МАКЕДОНИЈА И ГРЦИЈА ЌЕ СЕ СООЧАТ ВО ХАГ НА 21 МАРТ

Член од
13 октомври 2007
Мислења
3.175
Поени од реакции
434
Мислам дека Грција ќе излезе како победник, и сметам дека што и да пресуди Судот на правдата нема да има никаква промена на релацијата Скопје-Атина...Алијансата во заклучоците јасно нагласи дека, решавањето на спорот со името е критериум за членството на Македонија во НАТО, ова се дел од тезите кои Судот ги слушаше грчките адвокати.
Абе гркоманче фати си тема со бугарофилчињата може некој и ке те есапи...
Немаме ние никаква потреба на релација со Атина ,си имаме Шутка и наши цигани ,што ке ни се други цигански релации..
 
Joakim

Skopjanecot
Член од
17 јули 2008
Мислења
534
Поени од реакции
71
Мислам дека Грција ќе излезе како победник, и сметам дека што и да пресуди Судот на правдата нема да има никаква промена на релацијата Скопје-Атина...Алијансата во заклучоците јасно нагласи дека, решавањето на спорот со името е критериум за членството на Македонија во НАТО, ова се дел од тезите кои Судот ги слушаше грчките адвокати.

Не сум правник но од она што јас разбрав , предмет на оваа расправа не е дали името било или не било критериум за членство туку дали Грција го прекршила членот 11 од Времената Спогодба. Грчките адвокати ги објаснуваа НАТО процесите за прием , го убедуваа Судот дека ние не сме ја почитувале Спогодбата но јас не слушнав да го негираат главното тужбено барање.Напротив , тие тоа го оправдуваа .

Додека за Македонија навистина резултатот и не е од некое значење за исходот на спорот што го имаме , Грција е таа што има што да загуби со оваа тужба .
Од она што можеше да се прочита по медиумите - тие уште од сега навестуваат дека одлуките на НАТО ги сметаат за повисоки од тие на Меѓународниот Суд на Правдата.
Е тогаш ќе биде доста интересно . Што ако во блиска иднина им затребаат услугите на судот,еве на пример Турција го оспори територијалниот интегритет на островите од егејското крајбрежје........ математиките може доста гнасно да им удрат по нивна глава .

http://en.wikipedia.org/wiki/Imia/Kardak

ете толку од НАТО солидарноста и вземно добрососедски односи што вчера како на ‘релевантен‘ доказ ни беше посочено....

И на крајот сепак мора да се земе и во предвид дека за грци станува збор и секоја прилика на Светот да му се покаже дека Graeca fides, nulla fides , не смее да биде пропуштена од наша страна .

--- надополнето ---

Пелe: Ако судот пресуди во корист на Македонија, тоа ќе значи мешање во спорот за името

....."двајцата застапници главно ги бранеа тезите зошто судот нема јуриздикција да постапува во овој случај. Ако би одлучил во корист на Македонија вели Пелe тогаш значи дека судот се меша во политички процес каков што е процесот за прашањето на името, а тоа директно атакува на опсегот на јуриздикција на палатата на правдата во Хаг."

A ако не одлучи во корист на Македонија , тогаш веројатно ќе има јуриздикција ....:tv:

ВРЕМЕНАТА СПОГОДБА МАКЕДОНИЈА-ГРЦИЈА, 1995 ГОДИНА

Article 21

1. The Parties shall settle any disputes exclusively by peaceful means in accordance with the Charter of the United Nations.

