте барем клип ако има искочено кога Бо ја забива преку Хорфорд да се смирам малце.
In ur face baby!

Ги изгледав последните 5-6 минути од мечот, ми се качи притисокот, па и кога ми кажаа колкава предност сме имале...:mad:
 

Ryan Giggs

tearing you apart since 1991
Член од
27 мај 2009
Мислења
11.756
Поени од реакции
21.444
Ете така се игра кошарка , со метро и жилет да му ја забиеш во сурат на нба кошаркар висок 2.10 !!! Уште еднаш за Антич и неговиот Трипл-Сингл 0 кошеви/0 асистенции/0 скокови Браво !!!
 

Tomasino

За својот народ и за тебе, морав јас да робувам.
Член од
19 март 2009
Мислења
9.252
Поени од реакции
19.549
Штета,испуштивме златна шанса,прашање е дали ќе имаме можност за уште еден ваков подвиг:unsure:
Пак таа одбрана,пак тој селектор..
Прво полувреме таа стара добра МАКЕДОНСКА ПАМЕТНА ИГРА со мирни напади,смирени,без брзањ..
Во одбрана со преземање,со удвојување,со лепење на човек,резултатот во 15 минута покажа како изигравме 37-17:(
И после снема гориво?
Шо се случи?
Зошто бе Лазовски прифативте брканица по терен?зошто?
Кога беше јасно како бел ден дека таа игра не ни одговара,освен Бо и до некаде Илиевски другите се изгубија во таа игра...
Им поклонивме победа на Доминиканците....иако мора да се признае дека одиграа страшно во второ полувреме,не откостија.....
Им тргна шутот,не развлекоа не натераа да ги бркаме по цела зона,за разлика од прво полувреме кога бевме збиени како фаланга и ги уништивме..
Уште еднаш на тактика губиме меч....Лазовски покажа дека уште не е зрел да води една репка на вакви важни мечеви....
Галипари и неговиот помошник Дел Харис(тренери со НБА искуство)точно ги знаеја нашите слабости и целосно го искористија секој момент,и неколкуте поклони од судиите....
Штета,заслужија многу повеќе нашите играчи...
Посебно ми е жал за Бо,го остави срцето за Македонија...:cuc:
 
Член од
8 декември 2009
Мислења
2.706
Поени од реакции
2.181
По на Игорче паметот идете, 2 -3 грешки максимум имаше од страна на судиите.
Инаку честитки до играчите, од прв до последен изгинаа и одиграа феноменално.
Треба коментар за единствениот виновник за поразот - Лазовски ? Нека се гони у пм !
Какви катастрофални потези направи не ми се верува, на расположен Гарсиа тој мести зона во одбрана. :facepalm:
Срцево ме ќине али тоа е, оваа репрезентација има иднина и тоа се виде кога Антич не беше на теренот ( + рачунај со Чековски во игра беа ) а играа феноменално.
П.С. Ах бе Лазовски беееее, цел живот ќе те памтам по лошо. :mad:
 
Член од
9 април 2009
Мислења
3.183
Поени од реакции
3.830
утаскмицава ја изгубивме заради тактиката, односно заради неспособноста или незнаењето на напшиот стручен штаб. истата прикаска со ракометарите. ПА КОГА БЕ ЕДНАШ ДА ЕАМ ТО МА..А МУ, ќе земиме еден асолен тренер, да не се губиме кога противникот ќе ни ја смени тактиката???

доминикана се дупло послабо од нас, дупло, ама имаат екстра тренер, а ние? ние го имаме газоски моронот!!! се изгуби гревчето. да водиш 20 разлика и да изгубиш... :tapp:
немоом да се смирам у пм!!!
 
Член од
2 април 2006
Мислења
14.363
Поени од реакции
3.069
Јебига, се искомбинираа повеќе баксузни фактори за да ја изгубиме оваа.

