- Член од
- 5 август 2006
- Мислења
- 164
- Поени од реакции
- 10
Македонската радио - телевизија од понеделник ќе ги дистрибуира сметките, односно решенијата за радиодифузна такса за 2007 година. Во решенијата прецизно ќе бидат наведени износите на таксата за првите шест месеци, додека за периодот од јули до декември годинава МРТ дополнително ќе ги соопштува прецизните износи на таксата. За јануари износот е 347 денари, по што во следните месеци се зголемува поради растот на просечно исплатената плата годинава.
Граѓаните радиодифузната такса ќе може да ја плаќаат на рати, и тоа до 12 рати, односно месечно да се плаќа само по една такса.
Решенијата ќе ги дистрибуира "Македонска пошта", и тоа на почетокот ќе се достават препорачано до секој претплатник.
Од МРТ најавуваат дека ќе биде основан и посебен оддел за присилна наплата на заостанатата такса.
Наплатата на таксата за годинава значајно доцни, главно поради неисполнетото ветување на ВМРО-ДПМНЕ од предизборната кампања дека износот ќе се преполови. Намалувањето на износот на таксата е предвидено и во Преродбата во 100 чекори, односно и во владината програма, но законот со кој таксата требаше да се намали се уште не е донесен.
Извршниот директор на МРТ Јанез Сајовиц во соопштението од МРТ вели дека од понеделник почнуваат и со нова програмска шема, која си ја поставиле како обврска пред да им ги врачат на граѓаните сметките за радиодифузната такса.