2. Any difference or dispute that arises between the Parties concerning the interpretation or implementation of this Interim Accord may be submitted by either of them to the International Court of Justice, except for the difference referred to in Article 5, paragraph 1.

http://www.mfa.gov.mk/default1.aspx?ItemID=392
 
S

Sagan

Гостин
„Обврската за преговарање од членот пет на времената спогодба може да се окарактеризира на следниот начин. Мора да се преговара со добра волја, второ мора да доведе до резултат, за да дојде до решение, разликата се однесува на името на подносителот на тој случај. Има многу одлуки кои се однесуваат на обврската за преговарање меѓутоа тие може да се сумираат на следниот начин. Страните може да преговараат со добра волја со намера да успеат, не само со формално учество туку со суштински пристап кон преговорите“ рече професорот Алан Пеле, кој оддаде дека обврската на Македонија е уште поголема, таа имала обврска да постигне и договор.
Договорот не е временски ограничен. Спогодбата не вели дека “страните мора да се договорат до 2005, 2010, 2020...“
Според Спогодбата, ние сме должни да преговараме. Не да ги исполнуваме налудничавите барања на Елада.

Македонија не е иницијатор на овој глупав спор. А сепак во Букурешт отидовме со наведната глава и прифатен предлог за име Република Македонија - Скопје.
Епа сега, не знам кој не ја почитувал Спогодбата.

Знаат Елиниќаните дека ако влеземе во НАТО како ПЈР Македонија, ќе бидеме еднакви и нема да можат да не уценуваат.
И нивен проблем не е името, туку идентитетот и јазикот. Тоа иде во пакет.

Епа, така не може!
HEIL Macedonia! :)

--- надополнето ---

Еве ја гуската... Плука против македонското малцинство во Елада, го нарекува “така наречено“.
Се повикува на иредентизам и територијални претензии на Македонија кон Егејска Македонија.

Судијата веќе треба да знае со кого си има работа.
 
TpH_Bo_OkO

Трноризец
Член од
18 мај 2005
Мислења
11.537
Поени од реакции
878
Знае некој што добиваме ние ако судот пресуди (со сета надеж) во наша полза?
 
S

Sagan

Гостин
Сме го преименувале аеродромот, стадионот, автопатот, плоштадот во Гази Баба...

Па каде во Спогодбата е забрането да се користат имиња на било кој?

--- надополнето ---

Знае некој што добиваме ние ако судот пресуди (со сета надеж) во наша полза?
Судот ќе и наложи на Елада на нареден Самит на НАТО да не го попречува влезот на Македонија во НАТО заради отворен спор за името.

И така стандардите и условите за влез беа исполнети уште 2008.
 
Член од
30 ноември 2007
Мислења
7.140
Поени од реакции
4.859

Леле друже грчката страна тепа , сега слушам , ги истакнуваат знамињата што се употребуваа , со кои се навлегува во грчки територии , во некои случаи се работи за проекти подржани од власта. Употреба на знамето со сонцето на Вергина , кое не смее да се употреби , во манифестации организирани од власта.
Именувањето на аеродромот , автопатот , стадионот ...споменици насекаде со сонцето на Вергина ...

Ете што ти прави лош политичар , глупаци , па влези прво у НАТО и ЕУ , па после гради споменици и триста чуда , осигурај си го гзот првин. Се нафатија на споменици , енциклопедии ... ем вантрешен немир национален-верски создадоа ем оштетиле државни интереси.

Ако не беше оваа власт , за кој к*р ќе се фатеа грците ? Македонче , све што личи на патриотизам , не мора да е патриотизам.
 
Сонцето од Кутлеш не смее да се употребува на официјални објекти и на официјални настани, да. Ова “официјални настани“ не значи дека јас, како граѓанин немам право со тоа знаме да отидам на 2 Август на Мечкин Камен и да го веам тоа знаме, туку на бината каде некој од делегацијата ќе говори, не смее да го има тоа знаме. Кој може мене да ми каже кое знаме да вејам? Овде никаде нема прекршување.

Друго. Именувањата на аеродроми, стадиони, плоштади и сл. не се предмет на Времената спогодба.

На лавовите на мостот Делчев имаше сонца, реагираа од елиниќанскиот конзулат и ГИ СИМНАВМЕ. За жал. Ама ќе заврши и оваа лакрдија, па насекаде ќе ги има потоа.

