МПЦ не благословува бебе од епрувета!

Член од
3 декември 2007
Мислења
2.681
Поени од реакции
182
Раѓање деца со методот на вештачко оплодување претставува грев и не е во согласност со Божјите закони, вели Ратомир Гроздановски, декан на Богословскиот факултет.

Раѓање деца со методот на вештачко оплодување претставува грев и не е во согласност со Божјите закони, предупредува Македонската православна црква, како реакција на неодамна донесениот закон во земјава. Советот на Православниот богословски факултет „Свети Климент Охридски“ со соопштение укажува дека тоа може да доведе до манипулација со човекот. Стерилните брачни заедници, чија бројност е се' поголема, не се последица на биолошката еволуција на човекот. Тие се предизвикани од трансформацијата на природната средина чиј краен резултат е еколошката катастрофа. За ширењето на неплодноста придонесуваат абортусите и ширењето на инфекциите - потенцираат професорите од Богословскиот факултет на МПЦ.

Пациентите и лекарите ја разбираат реакцијата на МПЦ, но изјавуваат дека во вештачкото оплодување гледаат спас за проблемите околу добивањето потомството. Знам дека Црквата се раководи од своето учење кое забранува и абортуси. Но, јас не можев да добијам дете по природен пат. Има надворешни причини зошто не можев да останам бремена, но требаше ли да чекам да се средат сите тие проблеми за да добијам дете. Тогаш ќе беше веќе доцна - вели 38-годишна скопјанка. Д-р Глигор Димитров од Клиниката за гинекологија смета дека лекарите мора да им помагаат на пациентите што имаат здравствени проблеми:

- Кога се врши вештачко оплодување, ние не навлегуваме во верските убедувања на луѓето. Би биле најсреќни кога кај никого не би постоеле проблемите да добие потомство. Но кога проблемот е тука, треба да се помогне. Јас учествував во пишувањето на нашиот закон и тој е правен според практиката на многу европски земји во кои и покрај силната позиција на Црквата, е дозволено вештачкото оплодување. Во земјава, секоја година се вршат значителен број вештачки оплодувања. Скопската болница „Мала Богородица“ неодамна се пофали дека во изминатите седум години помогнала во раѓањето на 650 бебиња преку ин-витро постапката. Осветувањето по повод почнувањето со работа на оваа болница го изврши лично поглаварот на МПЦ, архиепископот г.г. Стефан. Ратомир Гроздановски, декан на Факултетот, објаснува дека вештачкото оплодување е поврзано и со други гревови: Да се создаде тоа дете, машкото семе се добива со мастурбација, која е исто така грев. Потоа се оплодуваат повеќе ембриони за од нив да се изврши селекција кои ќе продолжат да живеат. Вишокот на оплодените ембриони, во кои е зачнат животот, едноставно се убиваат. До потомството треба да се дојде преку телесна и духовна чистота, со покајание и обраќање кон Бога - вели Гроздановски.Тој додава дека Црквата нема да презема посебни мерки спрема верниците што извршиле вештачко оплодување бидејќи „сите сме грешни и гревовите треба да се одбегнуваат“.

Извор

Ме интересира дали верниците го подржуваат овој став. Mислам дека до сега немало толку остар став, што слободно може да се каже дека ја нарушува човечката слобода во однос на тоа дали може да имаат свои потомци.
А што е уште поинтересно е тоа што ова најмногу ќе ги погоди нивните поданици, верниците.
 

\m/arko

A place where the beer flows like wine...
Член од
15 јануари 2008
Мислења
6.357
Поени од реакции
789
до сеа значи сите во пеколот ќе гореа, нема кој не маструбира ццц
свашта
 

burn84

Говорете Македонски
Член од
4 февруари 2006
Мислења
6.579
Поени од реакции
1.500
МПц и сите други цркви и религии млатат празна слама. Во иднина ќе се измисли лек пртов сида, а тие ќе излезат со став дека смрта бил господова одлука и тие луѓе мора да умрат.
 

Apokalipto

Tredici
Член од
4 март 2007
Мислења
15.576
Поени од реакции
2.585
Сума сумарум за да добие "благослов" бебето мора да се изделка рачно а??
Епа кој е заинтересиран за вечен благослов на потомствот нека практикува олд скул тактик.
А ако не бива нека повика поп да му изделка (овие бетмените на тоа ја тераат работата)
 

\m/arko

A place where the beer flows like wine...
Член од
15 јануари 2008
Мислења
6.357
Поени од реакции
789
Сума сумарум за да добие "благослов" бебето мора да се изделка рачно а??
Епа кој е заинтересиран за вечен благослов нека практикува олд скул тактик.
мило ми е што сум атеиста:helou:
 

CafeDelMar

Luminance
Член од
29 октомври 2007
Мислења
6.502
Поени од реакции
14.677
А ако неможам јас природно да останам бремена,благословот од МПЦ ќе ме оплоди?
Неможам да го прифатам објаснувањето на црквата од проста причина што неможе луѓето да живеат без потомство затоа што било грев,а кога би бил само тој грев што ќе го прават луѓето навистина би биле безгрешни.
 