Како прво, судии беа катастрофални, обично се воздржувам да пцујам бидејќи е под ниво, ама мамата у пичка нивна зашто гарант имало заткулисни игри. Не може да му судат фаул на Чековски кога е зацврстен со нозете во рекет и плејот нивен иде во НЕГО. Зар треба да го остави да пројде?
Ебате шупаците глупи, а оној Мартинез испадна кошаркарскиот Бускетс. Не прееба и за техничка за него, требаше чисти две технички да попие!

Второ, Антиќ имаше катастрофален натпревар, јебига, се случува и тоа. Баксузното е што денес ни се случи, а он и Бо се силата на тимот. Изненаден сум од Самарџиски и Чековски, одлична игра!

И трето, највеќе што ми е криво за натпреварот е тоа што не изгубивме МУШКИ. Значи цела утакмица форсираме тројки, а на крај кога губиме 8 разлика на 2 минути до крај против веќе разиграните Доминиканци, се пичкаме да шутнеме за три. Епа, не може така бе, бар пробајте тројка, дајте се од себе, па што биде нека биде.

П.с. Мекејлеб за мене е MVP играч. Да играш толку добро во напад, толку интелигентно во одбрана и да немаш никаков страв против 2 метраши од NBA треба да си навистина нешто посебно. Сигурен сум дека и во NBA типот ќе гази, едноставно има неверојатен талент и интелигенција што нема да му биде проблем против било кој да се најде и да игра. Штета за него што не отиде на Олимпијада, ама му посакувам се најдобро на клубски план.
 

мкд владе

arch-enemy
Член од
21 ноември 2009
Мислења
19.097
Поени од реакции
23.562
Тимот кој победува не се менува, толку кратко и јасно. Секако мислам на селекторот.
Судиите хммм судиите мамето ни го расплакааа. Ни ги врзааа и рацете и нозете и после што очекувате. Толку е борбата, нити можеш да играш, нити имаш воља нити можеш нешто посебно да направиш, освем немоќно да гледаш како разликата од 20 коша се топи како снег во лето.
Сепак играчите се тие, само селекторот е сменат, па сега видете по кој ке плукате и фрлате камења.
 

Darklady

Модераторка
Член од
29 октомври 2011
Мислења
5.667
Поени од реакции
35.319
Немаше да ми биде воопшто криво ако бевме поразени затоа што не сме имале шанси, затоа што не сме биле способни. Го имале тие Хорфорд НБА играч кој топка не виде во првото полувреме.
АМА она што тие го имаа, а го немавме ние е Калипари и Дел Харис, тоа се вика УСПЕШЕН тренер кој знае да ја прочита ситуацијата на терен и времено да реагира. Дефинитивно нашата репрзентација замина во Венецуела без тренер.
Што ѓавол правеше Газовски после толку одиграни пријателски средби, имаше ли во таа црпката негова резервен план, знаеше ли дека треба да смислува кој, што, како, зошто, или отиде таму да се прошета со рацете во џеб, па што ќе биде, нека биде.
Да прокоцкаш 30 кошеви (20 разлика + 10 ) значи дека си заспал и не си бил присутен да видиш дека нешто се случува.
За момците нема да коментирам, затоа што сметам дека главната вина лежи во нашиот НЕСПОСОБЕН тренер, кој нема очи да види (веднаш да си смени диоптер) дека Гечевски неможе да го даде својот максимум, годините, тежината, начинот на игра не соодветствуваа на синоќешното темпо, ама нашиот Газовски упорно и упорно удираше со главата во ѕид, дури и кога виде дека победата ни се лизга од раце.

Нов ден, овој пораз ќе боли уште долго, златна шанса, златна генерација, самите си ја прокоцкавме, благодарение и на судиите секако, тие никако несмеат да се заборават :tapp:.

