МПЦ - ПОА ужива во даночниот рај кој и го овозможи државата

leandra

Модератор
Член од
25 јануари 2007
Мислења
23.641
Поени од реакции
38.562
Незнам дали ИВЗ има ценовник, од МПЦ си имаат ценовник и за тоа треба да данок да се плати, а ако даваш како поклон или од душа т.е од милосрдие и колку сакаш тогаш тоа не е оданочено.
Тоа е разликата во дали да е оданочено или не.
Ако имаш информации дали ИВЗ си наплаќа по ценовник или живее од милосрдието на верниците, може да споделиш?
Имаат како немаат. И нивните верници се жалат. Се е со тарифи. Не за џабе имаше тепачки за превласт во ИВЗ.
Стефчо наш Љупчо го постави, по партиска линија „избравме“ архиепископ. Што сакаш да не те краде.
 

Ivica^

Confident Liar
Член од
14 август 2007
Мислења
11.424
Поени од реакции
16.719
Имаат како немаат. И нивните верници се жалат..
Се зезаш?
Кај смеат да се пожалат бе, една поплака и до шесто колено ќе им биде забрането влез у џамија.
 

leandra

Модератор
Член од
25 јануари 2007
Мислења
23.641
Поени од реакции
38.562
Се зезаш?
Кај смеат да се пожалат бе, една поплака и до шесто колено ќе им биде забрането влез у џамија.
Да, тие во Гургулица :icon_lol:
Во Скопје и те како се жалат и плукаат. Муабетов во 7.38 сабајле ИВЗ и МПЦ, ќе тргне денов:)
 

Ivica^

Confident Liar
Член од
14 август 2007
Мислења
11.424
Поени од реакции
16.719
Да, тие во Гургулица :icon_lol:
Во Скопје и те како се жалат и плукаат. Муабетов во 7.38 сабајле ИВЗ и МПЦ, ќе тргне денов:)
Гургурница :icon_lol:
Можда, ја до сега неам видено јавно вака жалби и поплаки. А и никој на темава не се појави да го каже проблемот од другата страна.

Муабетов изглеа ради Рамазанов актуелен е :icon_lol:
 

leandra

Модератор
Член од
25 јануари 2007
Мислења
23.641
Поени од реакции
38.562
Гургурница :icon_lol:
Можда, ја до сега неам видено јавно вака жалби и поплаки. А и никој на темава не се појави да го каже проблемот од другата страна.

Муабетов изглеа ради Рамазанов актуелен е :icon_lol:
Не им стои Гургуница, треба да се прекрстат во Гургулица (така го запомнив имево) :icon_lol:
 
Член од
6 јули 2011
Мислења
3.829
Поени од реакции
7.711
Може ќе бидам офтопик, ама мнпгу ме нервира кога ќе чујам дека на Црквата и вратиле имот?!
Од каде и е имотот на Црквата?
Тоа што некој бараба цар, крал, претседател, премиер го украл од другите и и го дал на Црквата?!
 

Staufer

Драган Богдановски
Член од
17 јануари 2008
Мислења
16.545
Поени од реакции
22.217
Не ме чуди, исекоа еден дел од шумата кај Манастирот Св. Пречиста Кичевско и ги продадоа дрвата...еј замислете од кога не е чепната па сега поради бизнис се сече таа шума. Срамота.
 
Член од
14 мај 2009
Мислења
1.581
Поени од реакции
1.853
Io Sono Cattolico, ние злостор правевме во некои дамнешни времиња.... сега на темава што да ви кажам!? Беспари е опелото те мисата за умрените што би рекле Христијанскиот погреб, исто така и поменот во Црква и тн. Односно во Црква доколку сакаш и имаш ќе дадеш (200-300-500 Денари за Црквата). Доколку не дадеш никој ништо нема да ти замери, најмалку да ти побара! На гробишта, нема ни збор за плаќање!...
Мајка ми беше Православна (Бог да ја прости), почина лани таа, па ја погебавме се разбира со сите Православни црковни обичаи, нели... не само погребот, туку ги направивме како што е редот сите Православни помени: 40 дена 6 мес. година дена, во меѓувреме 2 задушници (зимска летна).... нема да ми верувате колку пари дадов на свештените лица! Ова е сосема погрешно и не е во ред! Се прашувам како очекуваат да им плати некој што нема... а реално во Македонија со 350,000 невработени, со мал милион работници кои или не земаат редовно плата, или земаат за да преживеат, со кризава која ја живееме со години... да скратам: со огромната мизеријата посочена на листата на "The Economist" .... ова воопшто не е фер!
Папата можеби вози ‘‘Папа-мобил‘‘ од милион Евра, додека милиони деца во светот гладуваат! И тоа не е фер... но верувајте овие овдека свештеници, од најнискиот во кастата па се до Монсињор Киро Стојанов, Бискупот нели на Кат Црква во Мк..... живеат скромно, дури и премногу скромно - сходно на времето и на стандардот на верниците нивни. И да имаат, не ме интересира од каде им се: Од Ватикан, од Илуминати, од конквистадорите Торкемада или Кортез... Не ми е битно! Битно е дека од мене и од верниците не им се тие пари! Ниту од имоти или рентања, бизниси во Мк и тн... Тоа е сигурно, барем она малку што го имаат не е од дерење на верниците!.... Татко ми кој беше Католик кога почина пред 4 г. го погребавме со сите христијански обичаи, без тоа НИШТО да ме чини. Дојде на гробишта специјално за својот верник Свештено лице и ја обави погребната церемонија..... Моја воља беше што во Црква по мисата умреница "Requiem Aeternam" посветена на мојот родител им дадов за Црквата симболична сума 500 Ден, а ќе повторам без никој да ми побара или да ми каже дека по тарифник сум должен толку и толку... Исто и на задушница! Треба ли да кажам дека за благословење на гробот и молитва за умрените, тарифата е ‘‘О‘‘ нула!
Многу неморално е и крајно револтирачки сега кога половина народ практично на работ на егзистенцијата, да не кажам на опстанокот, бидејки голем дел од него гладува....Свештениот клер да живее во раскош и благосостојба! Тие времиња би требало да се зад нас!
 

Kajgana Shop

На врв Bottom