Во ера на ваква дигитализација,срамно е МРТВ да бара повеќе од едно евро месечно од граѓаните по приклучок.Парите треба да си ги подмирува од кабелските оператори кој ја реемитуваат нивната програма,а никако не од народот и фирмите,зошто на тој начин се создава двојно наплаќање на законската обврска што пак се коси според сите светски законски норми за авторски права и дистрибуција на програма.Лично се надевав дека некој ќе ја оспори уставноста на двојната наплата,ама изгледа за тоа ќе мора да се тужи државава во Стразбур,доколку некој има двојна платена сметка,како на кабелскиот оператор,така и на сметката од МРТВ.Државава е должна да им ги врати на граѓаните двојно платените пари,со енормни трошоци за претрпената манипулација,изгубено време и други трошоци со ваквите тужби.Всушност како и секогаш власта во државава спроведува закони пред да ја преиспита нивната законска издржаност,а парите ги плаќаме сите ние од нејзината некадарност.