Io Sono Cattolico, ние злостор правевме во некои дамнешни времиња.... сега на темава што да ви кажам!? Беспари е опелото те мисата за умрените што би рекле Христијанскиот погреб, исто така и поменот во Црква и тн. Односно во Црква доколку сакаш и имаш ќе дадеш (200-300-500 Денари за Црквата). Доколку не дадеш никој ништо нема да ти замери, најмалку да ти побара! На гробишта, нема ни збор за плаќање!...
Мајка ми беше Православна (Бог да ја прости), почина лани таа, па ја погебавме се разбира со сите Православни црковни обичаи, нели... не само погребот, туку ги направивме како што е редот сите Православни помени: 40 дена 6 мес. година дена, во меѓувреме 2 задушници (зимска летна).... нема да ми верувате колку пари дадов на свештените лица! Ова е сосема погрешно и не е во ред! Се прашувам како очекуваат да им плати некој што нема... а реално во Македонија со 350,000 невработени, со мал милион работници кои или не земаат редовно плата, или земаат за да преживеат, со кризава која ја живееме со години... да скратам: со огромната мизеријата посочена на листата на "The Economist" .... ова воопшто не е фер!
Папата можеби вози ‘‘Папа-мобил‘‘ од милион Евра, додека милиони деца во светот гладуваат! И тоа не е фер... но верувајте овие овдека свештеници, од најнискиот во кастата па се до Монсињор Киро Стојанов, Бискупот нели на Кат Црква во Мк..... живеат скромно, дури и премногу скромно - сходно на времето и на стандардот на верниците нивни. И да имаат, не ме интересира од каде им се: Од Ватикан, од Илуминати, од конквистадорите Торкемада или Кортез... Не ми е битно! Битно е дека од мене и од верниците не им се тие пари! Ниту од имоти или рентања, бизниси во Мк и тн... Тоа е сигурно, барем она малку што го имаат не е од дерење на верниците!.... Татко ми кој беше Католик кога почина пред 4 г. го погребавме со сите христијански обичаи, без тоа НИШТО да ме чини. Дојде на гробишта специјално за својот верник Свештено лице и ја обави погребната церемонија..... Моја воља беше што во Црква по мисата умреница "Requiem Aeternam" посветена на мојот родител им дадов за Црквата симболична сума 500 Ден, а ќе повторам без никој да ми побара или да ми каже дека по тарифник сум должен толку и толку... Исто и на задушница! Треба ли да кажам дека за благословење на гробот и молитва за умрените, тарифата е ‘‘О‘‘ нула!
Многу неморално е и крајно револтирачки сега кога половина народ практично на работ на егзистенцијата, да не кажам на опстанокот, бидејки голем дел од него гладува....Свештениот клер да живее во раскош и благосостојба! Тие времиња би требало да се зад нас!