Apokalipto

Tredici
Член од
4 март 2007
Мислења
15.576
Поени од реакции
2.585
А ако неможам јас природно да останам бремена,благословот од МПЦ ќе ме оплоди?
Не бе благослов - ќе ти пуштат поп за таа намена (најверојатно по каталог ќе се одбираат - сакаш плав црн црвен).
 
Член од
22 февруари 2008
Мислења
376
Поени од реакции
15
А ако неможам јас природно да останам бремена,благословот од МПЦ ќе ме оплоди?
Неможам да го прифатам објаснувањето на црквата од проста причина што неможе луѓето да живеат без потомство затоа што било грев,а кога би бил само тој грев што ќе го прават луѓето навистина би биле безгрешни.
А да си усвоиш некое напуштено детенце? И ним им требаат ТАТО и МАМА!

И тоа е решение!

Благослов:smir:
 

CafeDelMar

Luminance
Член од
29 октомври 2007
Мислења
6.502
Поени од реакции
14.677
А да си усвоиш некое напуштено детенце? И ним им требаат ТАТО и МАМА!

И тоа е решение!

Благослов:smir:

Добро.Јас сум стерилна и идам да си посвојам детенце.И уште неколку ко мене ќе го направат тоа,во ред.Само земи прелистај статистика колку неплодни жени/девојки има во Македонија,а колку деца за посвојување има во домовите,па после мислам дека нема да можеш да се маваш во гради колку паметна работа кажа.
 

Apokalipto

Tredici
Член од
4 март 2007
Мислења
15.576
Поени од реакции
2.585
А да си усвоиш некое напуштено детенце? И ним им требаат ТАТО и МАМА!

И тоа е решение!

Благослов:smir:
Напуштеното детенце имало ТАТО (анноун) и МАМА (ноун ама ран авеј) па нели е тоа грев за детето и за ТАТО кој го склесал и МАМА која го снесла и избегала????

Кафе дел Мар прашува зошто нејзино (лично нејзино) дете не би добило благослов па да мора за таа намена да си земе некое кое го изгубило најголемиот благослов ТАТО и МАМА.

"Амин" на Благословот .
 
Член од
22 февруари 2008
Мислења
376
Поени од реакции
15
Добро.Јас сум стерилна и идам да си посвојам детенце.И уште неколку ко мене ќе го направат тоа,во ред.Само земи прелистај статистика колку неплодни жени/девојки има во Македонија,а колку деца за посвојување има во домовите,па после мислам дека нема да можеш да се маваш во гради колку паметна работа кажа.
Нит се МАВАМ, нит се ПРАВАМ паметен МОМЕ, туку само дадов предлог.
Остај ги ти статистиките. Оди во дом за деца и ќе видиш дека нема баш многу гужва за посвојување.

Секој нека си прави што сака и секој ќе си одговара за себе.
 

Apokalipto

Tredici
Член од
4 март 2007
Мислења
15.576
Поени од реакции
2.585
Нит се МАВАМ, нит се ПРАВАМ паметен МОМЕ, туку само дадов предлог.
Остај ги ти статистиките. Оди во дом за деца и ќе видиш дека нема баш многу гужва за посвојување.

Секој нека си прави што сака и секој ќе си одговара за себе.
И еве сум пак јас како дрвен адвокат ама МОРАМ.... абе Христе ме прочита погоре што те прашав/кажав што ќе коментираш на тоа??
 

CafeDelMar

Luminance
Член од
29 октомври 2007
Мислења
6.502
Поени од реакции
14.677
Нит се МАВАМ, нит се ПРАВАМ паметен МОМЕ, туку само дадов предлог.
Остај ги ти статистиките. Оди во дом за деца и ќе видиш дека нема баш многу гужва за посвојување.

Секој нека си прави што сака и секој ќе си одговара за себе.
Неможам да ги оставам статистиките,како да ги оставам кога 3 пати повеќе има стерилни луѓе одколку деца за посвојување(вклучувајќи ги и болните деца).Јас не сум била во дом лично за мене и нема ни да отидам зошто ако сум стерилна,скраја да е,ќе родам дете инвитро од проста причина што моја роднина чекаше 14 години за дете од дом.
Епа Христијанину јас немам 14 години од животот да посветам да чекање и плачење.
Тебе поголем грев ти е да родам МОЕ дете или да оставам МОЕ дете во дом на милост и немилост?
 
Член од
3 декември 2007
Мислења
2.681
Поени од реакции
182
А да си усвоиш некое напуштено детенце? И ним им требаат ТАТО и МАМА!

И тоа е решение!

Благослов:smir:
Постои можност да дошло до некаква расправија и разделба на родителите за време на бременоста и такво "бебе од епрувета" да заврши како напуштено детенце, и што тогаш?
 

Apokalipto

Tredici
Член од
4 март 2007
Мислења
15.576
Поени од реакции
2.585
Јас не сум била во дом лично за мене и нема ни да отидам зошто ако сум стерилна,скраја да е,ќе родам дете инвитро од проста причина што моја роднина чекаше 14 години за дете од дом.
Ами благослов ??? Ќе се снајде детето без благослов ?? :pos:
 

Kajgana Shop

На врв Bottom