Инаку, аргументите на Дедо Мразов што сега говори, дека Елада имала право да блокира оти ние први сме ја прекршиле спогодбата, па затоа Спогодбата можела да се прекине... ќе речам:

АЈДЕ ВЕЌЕ ЕДНАШ ДА ЈА ПРЕКИНЕМЕ СПОГОДБАТА!!!
 
Joakim

Skopjanecot
Член од
17 јули 2008
Мислења
534
Поени од реакции
71
Леле друже грчката страна тепа , сега слушам , ги истакнуваат знамињата што се употребуваа , со кои се навлегува во грчки територии , во некои случаи се работи за проекти подржани од власта. Употреба на знамето со сонцето на Вергина , кое не смее да се употреби , во манифестации организирани од власта.
Именувањето на аеродромот , автопатот , стадионот ...споменици насекаде со сонцето на Вергина ...

Ете што ти прави лош политичар , глупаци , па влези прво у НАТО и ЕУ , па после гради споменици и триста чуда , осигурај си го гзот првин. Се нафатија на споменици , енциклопедии ... ем вантрешен немир национален-верски создадоа ем оштетиле државни интереси.

Ако не беше оваа власт , за кој к*р ќе се фатеа грците ? Македонче , све што личи на патриотизам , не мора да е патриотизам.
Прашање е колку тие докази се релевантни, како што кажа професорот Филип Сандс на почетокот на усната расправа , грците прво ги приложиле па решиле да ги повлечат за на крај конечно да се решат да ги приложат. Тој тоа го образложи како очигледен знак на очај на одбраната.
Исто така прашање е дали грција официјално протестирала за настаните или на нив сега ‘се сетила‘ .Ако добро се сеќавам нашето МНР изјави дека на секој официјален протест реагирале благовремено!

....‘‘Грчки протести за проектот Скопје 2014 биле испраќани и на адреса на МНР во Скопје. Од министерството тврдат дека дека досега секогаш преземале мерки доколку тие биле оправдани. За релјефите под спомениците на лавовите на мостот „Гоце Делчев“ во консултација со Министерството за култура е констатирано дека нема прекршувања споменати во привремената спогодба меѓу Македонија и Грција...‘‘

http://www.telma.com.mk/index.php?task=content&cat=1&rub=62&item=5256

Ако нивен главен аргумент за ирендентизам е сликата на Голема Македонија на гробот на Гоце Делчев кога Груевски положи венец, тогаш песните што ги пееја на воената парада пред Папуљас што се ?!?!

Не знам дали сум пристрасен или не ама овие докази се чиста ПАТЕТИКА.
 
S

Sagan

Гостин
Обединети Нации

Времена Спогодба меѓу Република Грција и Република Македонија

Њуjорк, 13 Септември 1995​

Член 7

1. Секоја Страна ќе превземе брзи и ефикасни мерки да забрани непријателска активност и пропаганда од агенции контролирани од државата и да обесхрабри акти од приватни ентитети кои повикуваат на насилство, омраза и непријателство спрема другата страна.

2. Со стапувањето во сила на оваа Привремена Спогодба, Втората Страна ќе престане да го користи на каков било начин, симболот прикажан на нејзиното национално знаме до пред влегувањето во сила на оваа Спогодба.

3. Ако која било Страна смета дека еден или повеќе симболи кои претставуваат дел од нејзиното историско или културно наследство се користени од другата Страна, таа ќе и’ го предочи тоа на другата Страна, и другата Страна ќе превземе соодветни корективни активности или ќе објасни зошто не смета за потребно тоа да го стори.
Став 2 забранува ова:

а не и ова:

Став 3 се однесува за СИМБОЛИ, а не за името на Александар или Филип.
 
Scirea

ZARDOZ
Член од
4 август 2010
Мислења
26.665
Поени од реакции
81.831
Прашање е колку тие докази се релевантни, како што кажа професорот Филип Сандс на почетокот на усната расправа , грците прво ги приложиле па решиле да ги повлечат за на крај конечно да се решат да ги приложат. Тој тоа го образложи како очигледен знак на очај на одбраната.
Исто така прашање е дали грција официјално протестирала за настаните или на нив сега ‘се сетила‘ .Ако добро се сеќавам нашето МНР изјави дека на секој официјален протест реагирале благовремено!

