МРТВ - Македонска радио телевизија

Член од
29 јуни 2018
Мислења
3.470
Поени од реакции
5.473
Мрт отворил нови канали.
Мрт нов проект асален последно го реализирал во 1999 ако не се лажам... Осеќам Иселенички Џубокс ќе се врати пак у мода. Јер само тоа им трае по 4 саати со 10 позиви и секогаш истите луѓе.
Коа ќе видиш Србија, Бугарија па и Хрватска какви се серии со по над 5 сезони прават, мрт ти е као ТВ Шутел.
Под Прикритие
Јужни Ветар - Сеа ја праат, лудница серија цел балкан ја глеа...
Мрт - Репризи од бушава азбука најголем хит, па уште 3 канали отворија. (да не заборавиме ЈВ и ПП ги пишав потшо тие се во продукција на БНТ и РТС, значи цел балкан серии што ги глеа направени од националните телевизии во Бугарија и Србија).
Отвориле Канал за Спорт и Забава. Кој спорт роџаци ? Арена спорт почна филмови да дава тие сега им текна канал за спорт да отворат? Барем нека почнат Белоруска лига да даваат, и така и така само кај нив се игра сеуште спорт.
Забава ? Која забава роџаци, 1 квалитетна серија у 3 години пуштаат. Блеклист ја имаа, сеа ја тргнаа ко што видов, сеа Пријатели ја пуштаат... Одлична серија е, не викам не, ама АЛОО од коа завршија РЕПРИЗИТЕ НА РЕПРИЗИТЕ на пријатели ? Наместо да вложеле до сега малце пари, да снимеле некоја ДОБРА серија, да се пласира на балканско ниво и евентуално и профит од бивша ју/бг да праат они седат со кур у раце 20 години и чекаат да им падне нешто од небо. Наместо да удрат на младата популација, се гледа какви серии сега се гледаат на балканов (Убице мог оца, Под Прикритие,Јужни ветар...) во главно крими серии, они зимаат права за Фамилија Марковски... Као што има депресија, уште толку да не дотепа депресијава... Едина асална продукција, малце да те опушти беше Преспав. Само се сомневам дека тоа е продукција на МТВ.
Ништо, сеа барем иаме 3-4 канала на којшто ќе можеме да глеаме Утринска програма и Бушава азбука. Ајде, ваљда Вардар, Шкендија, Вардар Ракомет и Македонска Репрезентација ВАЉДА нема да мора да ги гледаме по Арена Спорт и Спорт клуб... Освен ако нема случајно некое уметничко лизгање што само у банана држави ко кај нас го пренесуваат на национална телевизија. Тогаш ништо. Приоритети роџаче...
 
