Македонцки
мадрфакр
- Член од
- 23 ноември 2007
- Мислења
- 4.281
- Поени од реакции
- 635
Овчарани е гордо што за прв пат се избра кмет на селото кој е Македонец од редовите на „Виножито“
Нашата приказна за локалните избори во Грција неизбежно мора да тргне од граничниот премин Меџитлија. Оттаму добивме нова етикета на нашето возило, со која бевме принудени да се тркаламе кон селото Овчарани.
Иако полицијата на грчката граница без проблем ни удри печати во ливчињата, грчките цариници не сакаа да ни дозволат да влеземе во земјата затоа што им бодеше очи тоа што на автомобилот пишува „Нова Македонија“.
- Не смееме да ве пуштиме со натпис „Македонија“, затоа што е нелегално - рекоа грчките цариници на граничниот премин Ники. По половина час барање поразумен изговор за да нé вратат, решија да нé пуштат - но само под услов на возилото да стават две налепници на кои пишува дека Грција ја признава нашата држава како ФИРОМ. Од грчката амбасада во Скопје телефонски ни објаснија дека цариниците инсиситирале да ги стават налепниците затоа што не биле сигурни дека на возилото го пишува името на весникот.
Непријатното искуство од границата брзо го снема од нашите мисли кога стигнавме во Овчарани.
Уште од влезот на селото бевме љубопитни која од куќите што се редеа покрај патот е на новоизбраниот селски кмет - Македонец од партијата „Виножито“. Жителите на селото во првиот круг на локалните избори минатата недела го изгласаа Панде Аршлаков за селски кмет, со надеж дека од почетокот на следната година, кога ќе почне да ја врши должноста, нема да заборави да ги брани правата на Македонците што го дале гласот за него.
Цело Овчарани се радува
Сончевото есенско утро навестуваше дека ќе се урне надежта на грчкиот премиер дека граѓаните ќе одат да гласаат, наместо да го поминат вториот ден од викендот со семејството. Очигледно ќе се повтори сликата од првиот круг на локалните избори, кога повеќето Грци не отидоа да гласаат.
Кога пристигнавме во Овчарани, на сонцето се печеа само празните улици. Како да не се одржуваат локални избори!
Каде живее новоизбраниот кмет Панде, прашавме еден под минувачите. Нé однесе до куќата на родителите на Панде. Во дворот нé пречека постар човек во работничка облека од која го триеше штотуку набраното јаболко. Тоа беше таткото на Панде.
- Дојди, ни идат гости од Македонија - викна по жена си и нé покани да влеземе во куќата. На ѕидовите висеа врамени фотографии од неговото семејство. Јане Аршлаков, таткото на Панде, ни објасни дека на една од фотографиите е неговиот чичко кој бил комита.
- Да не не сте наши - нé погледна со недоверба мајка му на Панде, која влезе во собата потпирајќи се на бастун да нé послужи со слатки.
Ни објаснија дека новоизбраниот кмет Панде Аршлаков бил на лов. Јане со сјај во очите раскажува дека не само тие, туку и цело Овчарани е гордо што за прв пат е избран кмет од редовите на партијата на Македонците.
- Сите се радуваат што имаме наш човек. Грција вика нема Македонци, но ете, наш е избран, од „Виножито“ - вели Аршлаков, кој објаснува дека неговиот син бил кандидиран од владејачката партија ПАСОК. Со секоја голтка кафе, голтнавме и по некоја анегдота за тешкиот живот на Македонците во Грција.
- Внуците разбираат македонски, но не знаат да вратат. Еден од синовите кога го пратив на школо ме прашуваше зошто го носам, кога таму се зборува поинаку. Едно утро се врати и ми вика дека научил оти лажица се вика кутали, а вода на грчки е неро - раскажува Аршлаков. Родителите на новоизбраниот селски кмет се сеќаваат на времето кога им било забрането да зборуваат на мајчиниот јазик.
- Жените седеа на улицата и разговараа, а две момчиња им чуваа стража за да им кажат да не оди полиција, па да ги чуе дека зборуваат на јазикот што Грците го викаа ѓупски - вели Аршлаков.
Роднина на Васкопулос ќе победи во Леринско?
По долго двоумење дали да оди на гласање, таткото на Панде тргна кон селското училиште каде што подоцна ќе се бројат ливчињата од гласачките кутии.
- Тој граба ко коњ, а јас со два бастуна - се насмеа жена му, која нé дочека со недоверба, но нé испрати со покана пак да им дојдеме.
Во Лерин се гласаше за нов градоначалник, а изборната битка се биеше меѓу Јанис Васкопулос, роднина на претседателот на „Виножито“, Павле Васкопулос и Емилиус Аспридис. Првиот е кандидат од Нова демократија, а вториот од ПАСОК. Во првиот круг на гласање водеше Васкопулос, така што овчаранци очекуваат тој да биде победникот. На гласачкото место во училиштето почнаа да се собираат селаните што излегле на гласање. Нас не нé пуштија внатре да фотографираме, затоа што сме немале специјална дозвола од избирачката комисија, туку само од грчкото МНР.
Помуабетивме и со претставниците од „Виножито“, кои ни објаснија дека не се решиле партијата самостојно да настапи на локалните избори затоа што тоа чини многу скапо.
- Изборите се скапа работа, а ние како партија немаме доволно финансии - вели Петрос Димцис од „Виножито“. Тој објаснува дека во грчките села, кризата се чувствува помалку отколку во градовите.
Дали ПАСОК ќе ја добие очекуваната поддршка за „грчкиот пат кон заздравувањето“ ќе покажат резултатите од вториот круг од локалните избори. Ако судиме по вчерашниот изборен ден во Овчарани, бојкотот ќе остане главната карактеристика на овие избори во соседната земја.