....‘‘Грчки протести за проектот Скопје 2014 биле испраќани и на адреса на МНР во Скопје. Од министерството тврдат дека дека досега секогаш преземале мерки доколку тие биле оправдани. За релјефите под спомениците на лавовите на мостот „Гоце Делчев“ во консултација со Министерството за култура е констатирано дека нема прекршувања споменати во привремената спогодба меѓу Македонија и Грција...‘‘

http://www.telma.com.mk/index.php?task=content&cat=1&rub=62&item=5256

Ако нивен главен аргумент за ирендентизам е сликата на Голема Македонија на гробот на Гоце Делчев кога Груевски положи венец, тогаш песните што ги пееја на воената парада пред Папуљас што е ?!?!

Не знам дали сум пристрасен или не ама овие докази се чиста ПАТЕТИКА.

:drk:
 
Bratot

Стоик и Машкртник!
Член од
27 јануари 2007
Мислења
17.089
Поени од реакции
4.498
Знае некој што добиваме ние ако судот пресуди (со сета надеж) во наша полза?

Добиваме Трн во Око! :)

Односно, доколку ние го добиеме процесот врз основа на pacta sunt servenda(договорите се исполнуваат) и член 11 од Времената согласност, тогаш Грција ќе не тужи и ќе не победи подоцна со истиот pacta sunt servenda(со наши камења по наша глава) и со член 5, став 1 од Времената согласност(„…со намера да постигнат договор…“).

Значи, Грција како главен аргумент во својата тужба подоцна(доколку ние одбиваме да го смениме името) ќе ја истакне пресудата со која загубила од Македонија, и врз основа на пресудениот случај ќе ја принуди Македонија на pacta sun servenda = промена на име.

Глупавиот Милошоски со изјавата што ја даде, само потврдува дека самите си ставаме јаже околу вратот.

Како може да ја тужиме Грција за неисполнување на договорот, односно да се залагаме за исполнување на истиот, кога тој ни налага промена на името.

На прв впечаток, мислев дека оваа тужба ќе биде искористена за прекин, за докажување ништовност на Интерим Акордот, кој ги крши основните принципи на меѓународното право ius cogens и автоматски е неважечки.

П.С. Како и да е Трну, резервирај си време следната недела да се видиме :)
 
S

Sagan

Гостин
Еве дел од мерките, кои еден дневен весник преку свои блиски извори од власта, ги објави како контрамерки против ветото во Букурешт:

1. Официјално ќе се прекине времената спогодба и нејзината важност ќе престане да постои. Воедно ќе прекинат сите понатамошни преговори за името.

2. Ќе се упати официјално барање до ООН за признавање под уставното име. Ќе започне правна процедура за истото. Зeмјата ќе се обрати до Советот за безбедност или до Генералното Собрание, или пак до двете доколку се оцени дека така е најдобро.

3. Во земјата ќе се организира референдум за задржување на уставното име на кој сите граѓани ќе излезат да гласаат, со цел на било кој сегашен и иден полиичар на висока функција да му биде оневозможено да помисли за варијанта промена на уставното име како опција.

4. Ќе започне процедура за враќање на старото знаме, имајќи в предвид дека промената на знамето не допринела за намалувње на проблемот со името. Имајќи го в предвид и фактот дека и Македонците и Албанците имаат пиетет кон Александар Велики и го чувствуваат за свој, се очекува идејата да биде прифатена.

5. Од истите причини ќе започне процедура за враќање на уставните амандмани кои во 1992 година беа укинати со цел да се одговори на Грција со добра волја.

6. На соодветен начин ќе се започне со правна постапка за малцинското прашање за Македонците во Грција, како и имотните прашања на Македонците со потекло од Егејскиот дел на Македонија.

