Neelix
Рубикс Кјубер
- Член од
- 4 март 2012
- Мислења
- 23
- Поени од реакции
- 6
Па редно беше, формула немаме гледано ко луѓе од ланиМТВ во преговори за Формула
Порталот „f1almanah.mk“дознава од упатени извори дека Македонската телевизија преговара да ги обезбеди правата за емитување преноси од светското првенство во Формула 1.
Во текстот кој го објави овој портал стои:
Добивме потврда од лица кои сакаат да останат анонимни дека преговорите се во тек, како и дека е многу веројатно договорот да биде потпишан пред Велигденските празници. Поради временскиот теснец неизвесно е дали реализацијата ќе успее да се случи сега, бидејќи нашите извори стравуваат дека постојат формално правни процедура, па дури и дека е можно да биде потребно одобрување од високи државни инстанци.
Дознаваме дека во моментов спортската редакција наводно нема свој уредник, бидејќи претходниот е во фаза на разрешување. Доколку ситуацијата не се реши до утре, а идната трка во Бахреин може да се откаже, ТВ преносите би се вратиле на малите екрани најрано на 13 мај, кога е закажана трката во Шпанија.
Македонија се соочува прв пат без телевизиски преноси од Формула 1 по осамостојувањето во 1991 година. И порано се случувало некои од менаџерите на јавниот ТВ сервис да ги откажуваат правата за Формула 1, но и откако некои независни приватни куќи ќе се обиделе да го преземат големиот влог, преносите да се вратат на МТВ. Последен ваков случај беше забележан во 2002 година кога тогаш ново-формираната Алфа ТВ успеа да ги обезбеди правата за наводни 70.000 долари, кои потоа никогаш не ги плати, па Ф1 се врати во МТВ за шпекулирани 40.000 долари, но цената во 2003 веќе беше двојно поголема. Според информациите на Ф1 Алманах, собрани пред почетокот на сезоната, ТВ правата за Македонија биле нудени од различни страни, како од домашни, така и од страниски фирми, една од Хрватска и една од Грција. Поранешниот сопственик на ТВ правата во тогашниот кус телефонски разговор само ни посочи дека според неговите информации, цената на ТВ правата за оваа година е поефтина во однос на лани.
Ф1 Алманах самостојно заклучува дека по пропуштените две трки од почетокот на сезоната, како и најавата за откажување на трката во Бахреин, и таа цена што била пониска за оваа година, би требало да забележи дополнителен пад, се наведува во информација на „Ф1 Алманах“
http://makmedium.com/index.php/component/k2/item/397-се-шушка-„мтв“-во-преговори-за-„ф1“-пренос