Македонија-Австрија 23.01. (36-31 второ место во група)

Како ќе заврши мечот меѓу Македонија и Австрија?

  • победа на Македонија

    Гласови: 128 82,6%
  • нерешено

    Гласови: 23 14,8%
  • победа на Австрија

    Гласови: 20 12,9%

  • Вкупно гласачи
    155
  • Гласањето е завршено на .
Статус
Затворена за нови мислења.

Tomasino

За својот народ и за тебе, морав јас да робувам.
Член од
19 март 2009
Мислења
9.241
Поени од реакции
19.440
Ај да пробаме со мене,да видиме шо ксмет имам...
Играме со стар познаник,нашите вечни муштерии Австријците,сигурно ја сонуваат Македонија и имаат кошмари...:kuracc:

Да се надеваме дека нема да бидат вака накезени по мечот со нас...:kuracc:
Но било,поминало..да го оставиме минатото зад нас...
Од година во година Австријците напредуваат..
Од анонимуси во баражот со нас во 2012,сега се доста сериозна селекција,и навистина ќе ни треба многу добра игра за да ги победиме...
Значи,да почнам..
На голот,Никола Мариновиќ,на ова СП,имаше една одлична партија со Босанците и беше најзаслужен за победата...
Тоа е овај дечко(само на сликата ги нема наочарите):icon_mrgr:

Со Тунис во прво полувреме беше доста солиден,па потоа неразбирливо беше седнат на клупа и бранеше вториот голман Бауер,кој не е на негово ниво..
Па на крај се врати,скина пенал,и зицер и беше еден од најзаслужните за бодот...
Еден од првите фактори за победа е,да не се разбрани Мариновиќ...
Многу зависат од него...
Во одбрана се базираат на високите Херман(десниот бек)Пош(пикерот),Микола Билик,играчи кои се доста груби и добиваат доста исклучувања....
Знаат да бидат доста груби во одбраната,посебно кон бековите,па ќе мора добра да изиграме во напад,пред се во брзината на нападот,ако одиме на борење ќе изедиме ќотек...
Во напад,целата сила им е во крилата...
Роберт Вебер,еден од најдобрите крилни играчи на шампионатот...
Екстремно брз,незгоден за чување,добар шутер на пенали,широк репоертоар на удари..
Премногу играат преку него,ако го затвориме него ќе завршиме голема работа...
На другата страна Раул Сантос(Бразилец со австријски пасош),исто така многу опасен,но малку понестабилен од Вебер,пред се затоа што е склон на промашување,сака да солира некогаш(ала Манасков)и знае да влези во црни дупки,посебно при 1на 1 ситуации со голманот...
Со оглед дека немаат и тие некој класа лев бек играат доста преку лево крило,но претежно кога се во транзиција,ако се во позиционен напад претежно заврѓшуваат преку бековите,пред се кон десно,ако нема позиција за Херман или Божовиќ префрлаат топка кон Вебер....
Значи една од најважните работи,да не дозволиме контри од крилата...
Пиерот им е просек,висок,јак,но не е некоја класа како Вори,Теж,Торомановиќ,би требало да се справат со него..
Бековите им се можеби анонимни но доста уиграни..
Организатор на игра е Виктор Силаги,35 годишен,милион утакмици зад себе,вистински лидер на екипата..
Можеби не е како на времето,но ако добие простор е доста опасен,посебно со удари од земја шо му се специјалност....
Негова замена е Зиура,одличен техничар,не шутер како Силаги,но знае да влези во 6.
Не е брз многу,па можиме со него да се справиме...
На лев бек ги имаат Билик и Шилингер(добро познат)....
Билик игра повеќе,незгоден играч,висок,слаб со добри движења,знае да направи финта со тело и да се ослободи,знае да влези во 6,има добар шут,незгоден играч,доста играат преку него..
Од друга страна Шилингер е спротивност,тежок,тромав,има само добар шут,и тоа ако му се остави простор одлично го користи,но се на се,просек играч...
Но не играат многу со Шилингер,прва постава е Билик....
На другата страна е еден од близнаците Херман,Максмилијан,заедно со Божовиќ ја покриваат десната страна....
На времето Божовиќ имаше предност пред Херман,но на ова СП,Херман има максимална минутажа..
Многу добар играч,висок,брз,добро движење с нозе,добар влез на 6 метри,не е некој трапав играч како Божовиќ на кого глванто оружје му е разорниот удар....
Ќе мора многу да внимаваме на Херман,и во напад и во одбрана,многу груб играч,ќе има мака Мојсо со него....
Тоа е тоа....
Горе долу тука сме со Австријците,според прикажаното ние сме фаворити..
Не блескаа ниту со Босанците ниту со Тунис,но се извадија....
Со нас ќе бидат напалени до даска...
Тоа ќе мораме да го искористиме,посебно шо императивот за победа е на нивна страна,нас и бод ни брка работа...
Ако изиграме како денес(во најголемиот дел) би требало да имаме добар резулатат,некако ни лежат Австријците...
Само да не им ги разиграме крилата,ко се бие битката пред двата гола на позициона игра би требало да сме во предност....
Барем бодче овде,и да си одиме на дуел со дежелата....:zloo:
 

dragonsky

Hate leads to suffering
Член од
25 декември 2010
Мислења
42.905
Поени од реакции
84.307
Очекувам да биде како утакмицата со Босна..на хартија не ми се верува да изгубиме ама со нашиве се бидува.

