Колку лесно се наоѓа работа? Колку е платена? Прам муабет за оние поедноставните работи: обезбедување (такаречи стражар - со низок ризик), шофер на комбе, касиер во продавинца, бармен. И двајцата со девојка ми зборуваме одлично англиски,па размислуваме да одиме- со бг пасош секако..
Тоа колку за почеток.. па понатаму ќе видиме за повисоки работи по струката.. За да почнеме ќе ни треба нешто поедноставно.
Исто еден пријател го интересриа која е процедурата за брачни партнери од кои едниот има бг пасош а другиот нема- за живот и работа во УК.
Кој град/која област би биле идеални за печалба? т.е највисок однос плата/трошоци.
Гледам има 1 соба за 2ца за 400 фунти месечно.. Во куќа/стан...
Јас сакм Лондон.Само не знам како да селектриам област која би била оптимална.. Под оптимална продразбирам:
-Ниска ќирија и трошоци
-не многу далеку од нормално платени работни позиции
-Апсолутно многу битно да има НИЗОК криминал во населбата, не сакам да се закачам во некое гето кај што ќе се пука секоја вечер.
- Валјда да е близу до супермаркетот оти не планирам да купувам/возам кола во Лондон некое време.
Имаше една алатка неибурхуд тул.. И повеќето "оптимални" соседства се во источен Лондон..
За обезбедување ти треба лиценца која нормално се плаќа.Е сеа за шофер да бараш одма работа а никад не си возел у лондон ќе ти биде ептен тешко и најверојатно често ќе улетуваш у погрешна лента.не знам како си со користење навигација али ќе за возач на комбе обавезно ќе ти треба.
Во маркетите као tesco,asda,sainsbury и други, за повеќето позиции (мислам дека важи и за касиери) се нуди само пола работно време(20 саати неделно).
За келнери би требало најдеш,али зависи некои не примаат без insurance number некои примаат,треба да бидеш упорен.
Работа има насекаде али повеќето се у централен лондон,а таму становите/собите се скапи.
Ова со супермаркетот ми е смешно,сакаш спроти тебе да биде ,само улица да поминеш?
За разлика од мк тука има достава до дома,имаш опција да си нарачаш преку интернет и за 3-4 фунти ти го носат дома,а некои маркети имаат опција и да си пазаруваш директно у маркет,па они да ти го достават до дома,мада вторава опција никад не сум ја користел.
Таа алатка немам појма која ти е али дефинитивно не ја слушај,у источен у југо источен лондон обично е најголемиот криминал затоа и становите се ефтини.Ако сакаш безбедни зони барај север,северо-запад,иако и тука има небезбедни зони.