Член од
1 април 2018
Мислења
2.056
Поени од реакции
4.031
Спортско-забавниот канал МРТ-3 од утре (петок, 10.04.2020) ќе биде најновиот „терен“ на Македонската Телевизија за врвен спорт, атрактивни филмови и серии, квалитетна музика и за забавни содржини. Во период кога се замрени сите спортски, културни, музички и естрадни настани, Јавниот сервис влегува во амбициозен потфат да привлече гледачи коишто по нормализирањето на ситуацијата ќе имаат телевизиска фреквенција со порелаксирана програма. МРТ-3 нема да биде само спортски канал, но ќе понуди нешто што специјализираните спортски канали во моментов не можат. Како членка на Евровизија, МРТ обезбеди ексклузивна можност да ги реемитува претходните светски фудбалски првенства, додека партнерството со Интернационалниот Олимписки Комитет и дава шанса повторно да и ги понуди на публиката претходните олимписки игри. Затоа, во наредните денови ќе ги освежиме сеќавањата на фудбалскиот Мундијал во Русија 2018 со потсетување на сите 64 натпревари, а ќе се навратиме и на најголемите возбудувања од најатрактивните настани на ЗОИ во Пјонгчанг 2018. Очекувајќи што поскоро да прекине спортскиот мораториум на глобално ниво, а негувајќи идеја со тек на времето да напредува, да расте и да се надградува, МРТ-3 ќе ги обнови спомените од последниот период и од ракометната ЕХФ Лига на шампионите, од ракометната СЕХА Лига, како и од сите други спортски натпреварувања за коишто располага со ТВ-права за тековнава сезона (кошаркарската НБА лига, хокејарската НХЛ лига, ИСУ сезоната во уметничко лизгање, италијанскиот и францускиот фудбалски шампионат). Телевизиските права особено за меѓународни настани секогаш се со временски лимитирана важност. Toa оневозможува МРТ повторно да емитува многу скапоцени материјали од поновата и од постарата документација. Таквата ограниченост за реемитување настани од некогаш е пречка да нурнеме во архивата и уште подлабоко, можеби и повеќе децении наназад. Сепак, тоа отвора можност да и понудиме на јавноста и значителен дел од настаните на домашните спортски терени, на коишто јавниот сервис по традиција им дава публицитет. Колажниот спортско-забавен карактер на МРТ-3 ќе биде надополнет со избор на квалитетни филмски остварувања и серии, како и со музички и забавни програми во продукција на МРТ коишто при премиерните емитувања имаа силен одек и наидоа на големи симпатии во јавноста. Сите овие содржини ќе се испреплетуваат во ударниот термин од 16 до 24 часот. Оние коишто ќе го пропуштат првото емитување, ќе имаат уште две можности да ја погледнат истата понуда - од полноќ до 16 часот наредниот ден.
Програма за петок, 10.04.2020 16.00 ракомет ЛШ 2017, 1/2-финале; ВАРДАР-БАРСЕЛОНА 17.30 ЗОИ 2018: СВЕЧЕНО ОТВОРАЊЕ 20.00 СП фудбал 2018: РУСИЈА-С.АРАБИЈА 22.00 филм; WONDER WOMAN 00.00 ракомет ЛШ 2017, 1/2-финале; ВАРДАР-БАРСЕЛОНА 01.30 ЗОИ 2018: СВЕЧЕНО ОТВОРАЊЕ 04.00 СП фудбал 2018: РУСИЈА-С.АРАБИЈА 06.00 уметничко лизгањe

Програма за сабота, 11.04.2020 08.00 ракомет ЛШ 2017, 1/2-финале: ВАРДАР-БАРСЕЛОНА 09.30 ЗОИ 2018: СВЕЧЕНО ОТВОРАЊЕ 12.00 СП фудбал 2018: РУСИЈА-С.АРАБИЈА 14.00 уметничко лизгање 16.00 ракомет ЛШ 2017, финале: ВАРДАР-ПАРИ СЕН ЖЕРМЕН 18.30 ЗОИ 2018: алпско скијање, СПУСТ (м) 20.00 СП фудбал 2018: ЕГИПЕТ-УРУГВАЈ 22.00 филм: ПЕРФЕКТНА БУРА 00.00 ракомет ЛШ 2017, финале: ВАРДАР-ПАРИ СЕН ЖЕРМЕН 02.30 ЗОИ 2018: алпско скијање, СПУСТ (м) 04.00 СП фудбал 2018: ЕГИПЕТ-УРУГВАЈ 06.00 уметничко лизгање
 
Член од
30 април 2013
Мислења
356
Поени од реакции
207

Како најавуваш атрактивни филмови и серии . Тие се репризи од МРТ 1
 
Член од
14 март 2010
Мислења
16.807
Поени од реакции
15.898
нај позитивно во отварањето на овој трет канал е тоа што спортски пренос од 16.00 часот, нема да го прекинат во 17 часот за дневник, туку ќе си тераат преносите нормално за разлика од преносите на прва каде на сред преноси идеше дневникот или пак се вклучуваа во нешто друго, тука ќе си тера нормално со преноси, а и во случај да се поклопува некој пренос ќе се иде и на прва и на тројка(СП фудбал, ОИ).

и не очекувајте дека ќе купат пример ЛШ фудбал или нешто елитно, освен соработка со арена спорт и некој пренос позајмен од нивна страна и ова што го имаат сега за сега мислам дека така ќе се тера.

п.с
се надевам дека ќе го вратат сидор со анализа на некоја шаховска партија во понеделник навечер, а и стандардната спортска среда.
 