Не се нервирајте многу ќе завршиме втори :icon_mrgr:

:oeoeoe:
 

ManUtdChampions

Lleyton Hewitt
Член од
5 февруари 2009
Мислења
32.412
Поени од реакции
42.670
Ќотек.


(иако не успеа ова со Хрватска)
 
Член од
20 јануари 2015
Мислења
101
Поени од реакции
91
Репрезентацијата на Австрија во последниве години има доста голем подем, точно пред една година ги добивме со тесен резултат. Ние влегуваме како фаворити во мечот, ќе биде тесно но мислам дека со нашиот тип на игра дека можеме да ги победиме. Треба само Борко малку повеќе да се разбрани, а не како денес против Хрватска.

:oeoeoe::oeoeoe::oeoeoe:
 

Сладоледџија

Ванила & Чоколадо
Член од
8 декември 2009
Мислења
14.458
Поени од реакции
11.916
што и да се деси, мора да се иде на Катар... Повеќе ќе ни биде добро со Катар отколку Словенија...
 

Толстој

екс Бомбастичен
Член од
28 септември 2012
Мислења
11.920
Поени од реакции
11.945
Каква Австрија. Наша е победата! :)

НАПРЕД МАКЕДОНИЈА! :oeoeoe:
 

Кико Д.

ULTRAS - way of life
Член од
26 јануари 2010
Мислења
11.435
Поени од реакции
9.676
Клајте нерешено, јас стандард за то си гласам :D
 

dragonsky

Hate leads to suffering
Член од
25 декември 2010
Мислења
42.905
Поени од реакции
84.307
Вие со forza neresheno менталитет може за двете да гласате :)
 

Cappie

Vincere non è importante: è la sola cosa che conti
Член од
29 мај 2008
Мислења
1.914
Поени од реакции
307
што и да се деси, мора да се иде на Катар... Повеќе ќе ни биде добро со Катар отколку Словенија...
И јас би идел на Катар. Германија веројатно ќе биде прва, што би значело дека откако би го поминале Катар во 1/4 финале ќе се игра со Германија (ако не изгубат во 1/8 финале). Без разлика што сите ги победија, мислам дека повеќе ни одговараа него Данска, која мислам дека не дава максимум уште, како и Франција.
 
Член од
16 јануари 2014
Мислења
2.342
Поени од реакции
1.619
Настаните дојдоа на очекуваното, сите прогнози беа дека со Австрија ќе се бориме за втората позиција во оваа група, Хрватите неприкосновени се наоѓаат на првата позиција, иако многу ми е криво што не успеавме да ги плеснеме но што е тука е, треба да се гледа секогаш напред.
Австрија.. не претставува за нас новајлија, сеуште ми е пресно врежан во главата дуелот против нив лани на ЕП, тогаш имавме раштиман состав и многу тешко се справивме , среќата беше на наша страна..
А сега се е поинаку, сега го избравме најдоброто што можеше и тргнавме кон добри резултати.
Многу незгодна селекција е Австрија, ги намачија Хрватите, во тешка битка успеаа да им откорнат бод на Тунис, Иран и Босна ги победија да се каже лесно.
Колку што успеав да ги гледам во неколку наврати од нив може се да се очекува, но посебно внимание треба да се обрне на нивните крила, Вебер и Сантос.
Овој Шилаги им е исто добар, ги решетеше на Хрватите од секоја позиција.. а сите знаеме нашиот Борко колку може со удари од 9 метри..
Очекувам Обрван дека ке ги увиде грешките од денешната утакмица и нема да дозволи пак да се повторат, очекувам добро да ги подготви играчите и да прави добри ротации, не ми е јасно зошто на некој играч кога ќе му тргне го става на клупа.. пример денеска беше Прибак и Недановски, тоа не смее да се дозволи повторно, зошто голема екипа неможе да се победи без никакви ротации.
:oeoeoe::oeoeoe:
 

macko i

Локален шериф
Член од
8 јуни 2011
Мислења
2.723
Поени од реакции
1.480
Да се надеваме дека ќе добиеме пофер и коректно судење да не бидат пак судите ко денес...
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

На врв Bottom