Полициските станици нема да работат навечер?
Клуч на вратите на полициските станици во Скопје навечер и за викендите. Со новиот начин на работа на полицијата, полициските станици во Скопје работат од 6 наутро до 10 навечер, а за викендите не работат воопшто.
Според полициските службеници кои говорат за ова, станиците навечер се заклучуваат, а пред нив има само полициски службеник во чуварница кој ќе ги сослушува граѓаните. Доколку после 10 часот или за викенд ве ограбат, нападнат, ви се заканат нема да одите во полициска станица.
Сега доколку граѓаните во вечерните часови имаат потреба од полиција ќе мораат да отидат во единствената дежурна полициска станица во цело Скопје, или да се јават на бројот 192.
Министерството за внатрешни работи ја потврдува информацијата, и велат дека ова е дел од новиот начин на работа најавен од министерката за внатрешни работи пред некој месец. Повеќе детали ќе соопштеле утре. Граѓаните велат дека прв пат слушаат за ова и дека се непријатно изненадени.
Не би требало да биде затворена, ако има некои проблеми да се пожалам што да правам – велат едни, времето ќе покаже дали е добро или лошо, велат други, додека друг граѓанин на Скопје вели - не е паметна работа.
Полициските службеници велат дека се револтираи од ова, бидејќи по скратувањето на патните трошоци, сега им се скратуваат и ноќните дежурства. Вака платите може да им бидат помали и за 4 илјади денари.
http://www.fakulteti.mk/news/12-07-27/policiskite_stanici_nema_da_rabotat_navecher.aspx
--- надополнето: 27 јули 2012 во 13:40 ---
Полициските службеници велат дека се револтираи од ова, бидејќи по скратувањето на патните трошоци, сега им се скратуваат и ноќните дежурства. Вака платите може да им бидат помали и за 4 илјади денари.
Гладен пес е лош чувар тоа сигурно им е познато, ама изгледа сме во поголема криза отколку реално што се прикажува.