Член од
15 јули 2007
Мислења
14.892
Поени од реакции
7.569
Да не беше ситуацијава со вирусов и кризава уште ќе бевме само со МРТ 1 и Собраниски на македонски јазик тв канали.
Овие тв канали се планирани уште одамна и ете дури сега се убрза работата.
 
Член од
24 јануари 2015
Мислења
1.741
Поени од реакции
1.168
нај позитивно во отварањето на овој трет канал е тоа што спортски пренос од 16.00 часот, нема да го прекинат во 17 часот за дневник, туку ќе си тераат преносите нормално за разлика од преносите на прва каде на сред преноси идеше дневникот или пак се вклучуваа во нешто друго, тука ќе си тера нормално со преноси, а и во случај да се поклопува некој пренос ќе се иде и на прва и на тројка(СП фудбал, ОИ).

и не очекувајте дека ќе купат пример ЛШ фудбал или нешто елитно, освен соработка со арена спорт и некој пренос позајмен од нивна страна и ова што го имаат сега за сега мислам дека така ќе се тера.

п.с
се надевам дека ќе го вратат сидор со анализа на некоја шаховска партија во понеделник навечер, а и стандардната спортска среда.
Епа ако имаат спортски канал треба да имаат спортски понеделник до недела, а не само среда. И така ќе немаат доволно материјал за 24/7 програма.

Sent from my SM-G960F using Tapatalk
 
Член од
15 јули 2007
Мислења
14.892
Поени од реакции
7.569
Епа ако имаат спортски канал треба да имаат спортски понеделник до недела, а не само среда. И така ќе немаат доволно материјал за 24/7 програма.

Sent from my SM-G960F using Tapatalk
Овој ќе биде спорт, музика, филмови, забавни емисии..
 
Член од
15 јули 2007
Мислења
14.892
Поени од реакции
7.569
Значи МРТ1 без вести.

Sent from my SM-G960F using Tapatalk
Да.

Кога ќе пројде ебанава пандемија и кризава во светов ќе се стабилизира па ќе има пренос во живо спорт.

И на МРТ 1 ќе си има спорт а тоа значи кога ќе има олимпијада ќе може два преноса на спорт да се прават, еден на МРТ 1 а друг на МРТ 3.
 
Член од
24 јануари 2015
Мислења
1.741
Поени од реакции
1.168
Добро, кога ќе ги тргнат спортот, филмовите, документарците и детската програма, тогаш што ќе остане на МТВ 1? Само вести и политика?

Sent from my SM-G960F using Tapatalk
 
Член од
30 април 2013
Мислења
356
Поени од реакции
207
Добро, кога ќе ги тргнат спортот, филмовите, документарците и детската програма, тогаш што ќе остане на МТВ 1? Само вести и политика?

Sent from my SM-G960F using Tapatalk
нА МРТ 1 ќе си оди програмата како што си оди сега Бушавата азбука, дајте музика и другите детски програми ќе одат и на МРТ 5 Ѕвонче.
Филмовите, сериите од МРТ 1 ќе одат и на МРТ 3
Се што одело и оди на МРТ 1 ќе го има и на МРТ 5 Ѕвонче и на МРТ 3
 
Член од
4 јануари 2008
Мислења
2.341
Поени од реакции
4.951
На кој основ ќе функционира Спортски канал на МРТВ?
Што ќе пренесуваат, Трета лига Исток - ЗС ОВЧЕ ПОЛЕ : ФК РАБОТНИК ЏУМАЈЛИЈА ?!?

Треба пари бре за таков канал. Тие немаат пари нашиве ко ќе играат да купат пренос, не некоја саглам фудбалска лига ќе емитуваат или Формула 1 или што ти ја знам...
 
Член од
15 јули 2007
Мислења
14.892
Поени од реакции
7.569
МРТ 5 технички проблеми. Логото го нема, а два пати се изгуби све па пуштија плава слика :pos:
 
Последно уредено:
Член од
25 септември 2009
Мислења
793
Поени од реакции
368
Има ли некаде онлајн стрим од новите канали?
 
Kajgana Shop

На врв Bottom