Со нови сили, во нови победи,,, до некоја следна прилика

Бо друже, секоја чест за твојата пожртвуваност да ги браниш боите на нашата земја:cuc::cuc::cuc::cuc::cuc:
 

Windfucker

Телемит, Темплар, Масон, Сциентолог во целибат
Член од
30 април 2010
Мислења
8.459
Поени од реакции
15.326
Не уби слабата клупа во теков на турниров, Антич можеби немаше поени но додека беше во игра се држевме добро со скоковите и не остававме поени од втора и трета шанса. Се покажа дека Чековски и Гечевски не се кадарни да ги заменат Антич и Самарџиски.
Бо ја направи разликата во оваа утакмица, инаку ќе беше дебакл со онаква одбрана во второ полувреме.
Судијата не уби во поим кога се кршеше резултатот и секако нашиот тренер кој прифати игра ран анд ган која потполно им одговараше на Доминиканците што и не дотолчи и ја стопи разликата. По мое требаше да го разигра Николовски со утакмицата против Нов Зеланд, за да може да го искористи како опција против Доминиканциве од причина што се знаеше дека борбата ќе биде под кошевите.
 
Член од
1 септември 2011
Мислења
177
Поени од реакции
113
уууууф, колку само ми е мака и криво што олимпискиот сон остана само сон...
сепак за мене и понатаму ќе останат херои, посебно Борче- секоја чест најголем македонец меѓу македонците, човек со лавовско срце.
Штета што ја испуштивме оваа шанса, штета што им ја поклонивме победата, но во 2 пол. и те како не надмудрија и надиграа.
Она мувлана Лазовски, да се обеси на триумфална капија, која шуга невидена е, врска нема од животот и професијата.
Грешка што имавме толку лични грешки и промена на тактика во 2 пол. (уствари која тактика...Лазовски и тактика=магаре и музика)
Судијата (канаѓанецот) крв да сере, копиле не уништи и момците паднаа на психа а ова доминиканциве фино лепо си ја искористија можноста а и баш им тргна втората половина.
Секоја чест за Борче, Предраг и Владо, но што се случи со браќава???
Како и да е, се надевам на поголеми успеси догодина во Словенија и се разбира никако со Лазовски коњот.
И на крај се одјавувам со "in yor face baby" моментот за паметење!
 

Donald Sikert

Jane Vitington
Член од
28 ноември 2008
Мислења
8.283
Поени од реакции
5.614
Џабе е веќе што и да кажеме , и да го бараме виновникот. Се случи најлошто. Готово е.

Познавајќи ги малку повеќе приликите во репрезентацијата, и дел од кошаркарите, единствената замерка на ЛАзовски е што немаше храброст да пресече и да го остави великанот Гечевски на клупа, поради разно-разни притисоци.

Мораше и Антиќ да биде менуван од Кирил Николовски, дури и од Чековски, во одбраната на Хорфорд, и тие да бидат жртвувани со неколку лични грешки.

Така и беше информацијата од пред мечот, околу тактиката. Но сепак, нешто се сменило и Антиќ отиде на Хорфорд од самиот почеток.

Ќе мора ЛАзовски да објасни зашто го стори ова.

Не е дека ја погреши тактиката, но сепак нешто фалеше. Човекот точно знаеше да процени кога да викне тјам-аут за ралика од некои други, и да ј аосети играта, но за жал не успеа.

За евентуалните грешки во неговата тактика, сепак ќе треба да објаснат некои многу покомпетентни од мене, и од сите нас тука.

Какои да е останува горчината, дека го загубивме олимпискиот сон, од една потпросечна Доминикана.

Се прашувам сега, дали беше подобро Русија да беше противникот?
 

Max Legend

The black swordsman
Член од
27 септември 2010
Мислења
4.339
Поени од реакции
6.479
Ne bev vo moznost da go sledam mecot,ne se drznuvam da baram snimki,dovolni mi se postovite za da vidam sto i kako se sluci toa sto se sluci.


Mnooooooooooooogu mi e zal,epten!3 selekcii imavme za olimpijada i se se spicka na krajot.Vaterpolistite nema sreka,rakometarite go imaa Sundo,pa morase li da imame i Sundo vo kosarkarskiot tim?

Kolku sto KFM e kriva sto go stavi za trener tolku e i Marin kriv sto ne napusti i pak KFM sto ne dadoa se od sebe za da go zadrzat.


Nikogas nema da videme nas tim na olimpijada,nikogas.So vakva postavenost,so vakva igra ke ostaneme najantisportskata zemja od bivsa YU.
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

На врв Bottom