7. Севкупната пошта која ќе биде испртена со референцата БЈРМ (ФИРОМ) или Поранешна Југословенска Република Македонија ќе биде враќана на испраќачот со назнака дека таква земја не постои и дека поштата залутала во РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА.

8. Стотици улици, патишта, згради, стадиони, спортски сали, плоштади ќе бидат преименувани и ќе го носат името на големите македонски личности од античкиот период. Исто така ќе се изградат голем број нивни споменици во поголем број градови. Ќе се преименуваат и повеќе села и градови.

9. Автопатот од коридорот 10, трасата Табановце-Богородица, ќе се именува како автопат Александар Македонски.

10. Новиот аеродром во Штип, ќе се именува ФИЛИП ВТОРИ.

11. Ќе се подигне нивото на комуникација и ќе се вопсостават поблиски релации со Сeверен Кипар. Ќе се продолжи и ќе се зацврснува сојузништвото со САД и Турција и ќе се разгледа можност за нов вид воен сојуз со овие две земји.

12. На дресовите на македонските спортски репрезентативци ќе има обележја од македонската антика.
Болдираното...
 
Bratot

Стоик и Машкртник!
Член од
27 јануари 2007
Мислења
17.089
Поени од реакции
4.498
Прашање е колку тие докази се релевантни, како што кажа професорот Филип Сандс на почетокот на усната расправа , грците прво ги приложиле па решиле да ги повлечат за на крај конечно да се решат да ги приложат. Тој тоа го образложи како очигледен знак на очај на одбраната.
Исто така прашање е дали грција официјално протестирала за настаните или на нив сега ‘се сетила‘ .Ако добро се сеќавам нашето МНР изјави дека на секој официјален протест реагирале благовремено!

....‘‘Грчки протести за проектот Скопје 2014 биле испраќани и на адреса на МНР во Скопје. Од министерството тврдат дека дека досега секогаш преземале мерки доколку тие биле оправдани. За релјефите под спомениците на лавовите на мостот „Гоце Делчев“ во консултација со Министерството за култура е констатирано дека нема прекршувања споменати во привремената спогодба меѓу Македонија и Грција...‘‘

http://www.telma.com.mk/index.php?task=content&cat=1&rub=62&item=5256

Ако нивен главен аргумент за ирендентизам е сликата на Голема Македонија на гробот на Гоце Делчев кога Груевски положи венец, тогаш песните што ги пееја на воената парада пред Папуљас што се ?!?!

Не знам дали сум пристрасен или не ама овие докази се чиста ПАТЕТИКА.

Тоа не се докази, тоа е обична пропаганда, исто како што самите си печатеа нелегални банкноти со “белата кула“ во 90сетите години и инсинуираа дека ние сме ги дистрибуирале, за да исценираат “иредентизам“, на истиот начин денеска се обидуваат да вметнат оправдување за нивните националистички фрустрации кои ги истураат врз Македонија.

Друга работа, е што Македонија како и секоја суверена држава има ПОТПОЛНО ПРАВО да се нарекува како што сака и да аплицира под кое име сака и тоа е меѓународно заштитено право јус цогенс и ова право е основата на Повелбата на ООН и кое според чл. 103 се применува во случај кога било кои договори се спротивни на одредбите од Повелбата и автоматски ги надгласува, односно во случај кога одредени права и обврски од било кои други меѓународни договори се во спротивност со Повелбата на ООН тие се автоматски неважечки/ништовни и нив ги застапуваат правата определени со јус цоген кои се втемелени во Повелбата, односно, секоја суверена земја има неограничено право да се идентификува и претставува на начинот кој таа го избрала.

П.С. Интерим Акордот е НИШТОВЕН/НЕВАЖЕЧКИ. Како таков, ниту треба да се раскине, уште помалце да се почитува.

П.С.С. Доколку Македонија првин го прифати, со сегашнава тужба, а потоа се обиде да го отфрли како ништовен, ќе загуби, односно ќе мора да го исполни договорот бидејќи самата претходно тужела за негово неисполнување, што означува дека немала никаков проблем.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom